Помош за Косово, но не и за Македонците во Албанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu5
  • Време на започнување Време на започнување

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.231
Поени од реакции
7.322
Локација
Прилеп
Македонците во Албанија завеани и заборавени!

да не спамирам цела страница еве линк.
MEANWHILE
Слушнав дека че се прајчале наши хеликоптери во Косово за помош на населението.
не најдов извор за ова а слушнав на вестите на 24вести.

кизнеј како да речи чоек..
 
Така така....и пожелно е со хеликоптерот да им однесат повеќе Македонски знамиња....за да имаат што да потпалуваат за да се загреваат во овие студени февруарски денови.

Ако бе Господ е голем....правдата е бавна,ама ќе дојде.
 
Ај за политичарите знаеме сите и пак гласаме, ама и "невладините" организации сеа кај се да организираат протести?
 
еее македонче бе. продадена душа. ни палат знамиња таму а сеа им помагаме. ц ц ц абе арно рече таруно у еден пост. и сув ке го примиме и малце ке ни биде
 
Ај за политичарите знаеме сите и пак гласаме, ама и "невладините" организации сеа кај се да организираат протести?
За жал поради екстремно ниските температури дури и „разбуди се“ падна во зимски сон.
 
Помошта за Косово е наменета за Македонците во Гора, сега сите што загинаа во лавината на Косово се Горани т.е. Македонци Муслимани и скоро сите се со Македонски пасоши.
 
Помошта за Косово е наменета за Македонците во Гора, сега сите што загинаа во лавината на Косово се Горани т.е. Македонци Муслимани и скоро сите се со Македонски пасоши.
македонци муслимани или албанци со македонски пасош?
 
Во меѓувреме, во Македонија завеани села:

Нистрово, Врбјани, Ничпур, Жужје, Бибај, Галичник (Општина Маврово Ростуше)

Горна Белица, Дренок, Пискупштина, Р'жаново, Присовјани, Локов, Вишни, Јабланица, Модрич, Нерези (Општина Струга)

Огут, Луќе, Подржи Коњ, Нерав, Метежево (Општина Крива Паланка)

Длабочица, Арбанашко, Рамно, Дејловце (Општина Старо Нагоричане)

Речица, Завој, Сирула, Расино, Скребатно, Свињиште, Рамне (Општина Охрид)

Брежани, Годивје, Врбјани, Сливово, Мраморец, Арбиново , Црвена Вода и др. (Општина Дебарца)

Селата во Општина Центар Жупа, Дебарско

Лакавица, Јеловце, Трново, Куново, Страјане, Ѓоновица, Железна Река, Србиново, Падалиште (Општина Гостивар)

Пожаране, Ново Село, Врановци, Ломница, Ѓурѓевиште, Горјане (Општина Врапчиште, Гостивар)

Иванчиште, Ехлоец, Јаворец, Јудово, Добреноец, Кленоец (Општина Другово) и понатака по стариот пат кон Јама и селата накај Лазарополе и Дебар

Штавица, Бонче, Крушевица, Дуње, Витолиште, Бешиште (Општина Витолиште, Мариово)

Селата по патот за Самоков, Општина Македонски Брод

Стровја, Долгаец, Зрзе (Општина Долнени, Прилепско)

Старавина, Градешница, Маково, Рапеш (Општина Новаци, Битолско)

итн.,итн.
Целосно завеани 80 села, околу 1.000 граѓани отсечени од цивилизација

07

ФЕВ 2012
16:48

Околу осумдесет села во земјава, со над 1.000 жители, се целосно завеани со снег и отсечени од цивилизација, соопшти Центарот за управување кризи на денешната прес-конференција.
zaveani-e1328629689396.jpg
ЦУК информираше дека снежното невреме предизвика целосен прекин на наставата во 28 општини и ги отежна патничкиот, железничкиот и авионскиот сообраќај во целата земја.
Центарот нагласи дека бил во постојан контакт со жителите од отсечените села и дека ако постоело опасност врз здравјето и животот на некои од нив, или потреба од храна и лекови, ќе се интервенира со соодветна механизација.
Според прогнозата на синоптичарите, врнежите од снег попладне и вечер ќе бидат уште пообилни.
Снежната покривка на повеќе места ќе изнесува над 30 сантиметри.
Ќе дува умерен, а повремено и силен ветер од североисточен правец.
Ниските температури и студениот ветер ќе предизвикаат голомразица и снежни наноси на коловозите.
Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус три, а дневната од минус девет до минус два степени.

А за помошта, да не мислат помош за повредените Горанци во болницата во Призрен?
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=91228475&lId=1
 
Како и да е веќе, се надевам дека ќе се намалат врнежите од снег и дека ситуацијата ќе се врати во нормала во целата Европа. Барем таква надеж дава временската прогноза.
конкретно за Скопје наредниве денови​
Untitled.png
 
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=87051

Под десет метри снег малата Македонка Асмира преживеала во прегратките на мајка и
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 19:31 ---
и јас сум за помошта на македонците во албанија и косово , сакам да им се помогнат , во тешки услови се , запоставени , барем владата да им помогнат !!
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 19:31 ---
и јас сум за помошта на македонците во албанија и косово , сакам да им се помогнат , во тешки услови се , запоставени , барем владата да им помогнат !!
 
Помошта за Косово е наменета за Македонците во Гора, сега сите што загинаа во лавината на Косово се Горани т.е. Македонци Муслимани и скоро сите се со Македонски пасоши.
ако се „било кои“ со македонски пасош значи дека се македонци? - не сум знаел за ова.
П.С у косово имало и македонци? - и за ова не сум знаел
 
Викаш? Да не веруваш, кај што има политика нема Господ.
Моментално има примери(Косово и Метохија и во западна Македонија) дека има Господ па затоа им даде лавини,за да ти докаже на тебе
 
http://mk.wikipedia.org/wiki/Гора_(регион)
ако се „било кои“ со македонски пасош значи дека се македонци? - не сум знаел за ова.
П.С у косово имало и македонци? - и за ова не сум знаел

http://mk.wikipedia.org/wiki/Гора_(регион)
Население

Горани се посебен народ. Сепак, многумина од нив како Македонци од муслиманска вера.Во Косовскиот дел на Гора живеат околу 25.000 жители во најголемо мнозинство (околу 82%, според тврдењата на здружението на Македонците од Гора во Албанија) Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци кои говорат македонски јазик. Други тврдат дека зборуваат српски јазик, а третата да зборуваат бугарски
Поради тешко пристапниот предел населението на Гора (особено во Косово) константно се намалува, па така од некогашните 25.000 жители на косовскиот дел на Гора денес живеат околу 15.000 жители. Горани (Горанци) од Гора често мигрираат во Република Македонија, а 10.000 од нив имаат и македонски државјанства.
Во поголем дел е староседелско. Подоцна имало и мали доселувања на Власи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom