iPad 3

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
Apple ќе има настан во првата недела од март на кој се очекува да ја претстави третата генерација на својот таблет компјутер, iPad 3, пишува АllThingsD повикувајќи се на анонимни извори од компанијата.
Настанот треба да се одржи во Сан Франциско, во центарот за уметност Yerba Buena каде Apple вообичаено ги одржува своите настани. Најверојатно е дека уредот ќе се појави во продавниците една недела по претставувањето, како што беше и со iPad 2.
Според изворите, iPad 3 ќе биде хардверска подобрена верзија на iPad 2, со побрз процесор, графика и меморија, и ќе има Retina екран со резолуција блиску до 2048×1536. Голема веројатност е дека iPad 3 ќе има поддршка за говорниот асистент Siri, кој во моментов е достапен ексклузивно за iPhone 4S.
Oд Apple одбија да коментираат за настанот и за уредот.

Се шпекулира дека процесорот ќе биде quad core A6 1GHz а исто така има гласини за поголема батерија. Би требало да има промена и во камерата. Камерата би требало да е слична на iPhone 4S, која доби доста пофалби. Резолуцијата би останала иста, но LCD екранот би бил подобар (најверојатно од друг производител).

Па да видиме што ќе биде. Јас со нетрпение го очекувам.

ipad-2-rumors-3.jpg
google-trends-ipad-3-image.jpg
 
Не верувам дека ќе има и ретина и процесор и камера како што си напишал.

Apple не прават така, 500 нови работи во еден уред. :)
Најверојатно ќе одат со ретината бидејќи тоа ќе биде main selling point, редизајн како на втората слика тешко дека би имало...процесорот може и да остане ист, а да се смени графичката, чисто ради ретината. Камера не верувам дека ќе има од рангот на 4S, а поддршката за Сири е реална само кога би имал нов процесор.

Сепак, само со ретината они ќе може да го промовираат уредот до бескрај, па затоа ми е сумњиво дека би имало нешто друго драстично (како редизајн или прејака камера).
 
Па камерата викаат HD ќе била, па ќе видиме што ќе испадне на крај. Како на 4С.
 
Па камерата викаат HD ќе била, па ќе видиме што ќе испадне на крај. Како на 4С.

Не ми значат мегапикселите мене, како и на секој што се разбира барем малце во камериве. Ене го k750i, 3,2 мегапиксели, а боље од 5 мегапикселните на Андроид и блиску до оние на апаратите.

Проблемот е што не верувам да стават се во едно, зашто потоа како ќе продаваат iPad 4?
 
Зошто никој не спомнува дека можно е и помала верзија на ајпад? Се шпекулира дека ќе има уште една верзија околу 7 инчи екран.

П.С

Веќе има слики по интернетов дизајнот е потполно исти некој милиметар само послаб. Ќе биде и ова ако имате ајпад 2 нема потреба да се апдејтирате на 3-ката.
 
И iPhone 4 Mini требаше да има. :D
 
iPad mini

130192549946.jpg

:pos:
 
А дали ти текнува колку се шпекулираше дека ќе има iPhone 4 Mini?
И на крај мини не видовме. Туку само 4С. Мое мислење е дека исто ќе биде и со ова. Само шпекулации и на крај ништо од iPad Mini.
 
А дали ти текнува колку се шпекулираше дека ќе има iPhone 4 Mini?
И на крај мини не видовме. Туку само 4С. Мое мислење е дека исто ќе биде и со ова. Само шпекулации и на крај ништо од iPad Mini.

Би требало да направат мини, бидејќи конкуренцијата е се поголема. Можеби нема да биде пуштен во продажба исто со "големиот" ајпат но ќе биде сигурно. Можеби ги чекаат таблетите на windows 8 па тогаш заедно со нив. Кој знае какви се планови имаат.
 
Се е супер ова уште да имавме во Македонија кеш да купиме нешто вакво иако производиве на Апл се високо квалитетни цената им е превисока.
За тие пари може човек да си купи лаптоп со сите матракуки на него (дизајн,графичка,процесор,меморија,камера,порти итн) од некоја добра фирма и пак да заштеди на пола.
 
Втората слика од првиот пост е толку нубски направена што од стотици километри се гледа дека е fanboy made и дека нема врска со идниот iPad.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom