Пивофест 2012 - 12-15.07.2012

  • Креатор на темата Креатор на темата BilboBaggins
  • Време на започнување Време на започнување
Корисни совети:
Не возете под дејство на алкохол;
Фрлајте го ѓубрето во кантите за отпадоци;
Не им давајте алкохол на вашите малолетни деца;
Не фрлајте пиво во воздух;
Користете ги фестивалските wc-тоалети.
Ако ги има ќе ги користимо,ако не се знае:)
 
Ќе имало и оксиген односно кислороден бар за трезнење :icon_lol:.
--- надополнето: 5 јули 2012 во 18:36 ---
„Пивофест“ Прилеп: Туристички воз, десетосед велосипед, шатор за трезнење и Лепа Брена

Овогодинешниот „Пивофест“ во Прилеп ќе се одржи по десетти јубилеен пат од 12 до 15 јули, а главни музички ѕвезди ќе бидат Лепа Брена, Мирослав Илиќ, Џеј Рамадановски, Жељко Јоксимовиќ, Есма Реџепова, Петар Грашо, групите „САРС” и „Дубиоза Колектив” и други.
Датум: пред 5 часа | Прочитано: 143
DSC02835.JPG

Пивски туристички воз, десетосед велосипед, оксиген бар за трезнење, пајтон, масажа на отворено, гратис кафе за будење во бесплатниот кампинг на Могилата, стриптизери и музичка забава со многу пиво ќе има на 10-тиот јубилеен „Пивофест“ во Прилеп, најави денеска градоначалникот Марјан Ристески.
Тој најави уривање на сите рекорди на Фестивалот на пивото, кој ќе се одржи од 12 до 15 јули во Прилеп. За пивската журка најавени се настапите на Лепа Брена, Мирослав Илиќ, Џеј Рамадановски, Жељко Јоксимовиќ, Есма Реџепова, Петар Грашо, групите „САРС”, „Дубиоза Колектив”, „Цонљуеринг Лион“ (Македонија), Рас Зацхарри (Јамајка) и други. Подготовките за успешното организирање на Фестивалот привршуваат, информираа на денешната прес-конференција.
- Оваа година вкупниот опфат ќе изнесува околу 20.000 квадратни метри, со корисна површина од околу 4.800 квадратни метри. На Фестивалот на пивото четири дена ќе бидат дегустирани повеќе видови пиво од три пиварници и повеќе овластени дистрибутери, а ќе се вкуси скара од повеќе реномирани мајстори. Ќе учествуваат: Прилепска Пиварница, Скопска Пивара, Битолска Пивара, дистрибутерот Лозар Пелистерка, дистрибутерот Лашко пиво и дистрибутерот на Будњар. Посетителите ќе можат да дегустираат 20 различни видови на пива: Златен Даб, Крали Марко, Калсберг, Туборг, Горско, Скопско, Амстел, Хајнекен, Каменица, Стела Артоа, Јелен, Старо Прамен, Бекс, Светло и Темно Лашко пиво, Унион, Будњисер, Битолско пиво и Кенбах - информираа на прес-конференцијата.
Минатата година Фестивалот на пивото го посетија повеќе од 340.000 посетители кои испија околу 248 тони пиво и изедоа околу 119 тони скара, а само на четвртата вечер, кога настапи Здравко Чолиќ, градот собра повеќе од 130.000 посетители кои изедоа околу 36 тони скара и се испија околу 100 тони пиво. Притоа во градот влегле околу 26.000 регистрирани моторни возила. Св.Р.

http://www.libertas.mk/vest/29379/P...ed-velosiped-shator-za-treznenje-i-Lepa-Brena
 
А демек нема да има воз кај 1-2 сатот ноќта за враќање? :confused:
 
Ако клат некој дополнителни возој за пивофестот ќе има, ако не стандардно како шо се...
 
Ако клат некој дополнителни возој за пивофестот ќе има, ако не стандардно како шо се...
Абе читав на некоја страна пишеше дека ќе има за дополнителни, ама од ПП за БТ во 23.10 мислам дека беше последниот.
Ама нека не драпат, во 23:00 почнуваат САРС па во 00:00 Колективците.
 
Многу лош термин му наместиле на возот за враќање :eek:
Ондак седиме до сабајле низ ПРИЛЕП ЕБАГО !!! :D

Само криво ми е шо нема да можам да одам на С.А.Р.С и Дубиоза Колектив на 12ти :(:(:( ќе биди лудница, па ќе одам на 14ти...
 
Поради зголемениот интерес за присуство на фестивалот „Пиво фест” во Прилеп, МЖ Транспорт а.д. Скопје и годинава од Скопје до Прилеп и обратно ќе пушти во сообраќај вонреден воз. Композицијата на возот ќе биде составена од штотуку реновираните патнички вагони.
Возот од Скопје ќе тргнува во сабота и недела (14 и 15 јули) со време на тргнување во 11.00 часот. Во Велес ќе пристигне во 11:42, во Богомила во 12:34, а во Прилеп во 13:15 часот.
Од Прилеп кон Скопје возот ќе сообраќа во недела и понеделник (15 и 16 јули) со време на тргнување од Прилеп во 01:20 часот по полноќ. Во Богомила возот ќе пристигне во 02:00, во Велес во 02:51, а во Скопје 03:44 часот.
МЖ Транспорт соопштува дека кон Прилеп, во деновите на „ПИВО ФЕСТ“, сообраќаат и редовните патнички возови кои од Скопје кон Прилеп тргнуваат во 06:48, 14:30, 17:10 и 19:30 часот, а во повратен правец од Прилеп за Скопје во 03:49, 06:10, 13:35 и 19:24 часот.
Патниците од Битола кон Прилеп можат да ги користат возовите во 03:10, 05:30, 12:45 и 18:35, а во обратен правец од Прилеп за Битола возовите во 09:39, 17:12, 19:26 и 22:25 часот.
Цената на повратен билет на релацијата Скопје – Прилеп – Скопје изнесува 398 денари. Повратниот билет Битола – Прилеп – Битола изнесува 158 денари. Исклучок е деловниот воз „Хераклеја експрес“ за кој треба има доплата за повисок ранг на воз од 22 денари и резервација за место за седење од 27 денари. Погодноста на овој воз е податокот дека за нешто повеќе од два часа возот од Скопје пристигнува во Прилеп, се вели во соопштението од МЖ Транспорт а.д. Скопје.

Ај за велешани и скопјани напрајле да има покасно воз, ама за Битола нема. Јбг, граѓани од втор ред сме ние и нејќиме да одиме на вакви настани.
Незнам шо ќе му се случи ако пуштат и еден за Битола кај 1-2 сатот. Нецели 40 км има, 40, да се плукнам и во МЖ и во се!
 
Многу лош термин му наместиле на возот за враќање :eek:
Ондак седиме до сабајле низ ПРИЛЕП ЕБАГО !!! :D

Само криво ми е шо нема да можам да одам на С.А.Р.С и Дубиоза Колектив на 12ти :(:(:( ќе биди лудница, па ќе одам на 14ти...
Па тоа и им е целта - да останете што е можно повеќе :D
 
Moшеби на нас помладите не ни се допаѓаат пејачите оваа година, ама сите се стварно ѕвезди и можам само да му се поклонам на градоначалникот :cuc:
 
Ај за велешани и скопјани напрајле да има покасно воз, ама за Битола нема. Јбг, граѓани од втор ред сме ние и нејќиме да одиме на вакви настани.
Незнам шо ќе му се случи ако пуштат и еден за Битола кај 1-2 сатот. Нецели 40 км има, 40, да се плукнам и во МЖ и во се!
А па ако пуштеле до Битола некој плус сигурно ептен таман ќе беше, Прилеп - Битола 21.00 часот.
Шо ќе му е на Скопјани во 1 воз ко си имат во 3 и по 5 крајно попрактични шо му се. Кои бесцелни возој ги пуштија за Скопје еј.....
 
Многу ми има некако турбофолк морам да признам. Лани еден член на темата за пивофест праша зошто не ја носат српската група Orthodox Celts да има и таква музика како на пивофестојне.
 
Досега не сум ги слушала Дубиоза во живо. Ќе одам само поради нив. (y) Пред да почнам да ги слушам мислев дека ги преценуваат, а никогаш не слушам преценета музика. Сега мислам дека дури и да е така, дефинитивно вредат(y)
И се надевам дека ќе ја имаат и оваа песна во репертоарот, да здиви малку публиката :vozbud:
 
Ај за велешани и скопјани напрајле да има покасно воз, ама за Битола нема. Јбг, граѓани од втор ред сме ние и нејќиме да одиме на вакви настани.
Незнам шо ќе му се случи ако пуштат и еден за Битола кај 1-2 сатот. Нецели 40 км има, 40, да се плукнам и во МЖ и во се!

За ск си е таман туку и за вас требало да напраат нешто ама валјда дека поблиску сте па ке се снајдете некако со такси на тоа мислеле :)
 
За ск си е таман туку и за вас требало да напраат нешто ама валјда дека поблиску сте па ке се снајдете некако со такси на тоа мислеле :)
Не ни одговара така,ние сме хаце сакаме со воз да се прибериме дома :D него ептен е срање ако не ни дат една линија во 2сато назад за во Битола,ке треба да палиме колите,а не бива да возиш поднапиен:rolleyes:
 
бунете се таму ке ви дадат мора
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom