- Член од
- 18 јануари 2011
- Мислења
- 1.605
- Поени од реакции
- 748
Дури 8 од 10 Грци против зборот Македонија во името на земјава
Дури 8 од десет граѓани на Грција се против употребата на зборот Македонија во името на земјава. Фрапантните податоци од истражувањето на јавното мислење ја откриваат и главната причина за отпорот на грчките власти при решавање на спорот за името. Според резултатите, најголемиот дел од граѓаните на европска Грција повеќе се секираат за националната гордост отколку за потребата од храна. Не куртулија ни политичарите. Папандреу и Пападимос народот ги гледа како предавници.
Против терминот Македонија во името на нашата земја се изјасниле 8 од 10 Грци, во анкетата спроведена за интернет порталот Њузбомб. Во истражувањето спроведено на 1.000 испитаници од цела Грција, 75,4% се изјасниле против именката Македонија или изведените зборови од неа, 14,1 % немаат проблем, додека пак останатите 10.5% се неодредени односно или не сакале да одговорат или биле неутрални.
Јасно е зошто позициите на Гејлада се толку цврсти.Нејасно е зошто Европа и НАТО а богами и некој домашни политичари го толерират, одобруват дури и подржуват овој фашизоиден национализам .
И мене ако ми се кради историјата исто ќе мислам...