.
Искрено не сум верник, но сум простувал доколу имало простор за тоа.Мислам дека е некако глупаво да не му дадеш на човек втора шанса ...
.
Од секогаш имало (и има) луѓе коишто на солуѓето им давале (и даваат) втора шанса, поради што се сметале (и сметаат) себеси за благородни.
Навистина, простувањето е тоа нешто кое што најпојќе ја покажува вистинската големина на нашата благородност и неслучајно е
Крвта на Благоддата БОЖЈА, без која светот засигурно би протонал во сопствената горчина.
Кога Св. Ап. Петар Ја прашал
Инкарнацијата на
Благодатта БОЖЈА дали треба
7 пати да се прости, Тој (
Исус) одговорил:
Не седумпати, туку седумдесет пати по седум (Матеј 18:22)
Затоа овој празник кој е
7 недели (
седмици) пред
Велигден (
Воскресение) неслучајно не’ подсетува на простувањето, без кое нема благодат нити спасение за никого од нас, незвисно колку ние себеси се сметаме за праведни а другите грешни!
Пред неколку години ја видов ќерками зплакана и опколена од неколку деца кои вербално ја тероризираа. Водителка на групата беше едно девојче, една ќерка на еден индустријалец кој што своите пари ги прави со оружје.
Се вклучив во дискусијата и кога ја увидов дрскоста на девојчето кој со крајно безстрамен глас ми се обрати, ја повикав ќерками дома и и’ забранив повеќе да се дружи со неа и нејзините истомисленички.
После неколку дена се разсветли дека обвинувањата кон мојата (тогаш 10тина години стара) ќеркичка се неосновани, но девојчето не престана да ја тероризира неа, а мене да ме навредува.
После нешто помалку од 2 години, една саботна вечер почна да врне многу снег. Неделното утро не’ раздени со прекрасните зраци на зимското сонце и прилично голема покривка од (сјајно бел) снег. Патот се’уште не беше расчистен - нити на улицата нити во нашиот двор - кога се слушна чкртање на чекори во снегот. Некој заѕвони на вратата. Јас отворив и зачудено ја видов “другарката“ на ќерками која најљубезно ме замоли да и’ простам, што со голема радост и го сторив. Утрото ќерками и незјината поранешна непријателка беа заедно со нејзиното куче на утринска прошетка, исто како никогаш ништо да не се случило.
Кога околу пладне отидовме кај моите родители на неделен ручек, мајками не замоли да и’ простиме, кажувајќи ни дека дента е
прошка. Мене случкава длабоко ме додирна, бидејќи девојчето не потекнува од христијанската култура која на тој ден ја празнува прошката, нити пак живее (географски) блиску со истата. .
Две години после оваа
прошка , враќајќи се со мојата фамилија од неделниот ручек кај родителите, во поштанското сандаче најдов убаво завиткан подарок од еден пријател, кој исто така немаше врска дека баш на тој ден е
прошка.
Што мислите, каков подарок беше тоа? .
ХалелуЈАХ!
Тоа беше една книга која
проштевањето и’ беше централна тема!
>> Земи ја Неговата слика во твоето срце <<
http://amazon.de/Nimm-sein-Bild-dein-Herz/dp/3451224046
.
Кога се молите, простувајте им на оние што се огрешиле против вас. Тогаш вашиот Небесен Татко ќе ви ги прости и вашите гревови. (Марко 11:25)
„Не судете и нема да ви биде судено! Не осудувајте, и нема да бидете осудувани! Простувајте и ќе ви биде простено! (Лука 6:37)
Бидете љубезни еден спрема друг и полни со милосрдие, простувајте си, како што и Бог ви прости преку Христос. (Ефесј. 4:32)
Толерирајте се, простувајте си кога некој ќе ви згреши. Простувајте си исто како што Господ вам милостиво ви прости. (Колосј. 3:13)
.