Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.318
- Поени од реакции
- 34.732
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Жени кои го дигаат... адреналинот
Во однос на поделбата на филмофилите, има љубители на акциони филмови и љубители на акциони хероини, а не дека полуголите, стегнати хероини кои изведуваат, бог знае какви вртоломии, им пречат на овие првиве. Еве кои се „најјаките“ меѓу нив.
Хероините ги обожаваме, бидејќи се силни жени кои можат сами да се изборат за она што го сакаат, да ги надминат препреките и да „исплескаат“ многу машки задници. Супер телата им се само за плус поени. А најсексапилните меѓу нив се:
Кејт Бекинсејл во „Underworld“
Да се биде воин-вампир не е воопшто лесна работа, а плус да треба да се носи ултра тесно одело во кое Кејт Бекинсејл како Селин изгледа многу секси. За да ја реализира ова улога, Бекинсејл редовно одела на многу физички третмани, од јога, до дигање тегови и кардио-вежби.
Ума Турман во „Kill Bill“
Ума Турман, тепање и Тарантино - нема подобра комбинација за филм. Всушност, има нешто подобро, една секси жена тепа стотина мажи - наеднаш. За оваа улога во сагата на Тарантино, Ума Турман напорно вежбала во теретана три месеци, а осум недели ги учела вештините што ги применува во антологиската борба на самураи од првиот дел на „Kill Bill“.
Анџелина Џоли како Лара Крофт
Девојката со кратки панталони, плетенка и пиштоли на нејзините бутови не може никој да ја заборави. Олицетворувањето на Лара Крофт во „Tomb Rider“ за Анџелина Џоли беше полн погодок. Но, не толку познат е податокот дека првобитно Лара Крофт требало да биде машка улога која му била понудена на Том Круз. Цела среќа што продуцентите во последна минута се предомислиле.
Мишел Родригез во „Fast and Furious“
Мишел Родригез е вистинска жена за оние што сакаат месо на вистинските места кај понежниот пол. Кога ќе се стави Родригез во улога на жестока девојка која може да му парира на Вин Дизел, просто неодоливо секси делува.
Зои Салдана во „Colombiana“
Појавувајќи се во „Colombiana“, Зои Салдана, актерката која ја знаеме и од „Avatar“, докажа дека е една од најубавите одмаздници и ладнокрвни убијци што досега сме ги виделе.
Мишел Јиу во „Crouching Tiger, Hidden Dragon“
Ако го оставиме на страна фактот што Мишел Јиу е навистина убава, девојката пленува и со нејзините способности кои ги демонстрира во филмот на Анг Ли, „Crouching Tiger, Hidden Dragon“. Всушност, тие не и се само извежбани потези, туку актерката истовремено е и мајстор на боречките вештини (martial arts).
Дру Баримор, Камерон Дијаз и Луси Лиу во „Charlie's Angels“
Тројката од овие прекрасни и секси актерки беше совршена замена за Чарлиевите ангели кои се појавуваа во истоимената серија од 70-тите години. Девојките се буквално смртоносна комбинација, а филмовите релаксирана комична акција.
Скарлет Јохансон во „Avengers“
Океј, неа сè уште сме немале можност да ја видиме во ова чудо од остварување на 21-виот век, наречено „Avengers“ кое може да се каже дека е еден од најнестрпливо очекуваните филмови за 2012, но затоа доволно видовме во „Iron Man 2“ за да можеме да заклучиме - Скарлет Јохансон како Black Widow е, не само полн погодок, туку дава силна, моќна енергија, зачинета со чист сексапил.
Од овие жени кои го дигаат...кхм, адреналинот, која ви е вам омилената хероина?