Фан Клуб: Swindon Town

  • Креатор на темата Креатор на темата Smert
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.179
Поени од реакции
6.087
Локација
San Antonio TX
Swindon Town FC е основан во 1879 година, а статус на професионален клуб добива во 1894 година, кога почнува да се натпреварува во Јужната Лига. Клубот, кој е познат по прекарот The Robins, настапува на стадионот The County Ground со капацитет од 14700 гледачи.

SwindonTownFC.png


Најзначајниот момент во историјата на овој клуб е во сезоната 1968/69, кога Swindon Town, како клуб од Третата Дивизија, успеал да го совлада Арсенал во финалето од Лига Купот со 3:1. Истата сезона клубот успеал да влезе во Втората Дивизија.

Swindon Town во Премиер Лигата играл само еднаш, во сезоната 1992/93, но веднаш испаднал во понизок ранг, откако бил најслаб тим во лигата, со преку 100 примени гола.

Откако минатата сезона Swindon Town испадна од League One, сезонава е на добар пат да се врати во ова натпреварување, со оглед на тоа што моментално се наоѓа на првата позиција на табелата во League Two со бод предност и 2 натпревари помалку од второпласираниот Cheltenham Town. Тимот, предводен од менаџерот Паоло Ди Канио, во моментов има низа од 9 победи по ред. Покрај импресивните настапи во League Two, Swindon сезонава успеа да го изненади и Премиерлигашот Виган со 2:1 во рамките на третото коло од FA купот. Меѓутоа, потоа беа поразени од страна на Лестер со 2:0 во четвртото коло.

leaguetwo.jpg
 
Добро што ви е со тимовиве бе :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::гомце:
 
Добро,феилнаа премиерлигашите и сега екипи од 3 лига ќе ве тешат?Кул :unsure:
 
Добро бе, што имате толку против Swindon? Зарем не смеам да навивам за нив? Кажете колку од вас почнале да навиваат за некој клуб заради некој играч? Не смеам јас заради тренер да почнам да навивам?
 
Добро бе, што имате толку против Swindon? Зарем не смеам да навивам за нив? Кажете колку од вас почнале да навиваат за некој клуб заради некој играч? Не смеам јас заради тренер да почнам да навивам?
Смееш ама ... абе ме пресмеа у пм бегај :pos:
 
Добро бе, што имате толку против Swindon? Зарем не смеам да навивам за нив? Кажете колку од вас почнале да навиваат за некој клуб заради некој играч? Не смеам јас заради тренер да почнам да навивам?
Не смееш да навиваш за Свиндон. Забрането е со закон, види член 23, глава 15!
 
Добро е, се движиме накај блу сквер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom