Помош за Косово, но не и за Македонците во Албанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu5
  • Време на започнување Време на започнување
ако се „било кои“ со македонски пасош значи дека се македонци? - не сум знаел за ова.
П.С у косово имало и македонци? - и за ова не сум знаел

Значи, се работи за тромеѓето помеѓу Албанија, Македонија и Косово, областа наречена Гора, во која живеат Македонци со исламска вероисповест. Воедно говорат македонски јазик, иако службено е наречен „нашински“ јазик. Поради затвореноста и изолираноста, јазикот има определени свои специфики, но најблиску е со македонскиот. Исто така, во областа Гора, најголем град е Драгаш (т.е. општина) со повеќе македонски села. Во Гора, исто така има и македонски села од албанска страна, кои како што знаеме не се признати.
 
:facepalm: Јас јавно го пвлекувам моете претходно мислење. Имам гледано документрец на мтв1 а.к.а прва.
Нзнаев дека имало дел и во Косово, мислев дека се само во Албанија.

п.с Респекат (y)
 
Инаку денес на Сител тој главниот на Горанците во Косово се ословуваше како Македонец и тие настраданите како Македонци со исламска вероисповест. Така да Горанците не се исти како брадоњиње - американски платеници од Лабуништа што не знаат друг јазик освен македонски.
 
Јас имам еден другар Горанец или Торбеш сеедно,како сакате наречете ги.Интересно за нив е што секое лето одат во родното село,Брод,кој се наоѓа на тромеѓето меѓу Македонија,Албанија и Косово.Таму излегуваат на корзо,си пуштаат ишарети,се мачорует(се шмекаат):) и најчесто тоа им е место каде си ги запознаваат идните брачни другари.Они го љаргаат на нашински(зборуваат на нивен јазик):) инаку е доста интересен дијалект и мислам дека е многу сличен на тетовскиот,абе да ти е мерак да ги слушаш.Инаку имам впечаток дека национално не се осознаени,односно не се чувствуваат баш како Пипиркари(Македонци),не се ниту Гатовци(Албанци),Ромите ги викаат Голубари а себе си се викаат нашинци,нашинец,торбеш.За разлика од националното чувство,кое не е баш развиено,традиционално си ја почитуваат религијата-Исламот.Не сум сретнал случај да стапуваат во мешани бракови,во поглед на националноста.
Некаде на форумов прочитав дека тие имаат доста наследено генетски материјал од Античките Македонци,колку е ова вистина или пак е смешно не знам,не би ни навлегувал ама би било интересно ако некој има познавање по однос на ова прашање да пише тука.
 
Луѓе замислете сега у Март да имаше локални и парламентарни избори......имаше сите улици,села,и тротоари да светат :D

Не само што ќе го исчистеа снегот до селата,туку и чешми ќе им пуштеа успат.:pos:


Ама јбг поминаа изборите.:coffee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom