Моментот на адреналин и еуфорија од тоа какви епски дела те чекаат што го почуствував кога прв пат ја уклучив играва пред толку многу години и ја слушнав песнава никогаш повеќе не ми се повторил. Мислам дека седев едно пола саат само слушајки ја пред да почнам да играм.
Продолжението немаше според мене добра тема. Тоа ме загрижи дека квалитетот на играта ке биде лош се додека не бев исправен во мислењето играјки ја играта која во секој аспект беше подобра од својот претходник. Кога дојде експанзијата која требаше епската приказна на Baldur's Gate да ја заврши на висока нота беше пропратена со оваа мелодија која по мое мислење е најдобрата во било која ролплеинг игра и направи само поголеми очекувања да имам од самата игра, кои за жал не беа исполнети. Веројатно има некоја поука во ова ама па премногу ми е клише и ме мрзи да го пишам.
Пред неколку години кога барав поинт и клик авантури ми ја препорачаа оваа игра како и уште една од Хидео Коџима кои се направени пред да почне со МГС. И двете беа добри, ама на оваа саундтракот што се состои од тутутутутут ми остана заглавен во глава и мислам дека е главна причина за појавата на мојата шизофренија од која барам спас и утеха во курви, дроги и алкохол.
Почнува од 3.10
Enjoy having the song stuck in your head motherfuckers!