Најдобри vs најлоши македонски веб сајтови

најдобри? според мене. од тие што знам дека се македонски.

кајгана, мотика, тајм.мк реклама5

P.S од кога ГУГЛ.МК е МАКЕДОНСКИ сајт ?
 
kaj mene kajgana e prva

taratur, nemagreska.com., org.mk, idividi, kirilica, build.mk kurir, zolta.mk kavadar4e.com
 
P.S од кога ГУГЛ.МК е МАКЕДОНСКИ сајт ?

Google.mk е локализирана верзија на Google на македонски јазик и како таква се смета за „наш“ сајт. Барем Alexa така ја смета.

На ранкингот од сите сајтови посетувани од Македонија ги има и google.com и google.mk.
 
најискрено можам да кажам дека сите од други копирате освен tocka.com.mk малце имаат повеќе содржини и мотика нешто онака ама другиве све copy paste прават.

За Точка си во право, капа им симнувам на тие што пишувааат... Секогаш први дознаваат, први објавуваат, ептен креативни статии имаат.

Квалитетни: TIME.mk - се наоѓа кога треба да најдеш некоја вест, Kajgana.com, KafePauza.mk, IT.com.mk, On.net.mk (така-така). Толку.
За ѓубре: Фејс.мк и сите остали слични на него, еМагаре, Мотика, Тачка, Идивиди па ми јави и се' остало што не е спомнато во квалитетни.
 
најискрено можам да кажам дека сите од други копирате освен tocka.com.mk малце имаат повеќе содржини и мотика нешто онака ама другиве све copy paste прават.

Да не беше fishki.net, мотика ќе немаа од кај да апдејтираат содржини
 
Другиве сајтови ги ругате оти преведуваат, а кајгана не ја спомнувате? И кајгана преведува, а не наведува извор.

Фаил.мк не пишува статии за своите пријатели

И како може емагаре да го ставите во најлош сајт? На тој форум има повеќе квалитетен материјал отколку сите македонски форуми заедно
 
Страшно е што најголем дел од македонските портали воопшто не се креативни. Иако на најголемите портали, тие што го работат им е примарна работа (претпоставувам), наместо да се зафатат со нешто поиновативно и поистражувачки, се занимаваат со преведување на странски вести, „10 совети како да...“, итн.
 
Сите портали од браншата ''забавни и поучни'' се исти и досадни ко муви гомнарки.. почни од кајгана порталот (без љутиш) па до точка ,идивиди,мотика и слични.. ударни информации им се Анџелина ја покажа десната разголена нога... Викторија Бекам видела вонземјани и трчала како луда...10 совети како да ја освоите симпатијата ( а зашто не 11 ?) ..Барселона го брка Реал за табелата и слично... Кајгана ја вади форумов, а другите се тотална дупка сите.
 
Па да се занимаваат со нешто поинакво никој нема да ги чита. Или па ќе имаат многу помалку посети отколку што имаат сега.
--- надополнето: 28 февруари 2012 во 00:04 ---
хинт: и на форумов тоа може да се забележи. Споредете колку страни има тема со наслов на Мукаетова и се виде цицката со тема со наслов Церн, мерн, ХПВ вакцини, црвојадини итн.
 
најлоши сите „забавни“ веб страни. ја посетувам кајгана поради форумот и знам дека која друга страна да ја отворам ќе ги најдам истите работи. единствено може да се одделат ит.ком.мк, туторијали.мк, ентер.нет.мк и за музика ете нека е радио мк или ммм
 
И како може емагаре да го ставите во најлош сајт? На тој форум има повеќе квалитетен материјал отколку сите македонски форуми заедно

Точно така. Секој може да зборува, но ако дојде да прочита барем 2-3 теми веднаш мислењето му се менува.
 
Уф, малку ме разочараа Primetime со ваков наслов текст:
http://www.primetime.mk/сашко-коцев-уапсен/

Откако почнаа, навистина ми стана интересни за читање, но мора малку да повнимаваат на вакви ситуации, да не забегаат како што се случи со повеќето македонски портали.
До сега ги сметам за одлични, го прават средношколци, гледав интервју на Сител вчера, се гледа дека се навистина амбициозни и информирани, но може и без вакви „испади“.

Како и да е, се обидуваат да пишуваат самите и да не копираат од други, што е голем плус за нив.
 
Нема ништо лошо во ова, баш е добар насловот бидејќи е лажна статијата и поентата е да привлече повеќе внимание

А инаку што интервју беше тоа? Зошто им правеле нив? Клип/текст нешто?
 
Нема ништо лошо во ова, баш е добар насловот бидејќи е лажна статијата и поентата е да привлече повеќе внимание

А инаку што интервју беше тоа? Зошто им правеле нив? Клип/текст нешто?

Го имаа денес ставено на нивната Facebook страница, пробуричкај малку надолу. ;)
http://www.facebook.com/primetimemk

Инаку немам ништо против текстот, си има поента, ама не морале толку „во центар“ да удрат со насловот, можеле малку поблаго. Вака многу доаѓаат во забуна и би можеле да си нарушат углед, барем според мене.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom