Жиранти

  • Креатор на темата Креатор на темата гринго
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да прашам за вие што сте биле жиранти или за тие што ви биле жиранти.... Колку време треба да биде вработен жирантот и дали доколку има кредит може да биде жирант ? За охридска банка ме интересира...
 
А што ако имам жирант и неплаќам кредит? Мислам дека жирантот може да тужи но тек кога ке доспее последната рата од кредит т.е од кога неплаќам јас плаќа тој пошто цел терет паѓа на него
 
А што ако имам жирант и неплаќам кредит? Мислам дека жирантот може да тужи но тек кога ке доспее последната рата од кредит т.е од кога неплаќам јас плаќа тој пошто цел терет паѓа на него
Пошто еве имам жирант една рата неплатив... на секој 25 дена ја намирвам како една рата да скокнувам без 5 дена
 
Гринго, жирант е лице кое одговара за кредито способноста на оној кој го зема кредитот. Значи ако јас земам кредит на 20 години, ти како мој жирант одговараш пред банката дека во случај ако неможам да го отплаќам ти ќе го одплатиш во мое име. Пензионер може но до 65 години мислам дека беше границата, кај нив се зависи од годините. Можеш да ја напуштиш државата кога сакаш ако си жирант. Можеш и да земеш кредит, но кредитните поени ти се намалуваат со оваа обврска која си ја презел. Но тоа се зависи од твоите примања.
Значи главен ризик е оној кој го зел кредитот недај боже да неможе да го плати, ти си втор на листата од каде ќе земат пари.
Да но зарем неможиш да тужиш жирант за регрес
 
по мене жирант за посериозни кредити, НАД 10.000 евра може да биде само лице во ПРВО наследно сродство, т.е. брачен другар или дете, а башка што и закон има за секоја работа НАД 10.000 евра мора да земеш АДВОКАТ да ти ги заштити правата... но кај нас мороните од НБМ изгледа не ги знаат законите и дозволуваат на банките се и сешто....
Освен тоа над 10.000 евра би требало кредитот да биде и Хипотекарен...
Банките се плашат ако немаат жирант, демек ако ПАДНАТ цени на недвижнини или што е предмет на хипотеката да не останат со куси ракави... Но што праиме ако жирантот ИЗБЕГА во странство или почине ?????
А патем има други дубари околу хипотекарните кредити, корисникот на кредит да го подмачка лицето од банката што ја проценува недвижнината, посебно случај ако недвиѓнината сама по себе е вредна но Локациски е на место каде тешко се продава , па пазарната цена не е реална туку уценувачка, 50% од реална... а корисникот на кредит си бега со кешот во странство и не го враќа...
Но се ова се прикаски од минатото, мислам поодамна банки не даваат ненаменски кредит во кеш, може само мали суми ??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom