Промена на македонската химна

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Денес над Македонија е национална химна на Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.[1]
Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии- денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред. Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев[2].
Denes_nad_Makedonija.jpg


Историја на химната

Химната на Македонија е напишана од македонскиот автор Владо Малески, во 1941 година а за прв пат се изведува на пречекот на новата 1942година во Струга во куќата на Сотир Шута. Химната била изведена за прв пат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и струшкиот регион.
За овој настан Малески ќе рече:

„Со оглед на приликите, тоа секаде се прави да не падне во очи пречекот на новата година имаше за цел да се собере младината и под оваа форма да се разговара за претстојниот вооружен отпор против фашизмот. Тогаш се информирав и за нападот на полицискиот участок во Прилеп и нападите во Куманово. Што се однесува на програмата за дочек на нова година јас, Боро Путе и Димче Кошарко, ја подготвивме песната "Денес над Македонија" која набрзо потоа ќе стане најпопуларна песна во цела Македонија и која до ден денеска се одржува како еден вид македонска химна.“
—Владо Малески

Меѓу присутните активисти на народно-ослободителното движење на Македонија бил и блискиот пријател на Малески, Никола Кочоски кој за песната изјавил:
„Бев поканет од мојот другар Јосиф Миса да присуствувам на новогодишната игранка во домот на Сотир Шута. Кога влегов во горните одаи на куќата пријатно бев изненаден од амбиентот во кој се пееше песната ,Денес над Македонија’ за чие име дознав во текот на вечерта. На гитара свиреше и пееше Владо Малески. Песната ја пееше со восхит, а присутните со смиреност го следеа и потпевнуваа. За песната беа изречени многу убави зборови потенцирајќи дека во нејзината содржина е сета македонска историја и иднина. Таквата пријатна атмосфера овозможи и сериозен разговор кога за првпат бевме информирани за успесите во војната што се води против фашизмот, како и за првата вооружена акција на македонските борци со нападите во Прилеп и Куманово“
—Никола Кочоски
Денес сè уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната. Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во 1941 година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подоле ред. Така од првичните „... Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“, денес во химната се спомнуваат „... Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Нема објаснение ни за заменетиот ред од страна на Кочо Рацин „Од гроб станаа славните ѕидари...“ со „Одново сега знаме се веје...“ до која доаѓа при првото објавување на оваа песна во „Македонските народно-ослободителни песни“ во јуни 1943година.
Во „Македонските народно-ослободителни песни“ се спомнуваат имињата на Делчев, Груев, Гули, Сандански и Влахов,[6] односно е избришано името на Никола Карев, а е додадено името на Даме Груев.
Кога се официјализирала химната во 1992 година, меѓу предлозите ја немало изворната химна и поради тоа комисијата не била запозната со тоа.[7] За прв пат химната, официјално, била испеана од триото: Никола Бадев, Васка Илиева и Александар Сариевски.
„Малески рече дека таа строфа гласи: „Од гроб станаа славните ѕидари на Крушовската Република, Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“. Интересно е што тука го нема името на Даме Груев“.
—Симо Младеновски

Текст

Денешна верзија усвоена во 1991Верзија на химната по аранжман на Тодор Скаловски од 1989Оригинална верзија испеана од В. Илиева, Н. Бадев и А. Сариевски
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата,
Македонците се борат
за својте правдини.

Не тажи Македонијо мајко мила
крени глава гордо високо
Македонија слободна
слободна ќе живее.

Одново сега знамето се вее
над Крушевската Република
на Гоце Делчев, Питу Гули
Даме Груев, Сандански.

Горите македонски шумно пеат
бојни песни, нови весници
Македонија слободна
слободно живее.
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее, (Од гроб станаа славните ѕидари)[9]
на Крушовската република!
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
Не плачи Македонијо мајко мила,
Крени глава гордо високо,
Македонија слободна,
слободна ќе живее!
Македонија слободна,
слободна ќе живее!



Превземено од Wikipedia слободна интернет енциклопедија на македонски јазик:
http://mk.wikipedia.org/wiki/Денес_над_Македонија
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ивадок од весник:

Бришењето на Никола Карев од химната!


Не се сеќавам точно, но мислам дека некаде до крајот на педесетите години од минатиот век во македонската химна беше и Никола Карев. Во неа беа Гоце, Даме, Сандански и тој. Подоцна ја слушав химната и се прашував зошто и по чија наредба е избришано неговото име. Сакав да дознаам што се случило во тие седум-осум години по ослободувањето, за чичко ми Никола Карев да биде избришан дури и од химната. Еден ден отидов кај Димче Аџимитрески, кој беше декан на Вишата економска школа и беше близок со власта. Кога му кажав дека сум внук од брат на Никола, ме покани да седнам, ме понуди со кафе и ми кажа како тргнала работата околу бришењето на Карев од химната: ’Во 1953 година, на педесетгодишнината од илинденското востание, Лазо Колишевски не собра во владата мене, Злате Билјановски, Страхил Гигов и уште неколкумина. Се отвори дискусија околу значењето на Илинден, и тогаш некој од присутните, ми се чини Страхил Гигов, предложи Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев и другите да ги прогласиме за Бугари. Тоа го образложи со загриженоста дека ако наводно се продолжи со практиката тие да бидат споменувани како досега и за нив да се пеат толку многу песни, ќе станат поголеми и од нас’, ми рече тогаш Аџимитрески.- вели седумдесет и седум годишниот
-Мише Карев, внук на Никола Карев од братот Ѓорѓи.


---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
150px-Nikola_karev.jpg

Ете го видовте историјатот на химната и се, но меѓутоа сега се испушта еден многу битен дел од нејзе. Заслужено би требало во химната да се најде и името на Никола Карев кое е испуштено и државата да се извини за таа грешка на неговата фамилија. Веќе 20 години пееме за славната Крушевска Република, а во нејзе не се наоѓа името на нејзиниот претседател. Затоа ова јас го сметам како неправда и би сакал да се измени и да се вметне неговото име во современата македоснска химна затоа што и неговото име треба да се најде меѓу другите истотака славни јунаци.
Гоце Делчев, Питу Гули,Даме Груев, Карев, Сандански!
 
Убава тема и јас одамна сакав ваква тема да отворам но мислам дека имаше во форумов некаде ваква слична тема каде беше и поопширно објаснато за промените.

Јас како дете (во дијаспората) ја учев на Македонските часови кој ги имавме во тоа време оваа верзија:

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!

Не плачи Македонијо мајко мила,
крени глава гордо високо.
Македонија слободна,
Слободно ќе живее!
Македонија слободна,
слободно ќе живее!
 
Требало не требало химната денес е таа. А Карев воопшто не е запоставен во денешно ! Напротив сега има и негов споменик пред Собранието. Така што дискусии за евентуални промени се излишни.
 
Требало не требало химната денес е таа. А Карев воопшто не е запоставен во денешно ! Напротив сега има и негов споменик пред Собранието. Така што дискусии за евентуални промени се излишни.
Едно си е споменик друго си е да се наоѓа во химната. Никој не рекол дека е запоставен со споменици, улици, имиња на спортски сали и училишта но меѓутоа глупо е републиката да биде без претседателот. Сепак се ствара некоја погрешна слика ..
 
Едно си е споменик друго си е да се наоѓа во химната. Никој не рекол дека е запоставен со споменици, улици, имиња на спортски сали и училишта но меѓутоа глупо е републиката да биде без претседателот. Сепак се ствара некоја погрешна слика ..
Мој коментар е дека навистина заслужува место во химната но во денешно време да отвараш дебата (не зборамз а тебе и за форумов туку за јавна дебата по да речеме мејнстрим медиуми) за промена на химната ќе заврши кобно, со тоа што покрај Карев во химната ќе мора да се најде место и за Али војвода и хасан приштина. Затоа химната е супер ваква каква што е и никогаш не треба да се менува.
 
мое мислење е дека не треба да има ни едно име во химната. сите овие што се спомнуваат се великани, исто е и карев, ама не се ништо поголеми од карпош, ченто, кузман јосифовски, дедо ило малешевски... кој попрво да го опееме? исто така мислам дека химна со 3 строфи кои се потполно исти во интонацијата е предолга, па ако веќе се менува, може да се направи да биде од две строфи, на пример вака:

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Македонија слободна,
Слободно живее!
Македонија слободна,
слободно живее!
 
како прво Мјолнир е во право, ако се отвори прашање за химната, одма ќе бараат албанците да ставиме во химна нивни личности кои не се дел од македонска историја, туку само од ќејф поради тоа што во последниве 20 години избуткаа до 20%.

Втора работа, точно е и овоа на дарткаран. Ако веќе се ставаат нови имиња, ништо помали не се ниту другите комити, војводи, кралеви и царови, бунтовници и востаници, кои на еден или друг начин се бореле за слободата на Македонија.

Не верувам дека во догледно време некој ќе се осмели да го отвори прашањето за химната.
Моја лична желба е химна на Македонија да си биде онаа старата, од прадеда што се пеела, која денес многу незналици ја препишуваат на бугарите, а не се свесни дека се пее на македонски јазик, јазик кој е променет од Блаже Конески.
Истата химна која се пеела со цело грло на првото заседание на АСНОМ како Македонска химна.
http://www.youtube.com/watch?v=v_a0-WNMn24

И втор дел, не е за химната. Ние сме единствената република од бившата сфрј, која сеуште го чува комунистичкиот грб, време е лавот да си се врати за грб на Македонија, исто како што и срби, словенци и хрвати си се вратија на старите грбови.
Само не е темата за тоа.
 
И втор дел, не е за химната. Ние сме единствената република од бившата сфрј, која сеуште го чува комунистичкиот грб, време е лавот да си се врати за грб на Македонија, исто како што и срби, словенци и хрвати си се вратија на старите грбови.
Само не е темата за тоа.
Заборави на Лавот за секогаш според устав за промена на грб мора да се согласат 50% од пратениците на националностите. Никогаш нема да биде лавот грб. Освен можеби со двоглав орел над него :)
 
Заборави на Лавот за секогаш според устав за промена на грб мора да се согласат 50% од пратениците на националностите. Никогаш нема да биде лавот грб. Освен можеби со двоглав орел над него :)
И тоа не е сигурно Стеф, орелов подолу не верувам дека би го изгласале
byzantineflag.png
 
Гоце Делчев, Питу Гули,Карев,Груев,Сандански......

Е вака би требало да се пее.

Како ќе речиш ти Питу. Смрт или слобода !


Само оваа химна ја респектирам:
(y)

Е, баш ќе ја постирав. Ме интересира историја како настанала а и какво мислење имат во Бугарија денес за Зора на Свободата.
 
Како ќе речиш ти Питу. Смрт или слобода !




Е, баш ќе ја постирав. Ме интересира историја како настанала а и какво мислење имат во Бугарија денес за Зора на Свободата.
Ја користат како адут дека населението било бугарско само затоа што јазикот бил сличен со бугарскиот а била напишана од бугарин. А во химната нигде не се спомнува Бугарија и бугари...
 
Како ќе речиш ти Питу. Смрт или слобода !
Е, баш ќе ја постирав. Ме интересира историја како настанала а и какво мислење имат во Бугарија денес за Зора на Свободата.

Слобода или смрт. :)
Смртта секогаш доаѓа како алтернатива после слободата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom