H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Денес над Македонија е национална химна на Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.[1]Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии- денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред. Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев[2].

Историја на химната
Химната на Македонија е напишана од македонскиот автор Владо Малески, во 1941 година а за прв пат се изведува на пречекот на новата 1942година во Струга во куќата на Сотир Шута. Химната била изведена за прв пат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и струшкиот регион.
За овој настан Малески ќе рече:
„Со оглед на приликите, тоа секаде се прави да не падне во очи пречекот на новата година имаше за цел да се собере младината и под оваа форма да се разговара за претстојниот вооружен отпор против фашизмот. Тогаш се информирав и за нападот на полицискиот участок во Прилеп и нападите во Куманово. Што се однесува на програмата за дочек на нова година јас, Боро Путе и Димче Кошарко, ја подготвивме песната "Денес над Македонија" која набрзо потоа ќе стане најпопуларна песна во цела Македонија и која до ден денеска се одржува како еден вид македонска химна.“
—Владо Малески
Меѓу присутните активисти на народно-ослободителното движење на Македонија бил и блискиот пријател на Малески, Никола Кочоски кој за песната изјавил:
„Бев поканет од мојот другар Јосиф Миса да присуствувам на новогодишната игранка во домот на Сотир Шута. Кога влегов во горните одаи на куќата пријатно бев изненаден од амбиентот во кој се пееше песната ,Денес над Македонија’ за чие име дознав во текот на вечерта. На гитара свиреше и пееше Владо Малески. Песната ја пееше со восхит, а присутните со смиреност го следеа и потпевнуваа. За песната беа изречени многу убави зборови потенцирајќи дека во нејзината содржина е сета македонска историја и иднина. Таквата пријатна атмосфера овозможи и сериозен разговор кога за првпат бевме информирани за успесите во војната што се води против фашизмот, како и за првата вооружена акција на македонските борци со нападите во Прилеп и Куманово“
—Никола Кочоски
Денес сè уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната. Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во 1941 година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подоле ред. Така од првичните „... Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“, денес во химната се спомнуваат „... Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Нема објаснение ни за заменетиот ред од страна на Кочо Рацин „Од гроб станаа славните ѕидари...“ со „Одново сега знаме се веје...“ до која доаѓа при првото објавување на оваа песна во „Македонските народно-ослободителни песни“ во јуни 1943година.Во „Македонските народно-ослободителни песни“ се спомнуваат имињата на Делчев, Груев, Гули, Сандански и Влахов,[6] односно е избришано името на Никола Карев, а е додадено името на Даме Груев.
Кога се официјализирала химната во 1992 година, меѓу предлозите ја немало изворната химна и поради тоа комисијата не била запозната со тоа.[7] За прв пат химната, официјално, била испеана од триото: Никола Бадев, Васка Илиева и Александар Сариевски.
„Малески рече дека таа строфа гласи: „Од гроб станаа славните ѕидари на Крушовската Република, Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“. Интересно е што тука го нема името на Даме Груев“.
—Симо Младеновски
Текст
Денешна верзија усвоена во 1991Верзија на химната по аранжман на Тодор Скаловски од 1989Оригинална верзија испеана од В. Илиева, Н. Бадев и А. Сариевски
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата,
Македонците се борат
за својте правдини.
Не тажи Македонијо мајко мила
крени глава гордо високо
Македонија слободна
слободна ќе живее.
Одново сега знамето се вее
над Крушевската Република
на Гоце Делчев, Питу Гули
Даме Груев, Сандански.
Горите македонски шумно пеат
бојни песни, нови весници
Македонија слободна
слободно живее.
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее, (Од гроб станаа славните ѕидари)[9]
на Крушовската република!
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
Не плачи Македонијо мајко мила,
Крени глава гордо високо,
Македонија слободна,
слободна ќе живее!
Македонија слободна,
слободна ќе живее!
Превземено од Wikipedia слободна интернет енциклопедија на македонски јазик:
http://mk.wikipedia.org/wiki/Денес_над_Македонија
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ивадок од весник:
Бришењето на Никола Карев од химната!
Не се сеќавам точно, но мислам дека некаде до крајот на педесетите години од минатиот век во македонската химна беше и Никола Карев. Во неа беа Гоце, Даме, Сандански и тој. Подоцна ја слушав химната и се прашував зошто и по чија наредба е избришано неговото име. Сакав да дознаам што се случило во тие седум-осум години по ослободувањето, за чичко ми Никола Карев да биде избришан дури и од химната. Еден ден отидов кај Димче Аџимитрески, кој беше декан на Вишата економска школа и беше близок со власта. Кога му кажав дека сум внук од брат на Никола, ме покани да седнам, ме понуди со кафе и ми кажа како тргнала работата околу бришењето на Карев од химната: ’Во 1953 година, на педесетгодишнината од илинденското востание, Лазо Колишевски не собра во владата мене, Злате Билјановски, Страхил Гигов и уште неколкумина. Се отвори дискусија околу значењето на Илинден, и тогаш некој од присутните, ми се чини Страхил Гигов, предложи Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев и другите да ги прогласиме за Бугари. Тоа го образложи со загриженоста дека ако наводно се продолжи со практиката тие да бидат споменувани како досега и за нив да се пеат толку многу песни, ќе станат поголеми и од нас’, ми рече тогаш Аџимитрески.- вели седумдесет и седум годишниот
-Мише Карев, внук на Никола Карев од братот Ѓорѓи.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ете го видовте историјатот на химната и се, но меѓутоа сега се испушта еден многу битен дел од нејзе. Заслужено би требало во химната да се најде и името на Никола Карев кое е испуштено и државата да се извини за таа грешка на неговата фамилија. Веќе 20 години пееме за славната Крушевска Република, а во нејзе не се наоѓа името на нејзиниот претседател. Затоа ова јас го сметам како неправда и би сакал да се измени и да се вметне неговото име во современата македоснска химна затоа што и неговото име треба да се најде меѓу другите истотака славни јунаци.
Гоце Делчев, Питу Гули,Даме Груев, Карев, Сандански!