Најголемата масовна гробница во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Казаки
  • Време на започнување Време на започнување
Уф колку сакам вакви емисии. Посебно кога се работи за наша држава. За места што сеуште немам ни слушнато дека таму и таму се дешавало нешто.
п.с. верувам дека постоеле и кај нас масовни гробници. И тоа премногу. Добро е да се знае се што е ново и значајно за нашата држава.
 
-икони се краделе од црквите сега во 21 век
а јас пак мислев само фашистите “ослободители“ го правеле тоа
овие биле бетер не се ни ослободители ни поробители туку наши
свој си крадат од своето, што им го оставиле во наследство.
-Па си можеле и тоа непопречени од никого.Полиција немало.
А знаете зошто.Па нема кафичи и ќебапчилници по тие села таму.
Се знае каде е нашата полиција лоцирана и паркирана.Пази те
молам по некоја случајност едни крадци се фатени ама судот тс.
државата ги ослободува за пак да си ја вршат работата.Значи
главните арамии се од државата и власта а некој и со бела брада.
Наскоро не дај боже и камениот мост ќе ни го однесат само се
чека купувач и скопска магла од ден два и оп го нема.
-Веќе се спрема Македонија да ја Нема.Почнаа од Црквите.
-Само Господ може да не спаси,да почнеме да се крстиме.
 
Не се согласувам со свештенството дека Македонската Православна Црквата - охридска архиепископија нема пари за да ги заштити црквите. Ако се откажат од еден џип, тогаш ќе можат да стават камери во најмалку 50 цркви.
 
Не се согласувам со свештенството дека Македонската Православна Црквата - охридска архиепископија нема пари за да ги заштити црквите. Ако се откажат од еден џип, тогаш ќе можат да стават камери во најмалку 50 цркви.
Камерите нема да го спречат проблемот. Треба други мерки кои ќе спречат да дојде до такво нешто.
 
Камерите нема да го спречат проблемот. Треба други мерки кои ќе спречат да дојде до такво нешто.

Потполно се согласувам дека со камерите нема да се спречи проблемот, но мора да се почне од некаде. Порано поповите наоколу шетаа со коњи и магариња, па не фалеше ништо во црквите. Од памтивек, во секое село си имало по некој лопов, познат на сите, но ни лоповот не се дрзнувал да сквернави било чии верски објекти. Сега живееме во помодерно време, кога имаме познати сторители и богати и компромитирани попови и оџи кои се шетаат со нови џипови. Свештенството како да заборави на народот... Мислам дека сторителите им се познати, ама, веројатно бидејќи ни тие не се чисти, се потргнуваат на страна.
Еден поп е надлежен за едно село, како може попот да не си ги знае верниците?! Велат дека доаѓаат луѓе од другата страна на границата, па затоа не можат да се одбранат. В ред, но нека ни кажат што презеле за да ги заштитат црквите и манастирите? Ако немаат пари, нека се отвори една жиро сметка на која граѓаните ќе можат да донираат пари, НО свештените лица да не ги чепкаат тие пари.

Проблемот не е ниту во различните свети книги, ниту пак кој како ги чита, единствено парите се проблемот!

Не можам сите свештени лица да ги ставам во ист кош, не се сите исти.
 
-краток расказ “кога поповите одева пешки“
долго време живеев во близина на православниот храм
Свети Димитрија во Еврејското мало.Ние деца од школска
возраст кога ќе видевме свештеник демек поп во црна
мантија па и преку улица да е задолжително го почитувавме
со тоа што му бакнувавме рака.Со тој гест мислиме ја
бакнуваме црквата и верата а незнам од кај тоа се всадило
во нас, сигурно сме ги виделе нашите мајки како го прават тоа.
Дури ние мали сме мислеле дека е грев ако го одминеме тс.
сме го поисветувале со господ или уште поточно господ во тоа
време беше со или во свештените лица кој ги почитувавме.
Денес е друго време.Време на арамии,на високообразовани
арамии кој ги има во сите сегменти на државата од нејзината
влада до директорчињата кој друго и незнаат па дури тоа влегло
и во светите храмови и светите лица.
-Денес поповите не одат пешки,нема кој да им бакне рака и да
сака неможе.Денес и господ дигнал раце и од нив како и од се.
-За ситните арамии по пазари и автобуси да не арчиме муабет
државата мисли на нив колку да се каже нешто работат
“том и џери“- си играат.А ова што се прави со години по нашите
православни храмови не можат да го откријат и сопрат.
Се крадат ли икони,се краде дел од Македонија
Ја губиме ли црквата,ја губиме Македонија
 
Потполно се согласувам дека со камерите нема да се спречи п
Не можам сите свештени лица да ги ставам во ист кош, не се сите исти.


mora da ima fizicko obezbeduvanje na teren prisutno samo taka crkvite ce bidat zastiteni
a pari imaat kaj si videla pop siromav nema pop so nema mercedes !!!
--- надополнето: 31 јануари 2012 во 21:28 ---
-краток расказ “кога поповите одева пешки“

Се крадат ли икони,се краде дел од Македонија
Ја губиме ли црквата,ја губиме Македонија

Tocno vo golem del od makedonskata istorija e povrzan tokmu os crkvata !!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom