Види, ајде да правиме отворен муабет. Сите знаеме како државите на Балканов станаа членки/добија кандидатски статус. Почнувајќи од Грција, преку вас и Романија, Хрватска, па нашиот и сега српскиов статус за кандидат. Нам ни беше награда за спроведениот рамковен договор, на Србиве им е награда за преговорите со Косово и извинувањата на Тадиќ насекаде по регионов.
Ама после статусот за кандидат следува горката пилула. Ние треба да се договориме со Грција, Србите ќе мора да го признаат Косово. Тоа се фактите. Не мислам дека и едното и другото ќе се случат брзо.