Косово ќе се обедини со Албанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bora Bora
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=7E8A6A025EE0464CAB8AB3746F02FB18
Kосово да се обедини со Албанија, вакво барање подготвуваат група пратеници од Парламентот на Косово, јавуваат приштинските медиуми.
Барањето ќе биде потпишано прво од 12 пратеници за да може подоцна бројот на потписите да достигне 30, со што се отвара можноста предлогот да биде разгледан во Парламентот на Косово.
Оваа инциијатива доаѓа откако во рамки на дијалогот Белград-Приштина Владата на Косово одлучи да прифати појаснување со кое се исклучува терминот републикаа во дипломатските и другите меѓународни претставувања на Косово.
Барањето на пратениците, според приштинските медиуми, ја има поддршката на претседателот на Парламентот Јакуп Красниќи, а поддржано е и од пратениците на турското малцинство во Косово.
:facepalm:
 
едно се желби а друго е реалност. како само косоварите да се прашуваат за ова.
во уставот на Абанија стои дека земјата нема да цели кон територски проширувања и не е баш а верувам нит изводливо да се оствари
 
Многу јасно , тивко паметно и мудро постапуваат , првин менување на имиња на училишта во Скопје, сеа ете бараат улиците .... па после нешто сосем трето и тек по неколку години ќе отцепат некој дел за Албанија.....
 
Не туку паничете, Албанија како држава никогаш не покажала вакви тенденции, ниту пак желба дека сака вакво нешто, дополнителен терет ќе и биде Косово, затоа што приоритет на Албанија е влез во ЕУ, а со Косово на грб, целиот процес може да се одложи за уште 10-15 години. (под претпоставка дека ЕУ ќе биде жива и здрава:icon_lol: ) Така тоа се припојувале територии...:ROFLMAO: Може од Косово да има вакви предлози, но не верувам дека Албанија би одговорила позитивно, барем не во блиска иднина.
 
Ах бее,како тоа АКО се обедини Косово со Албанија да очекуваме истото и со Македонија...веќе отупив со пишување за некои работи,кои се чиста фактологија а не желби,стравови и др...
Албанија влезе во НАТО,незнам по кој пат кажав дека во НАТО со какви граници влезеш со такви и ке излезеш,нема менување,што значи се поебаја Албанците(не за џабе ја примија Албанија во НАТО,некој вид Америчка политика,разделиј па владеј )...второ незнам по кој пат го спомнувам договорот што го потпишавме со Американците,или поточно договорот Милошовски-Рајз,со кој САД по самитот во Букурешт го ГАРАНТИРА ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА,ја зголемува соработката на военото поле итн итн....
Што значи Р.Косово ке си остане како што си е денес,Р.Македонија ке си остане каква што си е денес и Р.Албанија ке си остане како што си е денес,освен ако е некој будала да завојува со Америте...ааа најавите за обединување,отцепување и слични медиумски плашила се само игра со цел да се плашат малите деца,и да бидеме лесно потпадливи на притисок(со уплашен најлесно се манипулира)...поздрав

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5EE738AE0E45F243B5143D535E6D65C9
 
Ова не е можно ниту од правен аспект ниту по пат на војна(војна за територии е забранета согласно ООН)
И независноста на косово беше нелегална па пак помина
 
Дајбоже ова да е вистина и да се обединат шо побрзо.

Абе и тоа може да се случи,политиката и интересите варираат,ама кога е во прашање САД тешко се менува надворешната политика,треба да пројде минимум деценија-две....и да сакаа да не поделат,тоа ке го направеа уште од 2001ва,пошто нашиве политичари соблекоја гаќи,а да сакаа да не постоиме тоа ке го направеа уште 1991... што значи на Америте им одговара ваков Балкан,безбедни патишта,бази,ние поделени,изебени,издишени како сакаш ...па ако се побуниме против нешто ке не здават и на крајот Амерот во ќар...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom