S
Shellshock nam67
Гостин
Павле Арсовски е нов командант на полкот за специјални операции на Македонската армија. Досегашниот полковник Арсовски ќе биде командант на најелитната единица на Армијата - волците.
Должноста ја презема од Зоран Додевски кој на оваа позиција беше од 2008-ма година.
Смената се должи на редовната промена на командите на специјалните единици. Обврска е успешно да се раководи со војници кои биле во мировните мисии, вели началникот на Генерал Штабот Горанчо Котески.
Арсовски ќе биде на чело на волците и ренџерите, единици кои поседуваат борбено искуство стекнато во разни мисии. Обврската да се остане доследен во исполнувањето на вредностите е голема вели новиот командант.
Досегашниот командант, полковник Додевски, му честита за назначувањето, и му порача на новиот командант да ги гледа луѓето како еднакви на себе и да им биде добар командант бидејќи, како што рече, тие го заслужуваат тоа. Смената на командант на полкот за специјални операции е промена која следува по неколку годишно командување со единицата.