Млади надежи на македонскиот ракомет?

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdhandball
  • Време на започнување Време на започнување
Дали ова дете е потенцијал, или не е нешто посебно?
 
Дали ова дете е потенцијал, или не е нешто посебно?
Максимум Танкоски, Карапелески, Ончев квалитет.
 
Дали ова дете е потенцијал, или не е нешто посебно?
Marin Krstevski | Goals & Assists | RK Alkaloid/RK Multi Esens (youtube.com)
Еве подобар играч од 2006 год на среден бек, игра за кадетите на Алкалоид, пред некој ден играа против младинците на Бутел каде што игра Цветковски, едвај го доби овај натпревар Бутел со 1 разлика.

Интересно е шо детево не е повикано ни на поширок список за 2006 год иако слободно можам да кажам од то шо пратам, во таа генерација е еден од подобрите играчи, кога веќе ги спомнав ќе напишам кој играчи ми имаат оставено добар впечаток од то досега шо имам гледано.

На сите добро познати, веројатно 2 најдобри играчи на оваа генерација.
Дамјан Митев 08.11.2006 - Среден/Лев Бек 192 цм.
Самоил Ристевски 22.05.2006 - Пикер 199 цм.

Теодор Пецаноски, 22.03.2006 - Среден Бек 180цм (по потреба игра и десен бек), пробивен, технички добар, брз и борбен играч.
Марин Крстевски 26.06.2007 - Среден Бек 175 цм, детето од видеово, игра доста зрело игра иако е и помлад, чудно како е изоставен овај играч.
Матески Јулијан, 01.04.2007 - 182цм - Лев бек, ради дефицит на десни бекови, исто така во реп беше принуден да игра на десен бек.
Филип Насевски, 19.04/2006 - 188цм Лев Бек, добар шутер и солиден во одбрана, мислам дека беше повикан во прв тим на Алкалоид на последните натпревари од сезонава.
Филип Мечкаровски, 28.01.2006 -185 среден бек, добар во два правци, поснажен од горе споменатите 3 средни бека, но исто така и технички нешто по лимитиран, со Јулијан двајцата играат за РК Струга во кадети и младинци, со чат пат некој настап и за сениори.
 
Многу почна да се пишува за овие дечки, дали навистина вредат?
 
Многу почна да се пишува за овие дечки, дали навистина вредат?
Тој Матески (кадетски репрезенаттивец) има одлични партии за негова возраст во плејофот.
 
Во Бутел младиот среден бек шо го играат прва постава Пејковски мислам се прозива, интересен играч
 
Давид Трајкоски лево крило од РК Прилеп, роден 2005-та година, доста добро напредува последниве две сезони, особено оваа.

Интересен играч е, добра конституција има, висок е за крилен играч и тоа му овозможува да игра како халф.
Карактеристики кои се и тоа како барани во последниве неколку години во ракометот.
Брз е и поседува солидна лепеза на шутеви.

Не би ме чудело да заврши во некој од тимовите кои подобро котираат на табелата во следната сезона.
 
Последно уредено:
Давид Трајкоски лево крило од РК Прилеп, роден 2005-та година, доста добро напредува последниве две сезони, особено оваа.

Интересен играч е, добра конституција има, висок е за крилен играч и тоа му овозможува да игра како халф.
Карактеристики кои се и тоа како барани во последниве неколку години во ракометот.
Брз е и поседува добра лепеза на шутеви.

Не би ме чудело да заврши во некој од тимовите кои подобро котираат на табелата во следната сезона.
За него само учење движење на 5-1 дефанзива, што треба да прави како истурен, и да бидне смрт за противнички играчи.
 
За него само учење движење на 5-1 дефанзива, што треба да прави како истурен, и да бидне смрт за противнички играчи.
Баш така.

Млад е реално, не е завршен со физичкиот развој сеуште, а му фали и килажа во моментов. Но, потенцијал дефинитивно има.
Се надевам дека ќе работи многу на себе и дека ќе прави вистински избор кога се во прашање неговите идни клубови.
 
Мислам дека немаме физички асален играч од млади. Во смисла да кажеме еве го детево само искуство му фали и тоа е тоа спремен пакет уште на млади години. Тука е моментот кај што талкаме позади другите.
 
Да бе, немаме Фитиљ тип на играч во младинските категории, ама мислам дека имаме талентирани деца кои можат да се развиваат и прераснат во добри играчи.
Раде Стојановиќ е одличен тренер за млади играчи, кои одлично одговараат на системот кој го игра.
 
Штета што немаше клуб кој може да го задржи Раде од финансиски аспект, за да донесат млади и да работи практично тој клуб да е у-19 мк репка со неколку повозрасни да ги водат.

Вака како селектор не може премногу да направи, но со тоа време што го има на располагање дефинитивно прави многу
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: and

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom