Потребни ми се прозорци со максимална изолација на звук - ве молам за совет

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.844
Поени од реакции
1.638
Значи стариве прозорци ке ги менувам, немаат најдобра изолација а и имаат многу мала изолација за звук - скоро никаква да не кажам.

А во дворот брат ми чува едно многу гласно куче, кое со своето лаење ме иритира. Па би сакал да поставам нови прозорци со НАЈГОЛЕМА можна изолација на звук. А и не само ради кучето...

Дали се ефективни овие изолации? Пример ако кучево го слушам со 100% звук, со прозорциве ке допринесат ли звукот да се намали на незнам....... 30% ?

Бидејки не сум упатен, ве замолувам за совет, секој еден збор е добредојден.
 
Значи стариве прозорци ке ги менувам, немаат најдобра изолација а и имаат многу мала изолација за звук - скоро никаква да не кажам.

А во дворот брат ми чува едно многу гласно куче, кое со своето лаење ме иритира. Па би сакал да поставам нови прозорци со НАЈГОЛЕМА можна изолација на звук.

Дали се ефективни овие изолации? Пример ако кучево го слушам со 100% звук, со прозорциве ке допринесат ли звукот да се намали на незнам....... 30% ?

Бидејки не сум упатен, ве замолувам за совет, секој еден збор е добредојден.
Зависи и до градбата, нејзиното позиционирање а исто и од изворот и неговото позиционирање, не се само прозорците во прашање иако играат битна улога, различни звучни бранови со различна фреквенција може да филтрираат со спроведување на различни изолациски сценариа.
Треба фреквенцискиот спектар на звукот од изворот кој што смета да се определи и потоа во зависност од брановите должини да се гради филтер за тие фреквенции.
Не сум експерт во таа област и јас би сакал да слушнам некои решенија градежниците, луѓето што се бават со аудио ствари (како и да им е името на титулата, аудиолози да ги речам) и физичарите може да помогнат со мислење на темава.
 
Здраво, јас работам со ПВЦ. Многу мала врска има профилот (кога се работи за изолација без разлика дали е звучна, топлинска или било каква) заради тоа што профилот зафаќа помалце од 20% од отворот (прозорот). пиши ми пп ќе ти дадам добра цена, а како совет би ти дал само 3 стакла од кои едното треба да е 6мм. Има премногу детали кои треба да се утаначат за да можеш да направиш правилен избор. Иначе, јас работам со РЕХАУ .)
 
Не се разбирам многу али пробај со овие pvc трикрилните прозорци, пред некој ден комшијава мој ставаше и да ти кажам доста се добри, ептен
 
Стави 5 слојно стакло и биди раат. Мене ми нудеа 3 или 5 се одлучив на 5 и надвор кога прават свадба не ни ја слушам, а ако отворам џам ко дома да ми се (y)
 
5то слојно стакло? Има и такво нешто во Македонија? Кој профил го поддржува тоа од причина што кога јас барав дограма најдебелиот профил беше 86 мм и се монтираше максимум само 3 стакла на него?

@paraglajder
Јас ставив Рехау Генео со тројно стакло и е добро звучно изолирано на фрекфентна улица, сепак се работи за стан кој е на повисоко. Во секој случај обрати внимание на стаклото да биде нискоемисионо полнето со аргон за да имаш топлотна и звучна изолација кога веќе менуваш дограма.
Инаку можеш да провериш на интернет колкава звучна изолација има одреден тип на столарија на официјалните сајтови од истите.
 
Јас имам ставено Rehau еве некои си 7-8 години и сум презадоволен. :)
 
5то слојно стакло? Има и такво нешто во Македонија? Кој профил го поддржува тоа од причина што кога јас барав дограма најдебелиот профил беше 86 мм и се монтираше максимум само 3 стакла на него?

Од Енфапен, но не е енфапен марката целото беше облепено со фирмата што ги произведува и не запамтив како се викаше. Јес да поскапо ми излезе ама немам веќе никаква бука од надвор дури и петарда многу слабо се слуша. Единствено што имам како инфо е бројот од газдата, ако некој му треба ПП.
 
Стави 5 слојно стакло и биди раат. Мене ми нудеа 3 или 5 се одлучив на 5 и надвор кога прават свадба не ни ја слушам, а ако отворам џам ко дома да ми се (y)

Е, тоа е тоа што ми треба мене, да си ми жив и здрав. Колкави се димензиите и колку пари те чинеше?
--- надополнето: 27 март 2012 во 13:51 ---
Од Енфапен, но не е енфапен марката целото беше облепено со фирмата што ги произведува и не запамтив како се викаше. Јес да поскапо ми излезе ама немам веќе никаква бука од надвор дури и петарда многу слабо се слуша. Единствено што имам како инфо е бројот од газдата, ако некој му треба ПП.

Па ако не ти е мака, би можел по ПП да ми го дадеш бројот, само кажи ми од Скопје ли е фирмава?
--- надополнето: 27 март 2012 во 13:52 ---
5то слојно стакло? Има и такво нешто во Македонија? Кој профил го поддржува тоа од причина што кога јас барав дограма најдебелиот профил беше 86 мм и се монтираше максимум само 3 стакла на него?

@paraglajder
Јас ставив Рехау Генео со тројно стакло и е добро звучно изолирано на фрекфентна улица, сепак се работи за стан кој е на повисоко. Во секој случај обрати внимание на стаклото да биде нискоемисионо полнето со аргон за да имаш топлотна и звучна изолација кога веќе менуваш дограма.
Инаку можеш да провериш на интернет колкава звучна изолација има одреден тип на столарија на официјалните сајтови од истите.

Супер, но ако може да ми даде некој сајтови од истите да проверам, пошто јас не ги ни знам фирмите.
 
Јас имам трислојни и ништо не се слуша од надвор, камоли петслојни ко костур. Ставај такви не се мисли :)
 
Параглајдер толку е гласна девојкати што толкава изолација на зувк ти треба ? :)
 
За куче се работи, а не е Кинез. :D
--- надополнето: 27 март 2012 во 21:39 ---
Супер, но ако може да ми даде некој сајтови од истите да проверам, пошто јас не ги ни знам фирмите.

http://www.rehau.com/cms/servlet/se...O_Familie_Energieeffizienz_in_Perfektion.html
 
5 слојно се користи на аеродром !!!
Таман :D

Параглајдер толку е гласна девојкати што толкава изолација на зувк ти треба ? :)
Искрено, спалната на моите е веднаш до мојата соба, па дефинитивно ке се најде и за такви ситуации, одлична поента :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom