Македонија-Унгарија (6.4.2012, 14:45 ч.),Скандинавиум арена-Гетеборг

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе само бараш причина да ги нападнеш Србите, не си интересен веќе со тоа, безбедност си е тоа бе, и од овде да поминаат толку навивачи нема сигурно без полиција да поминат... и да ние неможеме но тие можат да напднат ако сакаат, но не сакаат.;)
 
Еве веќе денес му е роденден на Велко Марковски, нашиот столб во одбраната. Нека му е среќен и се надевам дека нема да претераат со пиењето , уствари уште повеќе дека ќе го памети овој роденден по тоа шо стана олимпиец :)
Вака, вака да те видам...

431322_2761422354652_1230604356_32075973_701583445_n.jpg
 
оти бе вака сите со различна опрема...па да му ебам тој спонзоро по една маичка и еден шорц за тренинг нека му напрај..срамота е вака

Џиги како што можам да забележам сите се во репрезентативна опрема единствено што се разликува е бојата. Нормално е тоа неможе целата опрема(за натпревари, за тренинг, за прес итн) да биде иста боја.
 

http://www.mkd.mk/23916/sport/ve-bodrime-tuka-ke-ve-bodrime-i-vo-london/
Неколку стотини наши иселеници ги дочекаа Кирил Лазаров и другарите за да им изразат поддршка пред утрешниот меч со Унгарија, можеби најважен на овој турнир. Најрадосни беа децата, кои побрзаа да се фотографираат со своите јунаци, да им земат автограм од омилениот ракометар.
„Не сте свесни колку сме радосни што сте тука, што по долга пауза дочекавме да ни дојде некоја македонска репрезентација. И ни помалку, ни повеќе – ракометните херои. Затоа, ви ветуваме максимална поддршка, салата ќе ја обоиме во црвено-жолто, ќе ве бодриме тука, ама ќе ве бодриме и во Лондон“, велеа иселениците.

Според сите очекувања, пола од „Скандинавиум“ арената ќе биде со македонски навивачи. Се очекуваат околу 1.000 Унгарци, што значи дека најмалкубројни ќе бидат домаќините – Швеѓаните.
„Наша должност е вие тука да се чувствувате како дома. Кога гледавме како беше во Ниш и во Белград, косата ни се креваше. Не ни сонувавме дека после два и пол месеци истото кај нас ќе се случува. Затоа, ветуваме пеколна поддршка од трибините, ќе се тресе ’Скандинавиум’“, им порачаа македонските иселеници на македонските ракометари.
 
Предодредени сме за трилер натпревари, но имаме златна генерација која гори од желба да ја израдува нацијата:vozbud:Затоа сум сигурна дека ќе изгинат на терен.

За кого,,,,,,,,, ЗА МАКЕДОНИЈА!!!

YZOzq.jpg
 
Кога се играат натпреварите во сабота и недела, никако неможам да најдам. :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom