Не прочитав баш се што е пишано... така да, ако нешто повторам ве молам не замеравајте.
Растафаризмот во основа е религија, но од многу луѓе е прифатена како филозофија на живот. Сепак... потребни се некои услови што Растафаризмот ги нема за да биде официјално признаен како филозофија. Како прво, прекратко време постои за да се свати како сериозна религија, како второ, никаде во светот нема да најдете Растафари храм.
Како и да сакате да го прифатите (или не) Растафаризмот, фактите се исти.
Растафаризмот се базира на Христијанството. Се верува во еден семоќен Бог којшто го пратил својот син Исус Христус на земјата за да го спаси човештвото. Сеа... да не го тупам... кој го интересира Христијанство, може да прочита нешто во животов (постои Библија , ако ништо друго).
Има неколку многу важни разлики помеѓу Христијанство и Растафаризам.
1. Растафаризмот не проповеда дека треба на овој свет да го заслужиме нашето место во Рајот преку мачење. Е сеа... тоа не значи дека треба да си играш ку*от и да тепаш све живо. Според Растафаризмот и на овој треба да уживаш, и да живееш среќен живот.
Некои најважни обележја на Растафаризмот :
Меѓусебно почитување и еднаквост: Сигурно сте го чуле Растафари изразот I and I (Јас и јас) ... тоа значи две ствари: Прво, го означува единството со Бога (Џа, или Jah во оригинал), а како второ, го означува почитувањето кон другиот (било кое човечко суштество, без разлика на раса, пол, националност или религија). Со тоа што го нарекуваш и него I го прикажуваш како еднаков на себе.
Марихуаната: Прво и основно... не е обавезна.... не секој Растафари ја конзумира (дали преку пушење, дали преку јадење (ова второво е класифицирано како DO NOT TRY THIS AT HOME) ) ....Марихуаната се користи како помош при медитација, при обид “да се допре Бога“. Постојат повеќе места во библијата каде што се спомнува “Светата Билка“ и нејзиното одобување од Џа. Не сум сигурен колку е точен преводоt, али идеше нешо као “Ја створив тревата за добитокот, и Билката за човекот“. Има уште еден куп цитати кои што се во тој контекст... али оваа е најексплоатирана.
2. Според библијата во рок од 2000 години после доаѓањето на Христа на Земјата, ќе се појави нов Месија за да му помогне на угнетениот човек. Според Растафаризмот тоа е Халие Селасие, Кралот на Етиопиоја (орг. HIM Hallie Selassie... HIM уствари е His Imperial Majesty) кој е роден како Рас Тафари . Е сеа... за нас како Македонци тој нема напраено ама баш ништо... пошто, постојат луѓе (или... подобро речено, кога живеел он постоеле луѓе) на коишто многу поише им требало Божја помош. Е сеа... нема да пишувам што се напраил Селасие, постои Гугл... кој го интересира... знае шо да праи...
------
Доста предавање за денес... има уште многу.... али ... малце и за друг пат да има

Отворен сум за дискусија... Има уште многу работи коишто јас не ги знам за Растафаризмот... ако нешто некој знае плус... или е расположен за дискусија... екстра... пиши
Уше една ствар... приметив дека некој го пиша она знамето со тревката како Јамајканско... Тробојницата Зелено-Жолто-Црвено е всушност знамето на Етиопија, родното место на Растафаризмот и на Халие Селасие.

ftopic: А... зошо уствари темава е стаена у музика ? ? ?малце ко да не и е мсто тука ?