Наместен натпреварот Луксембург - Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата olaf
  • Време на започнување Време на започнување
429586_3438749973440_1411252868_33317264_1434399878_n.jpg

не знам дали е attention whore или вистина ама вреди да се сподели
 
Кај беше на 1.8 ? На бет365 беше 10.00коеф на полувреме.

Како и да е, не викам дека не беше местена, напротив. Јас ја имав 0-2, влегувам кладилница и таму еден шо го знам. Абе само шо му кажав дека ја имам 0-2 гола Македонија, ми вика фрли го ливчето одма и прај поправно дека ќе ја вртит 2 во 1. (80мин ова некаде беше). Него му ја кажал газдава од кладилницава 20-30мин пред да почнит, ама цел Охрид го свртил за да ја уплатит и никаде не му ја уплаќале (и тоа не со многу со 300ден ќе ја уплател).

То е, затоа пропаѓаме...

Јас лично видов 1.8 на Луксембург на бет1х2 или бет10.сом , не загледав баш , на полувреме.

Малце подзабораив дека нашиве играат, и дури од работа ми текна да проверам колку е моментален резултат. Отидов на резултати.сом, и гледам водиме 1-0, полувреме. Си викам , пууу кај се мачиме бе со овие , место 2,3 веќе да им имавме степано.

И гледам на десна страна банер на некои од овие две кладилници што ги спомнав, за кладење во живо(моментално), за Луксембург победа, ВО ПАЃАЊЕ со црвена стрелка 1.8.
Не сум се кладел веќе 2-3 години, ама ми влезе во очи бидејќи нема логика.
Ние водиме, не играме со Шпанија, туку со Луксембург, нема ни црвен картон, нит бутур и коефициент 1.8 !?!?! Си реков може некоја грешка е со банерот.

Нема врска, се случи што се случи и одма ми текна на ова.
Сега тука има две работи. Прва, највероватно по кладилнициве по светов почнале големи уплати да се маваат на 1, и сигурен сум дека има компјутерски матрици, курци-палци што при одредени несразмерни и нелогични уплати, автоматски коефициент за таков исход паѓа.
Ама друга работа, па добро бе, лично сеуште мислам дека е многу тешко да се излажира текма против еден Луксембург. Зошто? Станува збор за многу слаба репка, што би требало неколку(не еден или двајца) играчи да бидат вклучени во заверата, и да одиграат катастрофално слабо, за да може слабиот противник тоа да го казни. Тоа би било доста очигледно против еден Луксембург. А плус, и гол даваат во 92-3 минута? Кој бе така може да намести?
Немој да мислите дека сум наивен, ама би сакал да добијам конкретен одговор на последниве прашања.
 
местенката со андора мора да се забошоти со некоја нова.....сега демек ќе испадне дека сме многу слаби и традиционално си губиме од сите,па ни лук јал ни лук мирисал......тешки денови за македонскиот фудбал,потешки - само во пусто турско:tapp:
 
Значи вака !!

На утакмицава беа овие коефициенти пред почеток на натпреварот. За луксембург да тепа 5-6, за Х 3.. и за 2ка 1.7

И сеа шо се случува заводуваме на полувреме 0:1 и дури трај паузата онлајн за пресврт и победа на Луксембург коефициенто пајџа на 1.8 :eek: пред да почни утакмицава коеф беше 6, а сега губат на полувреме и за да сврти коеф 1.8.. мислам по сите логики ако не е ништо матно коеф за да тепа Лукс на полувреме треба да е минимум 15. Знајш колку пари треба некој да уплати на пресврт за да коеф падни до 1.8 ? Свесен си шо кажуваш? Остај ја ти сликата од фб продавачо на дојави, реално размисли шо се случи и не тропај.....

добро, еве да речиме дека е така... мене во тој случај ме интересира кај се институциите да интервенираат? кај се сега кодошите и шпиуните, кај се фифа и уефа? за да падни толку коефициентот треба да има дебееееееееееееееллллллллаааа уплата насекаде во светот или да има некој лупнато огромни пари. ако тој некој има лупнато толку пари, лесно ќе го најдат и ќе го поврзат случајот, така?
лукс-мак не е на листата на сомнителни натпревари, а бахреин е, а се играа во ист ден. значи, или нема ништо, па се вртат муабети, или И НА ФИФА И УЕФА им одговара оваа местенка (ако воопшто ја има, не тропам во празно оти то е веќе клевета), па си ќутат и си свиркаат!!!
е ако е то второто, тогаш да ти се плукнам во фудбалот, не го следам повеќе и преминувам на балет, дури и таму не почнат да местат :D
 
Една работа што мислам дека игра најголема улога во фудбалот во нашата држава и поради кој - тој не мојт да успејт се само финансиите .
Што мислите зошто странските клубови се толку многу богати и своите играчи можат да ги продадат за милионски суми ??
Од проста работа што , пример во САД , да не ја земаме во предвид западна Европа , нивното уредување на финансии е многу поинакво од кај нас - нивните давачки кон државата се како и во секоја нормална држава , но тие не ја потхрануваат државата , за истите кои ја водат да можат да ја крадат , туку имаат можност - наместо да платат данок , за некоја пониска сума да донираат ( не инвестираат ! ) туку донираат во било што , што е во интерес за промоција на државата и покажување на кадри од било која област.
Кажете кој е тој еден пример кој се залага за фудбалот кај нас и донира висока сума ( а ја има ) за некој си подобар степен на подобри услови за работа - помошни средства и слично ?
Нашите работи - односно "подароците" добиени од владата какко на пример : 5-6 топки за фудбал , и 2 рекети за пинг-понг се мизерна ствар.
Не ни помислувам да кажам нешто за ракометарите - кошаркарите и слично , па ни за фудбалерите , сите се феноменални - само нивна пречка е тој којшто ги води и е среќен со неговиот џепарлак од незнам која мизерна сума . Доколку постојат некои измени како што кажав дека ги има во САД ( иако сме милион чекори зад нив ) ке има некое подобрување во било која област на спортот и слично - но додека големите "газди" го затајуваат данокот и во нив не постои општествена свест , и додека нивното ниво на размислување е криминалот - ке има ( ништо ) .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom