Oвој Никола увек знае да ми го направи денот
Делумно се согласувам со заклучоков, иако генерализации ретко се добра работа.
Има неколку причини што може да направат жените полесно да го поднесат фактот дека не се во врска.
Прво, на жените
(зборам за возрасни зрели жени со живот и обврски) ретко им е љубовниот (сексуален) план приоритетен. Жените се порационални и ги ставаат на преден план другите полиња
(зависно од животниот период, тоа се факултетот, работата, децата итн.), а од друга страна
поголем дел од нив се свесни дека (ова не може да се побие!) се во прилично попогодна состојба да бираат кога станува збор за секс (и после љубов).
Просечна жена би имала повисока самодоверба во убеденоста дека ќе си најде партнер кога тоа ќе го посака, отколку просечен маж.
Мада ипак е индивидуално на крај.