Elemental во Хавана - 17.03.2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Аууу КОНЦЕРТИШТЕ!!!!!!!!

Фотографии од Дими (Кајгана) ТУКА.

Текст од БркајРабота:

Елементал ги испотија скопјани

Хрватскиот хип-хоп состав „Елементал“ вчера во клубот Хавана буквално ја испоти скопската публика. Настапот беше дел од планираната концертна тријада Загреб-Белград-Скопје за промоција на новиот албум „Вертиго“.

Иако закажан за 23 часот, настапот почна со очекувано доцнење од околу час и половина кога атмосферата беше најжешка. Хавана беше претесна, желбата сите да си го видат омилениот бенд создаде гужва дури и на скалите. Елементал им се многу добро познати на македонската публика, лидерот на бендот, Мирела Приселац - Реми, дури во еден момент праша, дали тука сите учат хрватски, изненадена што публиката ги пее текстовите на песните од почеток до крај. Сите раце беа кренати високо горе, сите усти пееја: „Романтика“, „Тако лепа“, „Црвено“...

„Кога сме заедно се случуваат чуда“, им порача на своите македонски фанови Лука Тралиќ-Шот пред да им ја посвети „Прсти једне руке“. Хип-хоперите порачаа „тој што се тепа не се сака“, алудирајќи на последните инциденти низ државава, посакаа мир и љубов и продолжија со песните од „Вертиго“. Групата се врати и на бис за да ја заокружи феноменалната вечер во Хавана.

По концертот, коментарите на посетителите беа единствено позитивни, а социјалните мрежи преплавени со коментари од кои некои гласеа „концертот на годината“.
 
Одличен, одличен бенд, вистинско освежување. Под притиском и Вертиго се извонредни албуми, мислам дека нема една лоша песна меѓу тие 20 и кусур. Па и Мале ствари исто. Ги имам слушано неколку пати, секогаш биле одлични па така и сега. Знаеш дека концертот бил супер кога после свирка ти доаѓа да си пуштиш некоја песна што инаку поретко си ја пуштал, ама ја свиреле вечерта и ти останала во глава :) . Од она што имам слушнато за мене се најдобар бенд на Балканот моментално. Текстови врв, енергија врв, креативна музичка подлога. 10-ка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom