Полицијата ги следи Фејсбук националистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Polaris
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Se nadevam deka i forumite ke se sledat,a ne samo faceboocite,duri mozam da kazam deka forumite se po opasni..(y)



Полицијата ги следи Фејсбук националистите

Полицајците се на Фејсбук, не за дружење туку ги следат групите кои повикуваат на протести и шират меѓунационална омраза. Од МВР велат дека за насилниците е известена и централата на Фејсбук. Социолозите сметаат дека ова не е нова појава, туку нешто што е присутно и по потреба се распалува од политичките елити.


getImageThumbnail.axd
Се разгоре говорот на омраза на социјалните мрежи. Се повикува на протести, на насилства, одмазди. После струшките настани, втор ден на Фејсбук се бие националистичка битка, која се најавува дека ќе заврши со собири на улици. Закажан е протест во Битола, а веќе 300 луѓе го потврдија своето учество. Организаторите не го пријавиле протестот во полиција. МВР дознало од социјалната мрежа.

- МВР започна интензивно да ги следи овие дебати, овие групи што се формираа. Веќе од страна на единицата за борба со компјутерски криминал е упатено писмо до Фејсбук за укинување на групите коишто користат говор на омраза и коишто повикуваат на ширење на меѓуетничка, меѓуверска нетрпеливост и нетолеранција. – вели Иво Котевски – портпарол на МВР.

Но МВР има уште само неколку часа за да ја укине групата пред протестот што е најавен за утре. Не смее никако наивно и сеирџиски отстрана да се читаат коментарите во кои се поттикнува меѓунационална омраза. Професорката Стојановска, предупредува на моќта на социјалните мрежи.

- Мораме да ги сфатиме сериозно социјалните мрежи, особено кога станува збор за уривање на некој вредносен концепт, за исмејување на некоја етничка група, на некоја конфесионална група. Во овој случај имаме флагрантно повикување на омраза. Бидејќи вие повикувате, а тој повик може да вроди со соодветна реакција - изјави д-р Татјана Стојановска од Филозофскиот факултет.

МВР ќе ги следи профилите на луѓето кои преку социјалните мрежи ги разгоруваат меѓуетничките односи. Во овие сензитивни моменти многу е важно политичарите да внимаваат какви пораки испраќаат.

- Не директно, меѓутоа на индиректен и суптилен начин, одредени членови на политичката елита го поддржуваат можеби нееклатантно овој тип на омраза, но одредени групи кои продуцираат насилство, агресија, навреда на другиот, поинаквиот. – смета Стојановска.

Пораки со заканувачка содржина беа испратени и на интернет адресата на Канал 5 до маскираниот вевчанец, кој вчера се извини за непријатностите кои ги предизвикала една маска на карневалот. МВР треба да провери кој ги испраќа и овие пораки.​
 
И демек ако на интернет кажувам смрт за ш... (пример само) ќе можат они да ме уапсат или гајле ми е што ќе ме следат ?
Ако сакам да направам нешто јас на дело нема да се договарам на фејсбук сигурно :tapp:
 
Хех...абе овие од МВР мајтап си прават....

Абре ние шо дремеме по интернетов,дајте ни нас,одма ќе ви ископаме над 100тина подбуцнувачи на национална омраза.....документирано со постови со се.

МВР слушнете го мојот глас,и ве молам понудете ми да работам хонорарно за вас.....за Македонија се работи.

:)
 
Pa opsto poznato e deka Facebook e napraven da otkriva pedofilija i teroristicki napadi vrz Amerikanskata nacija .CIA i Pentagon imaat umesano prsti........

Zatoa ne mu veruvajte mnogu na toa jenki sranje.
шо трескаш бе. ако неко организира напад демек по фејсбук ке организира? не заебаај такви работи се прават лице во лице.

П.С од полицијава неможеш да мрднеш а. сеа и на фејс ја има демек :) брао за нив. ај нека отворат еден сектор кај што ке прегледува клипови по јутуб. таму највеќе национализам и омраза има!
 
Не да факаат на фб и тоа како факаат ех колку познаници имам што ги имаат фатено преку фб за разни дела ама сега обично лугето знаат да не прават такви муабети на фб или на нет.
 
Јас мислам дека треба Иво Котески да го пуштиме на разговор кај Марк Цукерберг, и да преговара околу овие групи, банди,мафии дирекно да го изветува за секој нивни пост па макар и аплоад на Доказ од Цеца и бандитските коментари и мислења на тоа видео, при што ќе ги заклучиме нивните задни мафијашки намери.
Секој што ќе нападне некој друг преку одреден бандитски (националистички, рацистички) статус или ќе основа група со навредлива содржина од истоимената тематика , да биде тајно следен од полицијата 24/7 да не направи некоја материјална штета и нанесе некое социално зло врз човечтвото од спотивната религија или нација.
Министерката Јанкуловска задолжително да се слика со Марк, и нејзината фотографија обавезно да ја стави како профил пикчр со цел да ги заплаши овие банди, и да им укаже дека ги следи а при тоа и помага нејзината лева рака Марк( извини Марк, Иво е десна). Под оваа фотка треба да има коментари-комплименти од највисоките врвови на министерството за одбрана и внатрешни работи и минимум 700 лајкови од полицајци.
Исто така треба да се направи акција на полицијата така што секој полицаец ќе испрати 300 покани за пријателство на непознати и сумливи ликови а доколку е инспектор или детектив минимум 600, при тоа треба да ги камуфлираат нивните работни позиции и да напишат нешто како на пример(цвеќар, музичар, волшебник,резбар) што ќе ги привлече на бандитите да им ја прифатат нивната покана за пријателство. Што се однесува до полицијата од понежниот пол, треба да направат нови профили (слатка ,заводлива, секси) да си стават провокативни слики привлечни за мафијашите и да ги направат нивни пријатели, и преку возбудливи еротски разговори да ја откријат нивната скриена намера, и местото за протестот што планираат да го направат.
На секој нивни статус, слика или видео треба да се направи принт скрин и дирекно во папката ''бандидска архива'' со тоа што ќе се користи како доказ на суд и како основа на тие бандитски статуси ќе биде издаден налог за апсење на истоимените.
Бандитите кои ќе организираат протести преку фејзбук,ќе бидат уапсени и ќе се осудат на 2-5 години робија при што во нивните ќелии ќе им биде поклонет компјутер и пристап на интернет, но ќе бидат цензуирани социалните мрежи и форуми за да не договорат бунт и во затворот.
На таквите сумливи ликови не треба да им веруваме никогаш, затоа што не знаеме на што се способни, како на пример повикуваат на бунт преку фејзбук и твитер, при што многу вешто ги прикриваат статусите и ги прават видливи -френд анд фемили онли. Исто така и 5 минути пред статусот прикачуваат линк од Шабан Шаулич, а после статусот нецели 5 минути прикачуваат линк од Еминем. Но тоа не претставува проблем за нивно следење, Иво Котески и Гордана Јанкулоска ќе го решат проблемот , нема потреба од паника.

Затоа бандити внимавајте како се однесувате што правите и пишувате на фејзбук, некој ве следи:tapp::tapp::tapp::tapp::pos::pos::pos::pos:
--- надополнето: 3 февруари 2012 во 04:19 ---
Не да факаат на фб и тоа како факаат ех колку познаници имам што ги имаат фатено преку фб за разни дела ама сега обично лугето знаат да не прават такви муабети на фб или на нет.
На пример наркоман го фаќаат на следниот начин.
Кога прави роденден ќе напише статус- повелете на торта ќе дуваме
Или дилер ќе прикачи линк од песната- ''траво зелена''-Брача без гача
 
Aбре несалам работа, како што спомна “Македонец“ погоре, од овие што дремат со саати по фејсбук по форуми можат да му изваат цело досие а не да дремеле да чекаат да видат кој бил поттикнувач на омраза...
Али стандард, колку да се кажи оти се работи нешто, не за друго:) Мислам, будното дремење немаше потреба да биди кога се палеа цркви, будното дремње на интернет е битното пошто ако пишиш на интернет Ќе те убијам, некому, добиваш казна затвор за ОБИД ЗА УБИСТВО:)
 
Уште полицијата да ни ги контролира соновите, да не сонуваме нешто што нетреба, верска и национална нетрпеливост!
 
Од форумов и така бараа некој хард-диск, ја викам нека го селат серверот на побезбедно место, не се знае утре кој може да тропне на врата. :icon_mrgr:
 
А да ги следат оние што се пукаат по улици?

Енивејз и така ќе буљаат голи малолетнички, nothing to worry about.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom