Куче или маче - кој е подобар миленик?

  • Креатор на темата Креатор на темата ghostxxx
  • Време на започнување Време на започнување

Што би одбрале ?


  • Вкупно гласачи
    102
Кој што чува тоа му е помило :D Јас имам чувано од се по нешто, дур и полжав (Џони) и не би гласала во анкетата дека двете ги сакам, чувам моментално мачки, во скоро може и некое кутренце :rolleyes: Секој за себе си е посебен, не делам.
 
Кој што чува тоа му е помило :D Јас имам чувано од се по нешто, дур и полжав (Џони) и не би гласала во анкетата дека двете ги сакам, чувам моментално мачки, во скоро може и некое кутренце :rolleyes: Секој за себе си е посебен, не делам.
Како помал чував и јас полжав али после некои 2 дена го лупнав од ѕид. После тоа следуваше погребот, морам да признаам за таква церемонија и Киро Глигоров ќе му подзавидеше. :) Моментално чувам Жолт Лабрадор Ретривер и затоа гласам за куче.
 
Мачките биле лицемерни... Искрено, таа особина освен кај луѓето досега никаде на друго суштество ја немам сретнато.
Инаку, сите животни подеднакво ги сакам, мада најголема слабост ми се мачките :)

Ја сакам јавно да ти се извинам за моите предрасуди и истовремено да ти заблагодарам за муабетов. Почнав да чувам маче. Не го ограничувам со строго чување по дома, ја оставам да излага до касно на улицата.Секс, дрога, графити, алкохол и рокенрол... Незнам дали ќе ми веруваш дека некни на наместен састанку сас девојку у Куманово сум се расправал за лицемерноста на мачките (наравно основа на моите аргументи ми беше твојот муабет). У право си, лицемерноста е особина само на луѓето. Фала ти.

П.с Молам таму да се забележи дека ова е после две години. Фала!
 
Не сакам мачиња, непредвидливи ми се, некако језиво се осеќам околу нив. :cautious:

Имав куче до пред некое време и тоа 12-3 години.
Бев во Скопје, полагав тие денови и после некој ден ми кажаа моите, пред да се вратам. Поштено си заплакав во воз.
Сакам кучиња, знам дека пак ќе чувам во иднина, блиска или подалечна.
 
Не можам да кажам пошто куче како возрасен не сум чувал.
Мачка имам, не можам да кажам дека е лицемерна, ме слуша како куче што е многу тешко да го постигнеш кај мачка.

Ако чувате мачка за заебанција и ја гледате 15 минути во денот, нормално дека ќе ви биде лицемер, и јас би бил.

А инаку сакам некогаш да чувам далматинец
 
Мачка дефинитивно.Кучињата не се никаков предизвик и се премногу лесни за воспитување.А да,и неморам да станувам порано од петлите за да го мочам и да ми е страв да го оставам само дома повеќе од пола ден за да не си го најдам станот во руинирана состојба.
 
Велат ,кучето било благословено и сакало многу деца да има во куката за да си игра
А мачето сакало единствено ,,дете да биде
 
Маче дефинитивно. Мене ми се многу слатки и паметни, снаодливи иако ги сметаат за лицемерни и као не се врзуваат за тој што ги рани и чува...Мене баш таа особина ми се допаѓа што неможе никој да ги придобие не се подкупливи со храна:P
Чував неколку мачиња во животот...штета што немам двор иначе би чувала сеуште...мази се прави:)
А кучиња не сакам...
 
Мачка дефинитивно.Кучињата не се никаков предизвик и се премногу лесни за воспитување.А да,и неморам да станувам порано од петлите за да го мочам и да ми е страв да го оставам само дома повеќе од пола ден за да не си го најдам станот во руинирана состојба.
Се гледа дека никогаш не си чувал куче.
Не е така лесно да го издресираш како што мислиш зошто кучињата инстинктивно се чувствуваат како да се дел од глутница, во случајов семејството каде што живее и многу често им е дозволено да бидат тие алфите што е многу погрешно. Потребно е трпение но и умеење да постигнеш ти самиот да си алфа за потоа кучето да биде послушно.
И баш резултат на такви ,,лесно'' издресирани кучиња луѓето дома го наоѓаат станот превртен, од неумеење и не доволно посветено внимание.

Да не споменувам дека треба да го научиш да оди поред, да пушта храна или друг премет од уста на твоја наредба што е задолжително во денешно време бидејќи постојано секаде се остава отруена храна и да знаеш како да го смириш ако се вознемири и плус, кучињата природно се по активни и живи па треба да знаеш како да им поставиш гранци и да направиш да ги почитуваат.

Како што гледаш и не е така лесно да се воспита куче.
Потребно е многу време, трпение и љубов. Не за џабе на зафатени луѓе многу повеќе им се препорчаува мачка отколку куче зошто бара помалку време и внимание, научно докажан факт. Не велам дека треба да и посветувате 15 мин. дневно, никако но мачката e повеќе самец ама и лесно се навредува ако не и посветуваш доволно внимание додека кучето е исклучително социјално суштество кое aко не му посветуваш внимание нема толку да се навреди колку што ќе пати и буквално ќе овене.
Сепак, зависи и од расата.

Сум ги чувала и двете но секогаш кучето ќе ми биде помило и да треба да бирам што да чувам, ќе речам куче. :)

Во моментов немам ниту едното ни другото, а до пред два месеци чував хаски, 14 години. Најсакан мој, никогаш нема да го преболам. :(
 
Мачињата се копиљи.

Сурат луциферовски, мали оштри заби, поглед сечило, строг интерес и себичност :)

Јок. Кученце си е кученце.
Плус сте виделе убав филм со мачка бе? Јас не сум видел. Не заслужуваат тие сушчества филмој. А со кучиња ги има полно. Сакаш со Леси се врача кучи, сакаш со далматинци, со бернандинци абе со све и свашта.
 
А само по филмови може да се докажува? Знаеш дека Далматинците се исто интелигентни колку една мачка? Знаеш дека Колито што го викате Леси може да му пукнат живците и да го повреди детето исто како една мачка што тоа би го направила?
Веќе незнам дали некои членови се помали и од мене… Како можете да кажете дека ЖИВОТНО е лицемерно? Колку суеверни, прости и неуки сувштества сте бе?!?!?!?!!! Немате поим колку една мачка може да биде верна бе ќори!!!
 
Како дете живеев во куќа со огромен двор и бев опкружена со секакви птици,гмизавци и нормално мачки и кучиња.Е сега кој е подобар миленик незнам-зашто има голема разлика од маче до маче и од куче до куче.За мачките за жал сеуште се врзуваат разни предрасуди и суеверија дека се ѓаволски суштества и лицемерни што според мене е неточно.Како може ѓаволско суштество точно да осети ако нешто те боли и на тоа место да ти легне.Ке ви наведам пример со мајка ми кога се оперираше од тумор на дојка пред неколку години. Првите неколку дена по операцијата имаше големи болки и баш тогаш имавме мало маче прибрано од улица. Секогаш кога ке и полежеше барем пола саат на дојката болките и поминуваа.Исто така шират и позитивна енергија, едноставно не може а да не се осети присуството на нивната енергија.Се што е негативно имаат моќ да го апсорбираат во себе.Не за џабе во стар Египет биле сметани за божества.Е сега кучињата се тотално други и јас сепак не би можела да оставам мало дете со куче.Вистинита е поговорката дека се најверни пријатели на човекот, ама има и една друга-во куче немај верба.Н е сакам да бидам погрешно сфатена , јас ги сакам и ги хранам секогаш кога можам скитнициве околу зграда.Мене ме нема никогаш нападнато куче ама знам за неколку примери и затоа наведов дка не би чувала мало дете со куче.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom