Marionka_z
Omnia mea mecum porto
- Член од
- 16 јануари 2009
- Мислења
- 208
- Поени од реакции
- 29
Прво, не би рекла дека нешто е совршено, било што, а посебно не една врска помеѓу две личности, кои и самите се несовршени. Може така несовршени да си одговараат, да се надополнуваат, да се просто створени еден за друг и како такви да се дел од една убава заедница, која во никој случај со тоа што е убава, не значи дека е совршена.
Во таа врска, значи постои љубов, разбирање, толеранција, компромиси, почит, доверба...но и недоразбирања, расправии, па и страв, нормално. Стравот е присутен во секој случај. Дали станува збор за страв дека ќе дојде крај, дека ќе ја изгубиме саканата личност, дека таа убавина ќе згасне, небитно. Сепак стравот постои. Е сега, ако сме сигурни дека тоа нешто што го имаме е она вистинското, единствено што можеме да направиме е да му се спротивставиме на стравот и да не дозволиме да не окупира и завладее со нас, навлекувајќи ни разни црни мисли, па на крајот да не одведе во пропаст.
Второ, стравот во одредена доза е нормален и здрав, затоа што покажува дека сме живи, дека реагираме, дека не сме се успале во врската до тој степен што просто не ни е битно што се случува. Таа преголема сигурност дека се е во ред, може да не заслепи, па и да не приметиме дека врската ни виси на конец, а ние мирно спиеме улулкани во "совршенството" кое го имаме.
Стравот кој се јавува понекогаш и во мали дози е и добар мотиватор да се запрашаме што правиме во врската, до каде сме стигнале и на каде продолжуваме.