Apple на суд поради Siri

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.304
Поени од реакции
34.687
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Њујорчанец поднесе тужба против Apple бидејќи е незадоволен од виртуелниот асистент на Apple достапен на iPhone 4S, тврдејќи дека во пракса неговите функционалности не функционираат како во рекламите за производот.



Еден од главните адути на најновата генерација на iPhone е виртуелниот асистент наречен Siri. Воедно, Siri e и една од најкористените функционалности во промотивните активности на Apple за iPhone – во многу реклами се прикажани луѓе кои го користат Siri за да закажуваат состаноци или да пронајдат ресторани, a Siri работи перфектно.

Но, еден њујорчанец кој е корисник на iPhone 4S смета дека Apple лажно ја претставува апликацијата и дека рекламата праќа погрешна порака за тоа кои се вистинските можности на Siri, па чувствувајќи се измамен поднесе тужба против Apple, пишува Wall Street Journal.

Гласноговорникот на Apple одбива да ја коментира тужбата.

via Kajgana.com
 
Ја се здрмав јаки пари од кејф само за ова сири. Овај некој му требаат пари па ај сеа да земиме од негде.
Сири си е супер само не им чини што за секое софтвер треба хардвер, секое убаво надоградување мора да го имаш со ново парче.

Нека јадат гомна сите душмани ама ејпл колку шо придонесе неможе ни мајкрософт со оние глупине концепти за 2020, мене искрено сири ми ја олесни работата за 30 посто, доволен пресврт после глупите виткачки елсатични телефони и пиздаматерина 16 мегапиксели.

 
Гласноговорникот на Apple одбива да ја коментира тужбата.

Оф - македонскиот збор е портпарол.
Он - американците живеат за да тужат. Типот пробува ако може да извади пари, не верувам да му успее.
 
Ај кажи сири на долниот да ми свири која глупост
 
Не верувам дека имаат некој легален пропуст во компанија од светски рамки како Апл.
Кога прават договор секогаш тие се во предност така да не мислам дека ќе има успех со тужбата .Ама останува да видиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom