Најпрво, голема благодарност до Инк, кај кого престојував додека бев во Софија, а исто така и издвои 3 дена за да ме прошета и запознае подобро со Софија отколку што јас би го направел тоа доколку бев сам.
Планирав да ја посетам Софија некое време, и ме интесираше, сакав да видам каков е животот таму, а во исто време на неколку дена да избегам и од Скопјево.
Па, моите очекувања беа навистина мали, претставата за Софија сосема различна и погрешна од тоа со кое се соочив тие неколку дена. Претпоставувам тоа се должи на нашите стереотипи и непознавање на Софија и Блгарија, но исто така и од вашите жалби и поплаки за овој град... Сива била, депресивна била, ова била тоа била... Не знам за вас ама мене ми се допадна многу и пријатно ме изненади
Според мене Софија е еден прекрасен микс од се по нешто. Кога одам било каде моето внимание е насочено кон животот, атмосферата, амбиентот, а не толку кон објекти и знаменитости. Не дека не забележувам, туку едноставно не сум вообичаен турист со апаратот во раце правејќи слики од сѐ што по некое правило треба да се сликне. Наместо тоа, јас гледам што повеќе да го почуствувам животот на тоа место.
Па така ова се моите впечатоци. Како што кажав Софија е прекасен микс на сѐ по нешто, на убава стара архитектура, подржана и не подржана, нова и модерна архитектура, социјалистичка архитектура која иако е стара и не подржана сепак не е нешто толко лошо колку што го имате опишувано или се гледа на слики, панелките мене баш ми се интрересни, така разиграни. Од станбените населби најмногу бев во Дрвеница и Младост и можам да кажам дека иако слични населби во Скопје се подобро подржани, би кажал исто така дека не е страшно, се чувствував пријатно и мислам дека со тек на време и тие некои недостатоци ќе се остранат. Дрвеница многу ми наликуваше на наш Карпош, така со улички помеѓу зградите. Можам да кажам дека од кај Инк од балкон не ја чувствував разлика помеѓу Скопје и Софија. Баш пријатно ми беше.
Центарот на Софија многу ми се допадна, убав е, секако секогаш може да биде и поубав, да се досредат некои работи, ама според мене денес е оптимален. А гледам и дека работите на многу работи, ги подобрувате, реновирате, обновувате. И тоа е нешто што најмногу ми се допадна во Софија, покрај останатиот инфраструктурен развој и развојот на јавниот превоз, тоа што знаете што правите и имате правилен развој и перспектива за во подалечна иднина, а не како кај нас, од денес за утре.
Градините во Софија се едни од местата кои најмногу ми се допаѓаат и во кои сакав да поминувам повеќе време, Градската градина е прекрасна и многу пријатно место, Јужниот парк исто така е многу убаво место, Докторската е добро средена, а во Борисовата бев на кратко, но и таа ми се допадна.
Подлезите во Софија исто така ми се многу интересен момент, а најубаво ми беше во тој кај Св. Климент Охридски, многу пријатно место.
Затворениот пазар е исто така интересно место.
Ме изненадија чешмите на топла минерална вода, не знаев дека такво нешто постои... се напив малку онака скептично
А старата бања изгледа убаво од надвор.
Сите цркви кои ги видов беа многу убави, а влегов во Невски и внатре навистина беше убаво, Инк ми кажа дека сакате да ја средувате, а мене ми изгледаше баш како што треба да биде, освен ако треба да има структурни подобрувања, тогаш да. Го видов и дедо Добре.
http://www.skyscrapercity.com/showpost.php?p=124919838&postcount=5321