Куглање...

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Za koj ste u makedonskava liga???
Iako Makpetrol gazi jas sum za 18 AVGUST!!!!

:pos: Зошто баш за 18ти? Кој имаш таму?

п.с. Јас не смеам да бидам за друг освен за Макпетрол, кој патем оваа сабота го одружва по два-тринаести пат меморијалниот турнир Гаврило Гаврилски кој е од светски ранг. :helou:
 
Neam nikoj moj samo mi se sviga nivnata kuglana posto e mnogu razlicna od drugite i ne gubat na domasen. sezonava im odi odlicno.
 
Кугларницата Мусандра отворена за рекреативци секој делник до 16 часот. Проблемот кој објектот го имаше околу фискалните сметки е надминат, но термини има само од 11 до 16 часот, потоа клубовите окупираат. Цената е солени 320 денари од час од патека, но верувајте четворица сосема добро можат да се забавуваат за тој час.

Исто така апел до кајганџии, да одиме во Тетово каде има Bowling патеки (кои се различни од европското куглање во Мусандра, Скопје), и малку да се рекреираме со овој популарен светски спорт. Викенд, недела, кога? Ајде?! :vozbud:
 
глеам една година никој нема пишано на темава...мене ме интересира дали уште важат истите услови во Мусандра како што се напишани погоре од викторгг? или има нешто изменето? ни текна со друштво да одиме да пробаме шо чудо е ова па...а, има во скопје и друга кугларница, или?
 
Мхм. Исто е. Со тоа што, ако имаш среќа можеш да начекаш можеби и некој термин после 16.00, ама ќе треба да прашаш. Ако на некој не му се оди, може да се јави на 3 163 069, ама нека има разбирање за оној кој ќе се јави од другата страна бидејќи ѕвони на телефон со жица на кој се врти, не се притискаат тастери кога се повикува број. :icon_lol: GTC rule.

Минатата година изградија неверојатно убава кугларница во Борис Трајковски. Погодете што се случува со неа, не работи бидејќи нема греење. Инаку направена во европски стил. Монитори над патеките за прикажување на срушеното, резултатот, анимации и глупости ко во светот што гледате, кафетерија која не функционира (нормално) осум патеки што е огромен простор за македонски услови, со флуоресцентни светла, бла бла бла... си скапува, онака, елегантно и во мрак додека оние чувари со IQ од минус 23 кој треба да го обезбедуваат објектот се забавуваат со калливи кондури. :wink: То ест, веќе не се забавуваат, мислам дека им ги земаа клучевите. Целиот проект тежи околу пола милион евра, не сум сигурен кој ги обезбеди, но, факт е дека пола милионче у бунар. :)
 
Сите оние кои сакаат да куглаат, во склоп на спортската сала Борис Трајковски има отворено куглана, искрено местото е многу добро.

Место каде што можеш да опуштиш и малку да се релаксираш од нервозата во текот на денот.
 
Одличен спорт,можеш да се опуштиш и све остало...порано идев доле у трговски да гледам,сеа којзнае од кога не сум бил..никад у живот неам играно..ваљда ќе пробам некад..
 
Да не почнам нова, ама вредно е :)

Шоу на македонските куглари во Баутзен (видео)
icon_at_textsize.gif
Македонските куглари се враќаат со едно злато, едно сребро и две бронзи од Светско првенство (СП) за јуниори (до 23 год.), во германскиот град Баутзен.Медалите ги освоија во игра на двојки Мери Јанева и Адријана Кочишка, како и во игра на мешани двојки (тандем микс), Кочишка и Александар Соколовски беа трети.

kuglarki---U23_Tandem.jpg

По златото во категоријата спринт Македонскиот куглар Бранко Манев го освои сребрениот медал во комбинација (збир на резултатите во поединечна и екипна конкуренција).

man.jpg

Погледнете како се бодреше нашата селекција во германскиот град.
1

27.05.2012 12:10​

Прочитана е : 154 пати​

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.​
 
Да не почнам нова, ама вредно е :)

Шоу на македонските куглари во Баутзен (видео)

icon_at_textsize.gif

Македонските куглари се враќаат со едно злато, едно сребро и две бронзи од Светско првенство (СП) за јуниори (до 23 год.), во германскиот град Баутзен.Медалите ги освоија во игра на двојки Мери Јанева и Адријана Кочишка, како и во игра на мешани двојки (тандем микс), Кочишка и Александар Соколовски беа трети.

kuglarki---U23_Tandem.jpg

По златото во категоријата спринт Македонскиот куглар Бранко Манев го освои сребрениот медал во комбинација (збир на резултатите во поединечна и екипна конкуренција).

man.jpg

Погледнете како се бодреше нашата селекција во германскиот град.

1

27.05.2012 12:10

Прочитана е : 154 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
http://brkajrabota.mk/sport/ostanati-sportovi/15816-kup-medali-od-kuglarskoto-juniorsko-prvenstvo
 
Ај некој што бил у City Mall у кугланата да ми направи споредба со таа у Борис Трајковски :) Пошто у Борис у таа само еднаш отидов ама искрено не ми го направи многу ќеифот :)
 
Ај некој што бил у City Mall у кугланата да ми направи споредба со таа у Борис Трајковски :) Пошто у Борис у таа само еднаш отидов ама искрено не ми го направи многу ќеифот :)

Борис кугланата ти е ninepin (деветка) значи мали кугли тоа е европско куглање. Таму има и тренинзи, во мол е америчка куглана големи кугли и чуњеви повеќе за рекреатива. И цените за играње им се баеги високи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom