Енергетска зависност на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата worldbfree
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2012
Мислења
66
Поени од реакции
36
Дали Македонија има доволно водни ресурси и поволен релјеф за иградба на хидроцентрали за да може да се запре енергетската зависност?
Ваше мислење...
 
Да
 
НЕ! И со 100 хироцнтрали не може да се задоволи енергетската потребност на Македонија, чарето е само во термоцентрали, а и нема смисла да се градат кога бугарите продаваат евтина струја.
 
А што ако бугарите ја качат цената?
 
НЕ! И со 100 хироцнтрали не може да се задоволи енергетската потребност на Македонија, чарето е само во термоцентрали, а и нема смисла да се градат кога бугарите продаваат евтина струја.
За термоцентрали треба јаглен кој ние се помалку и помалку го немаме. Ако продаваат ефтина струја Бугарите немаа да градат нуклеарна централа. Сите извори на енергија ќе растат така да...
 
Бугарите прават нуклеарка за да ја заменат старата Козлодуи, а ЕВН во Бугарија има 4 термоцентрали кои заедно прават повеќе струја од нуклеарката козлодуи, што мислиш ти, зошто нашите го продадоја ЕСМ на автријците?
 
За да ни го начукет секој месец во форма на бело плико кое го носи чичко инкасатор
 
Тоа го кажав пошто некој погоре напиша, што ќе правиме кога бугарите нема да продаваат струја.
 
Си потпишавме капитулација со продавањето на ЕСМ...
Сега си играат со нас како мали деца
 
Има глобална енергетска берза,ако бугарите непродаваат,ке продава некој друг.Бугарите неможе да речат дека не продаваат бидејќи што би и правеле на вишокот струја.Или ќе ја продадат или ќе работат турбините на празно.
А кај нас навистина фали уште некоја хидроцентрала.Услови за термоцентрала и нуклерка немаме.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72111931561&id=10&prilog=0&setIzdanie=22336

Крај на социјализмот во енергетскиот сектор во 2015 година

Снабдувањето со струја на слободен пазар ќе значи шок за компаниите и за граѓаните и повисока цена за сите, тврдат енергетичарите

transparent.gif

Толку озборуваниот проект „Скопје 2014“ набрзо може да добие конкуренција за полемика во проектите „Македонија 2012“ и „Македонија 2015“, кои, за разлика од првиот, се голема непознатост за домашната јавност. Со Законот за енергетика и со препораките на Европската енергетска заедница земјава мора целосно да го либерализира пазарот на струја. Новата регулатива предвидува компаниите (од 2012-та), а потоа и домаќинствата (од 2015-та) да набавуваат струја на отворен пазар. За експертите ова ќе значи дефинитивен крај на „социјализмот“, поточно на практиката цената на струјата да се третира како социјално прашање. За граѓаните слободниот пазар несомнено ќе значи и поскапа струја. Компаниите, пак, стравуваат за самоодржливоста на целиот бизнис, бидејќи во услови на зголемена конкуренција ќе опстане само оној што ќе понуди прифатливи цени и услуги.
Инаку, искуствата покажуваат дека на либерализираниот пазар цените се повисоки во однос на пазарите каде што цените се регулирани. Зголемената конкуренција може да донесе и пад на цените, но тоа сигурно нема да се случи веднаш
 
И струјата отиде x2 :D
 
Дали Македонија има доволно водни ресурси и поволен релјеф за иградба на хидроцентрали за да може да се запре енергетската зависност?
Ваше мислење...
Не...
Македонија има многу малку врнежи и многу малку хидроенергетски потенцијал. И тие хидроелектрани кои се предвидени да се изградат се со мала моќност, така да нема битно да се подобри ситуацијата.
Мое е мислење е дека ние може ме многу да направиме во областа на рационално користење на енергијата. Тука ја гледам нашата шанса.
Еве пример: Еден сончев колектор со бојлер, koj чини на светскиот пазар под 150 US долари, може за време едно лето да заштеди 2000 KWh, потребни за затоплување санитарна топла вода во едно домаќинство. Ако таков колектор се постави во 100 илјади домакинстава ќе се заштеди 200 милиони KWh, што е повеќе од годишното производство на ХЕЦ Козјак.
А замисли, ако тие колектори се произведат во Македонија, наместо да се увезуваат, колку нови работни места ќе се отворат.
 
Немаме некои поголеми ресурси ниту за хидро, уште помалку за термоцентрала како што многу луѓе веруваат дека ние сме најбогата држава во светот, само имаме лош менаџмент.
Нас не вади од гомна само една нуклеарна централа, но кај нас никој нема капацитет да го истера до крај тој проект.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom