Како бе можете да бидете слепи на очигледното? Кај бегаат? Зошто бегаат? Кој го држи Ирак и Авганистан? Будали се да им гине војска?
САД се моментално тие кои кажуваат. Ако некој може да им парира тоа е Русија, а они најчесто си се договараат меѓусебе, така да....
Ај врати се назад 13 години, Србија преголем залак, оп Косово отиде, Авганистан, Ирак, Либија. Дали една војна имаат изгубено? Освен Виетнам што го рачунаат пораз, но јас мислам дека Виетнам го рачунаат пораз за да не се експонираат огромниот број жртви што ги дал Виетнам во таа војна. Едноставно им е дозволена морална победа.
А за да видите дали ќе има копнена офанзива или не, не треба да гледате во јачината на Иран. Иран е далеку поинфериорен од САД. Иран 8 години губеше во војната со Ирак, а САД ги згазија Ирак за 3 недели. Така да види го есапот. Дали ќе има војна или не, зависи од други фактори, а најважниот е, колку и како им се исплати на САД, дали и за колку време ќе може да го покрие маркетингот за домашната јавност и на крај колку ќе бара Русија за да ќути.
А прикаските за тајни оружја и за непобедлива армија, за бомбаши самоубијци и глупости остајте ги на други. Ако се победуваше војна со бомбаши самоубијци Израел нема да постоеше до сега.
Војните перцепирани како тепачка меѓу двајца во која едниот “му ја скрши кичмата“ на другиот се резултат на образовно-медиуската лоботомија која кај жртвата даунлодира симплифициран начин на перцепција.
За жал, за да се дискутира на такви теми човек мора да се стави во тој калап инаку дискусијата скоро и да не е можна these days.
Во секој конфликт како и во секоја комбинација оној/оние кои излегуваат со поголема вредност отколку што вложиле се добитници. Постои и “воен аспект“ околу евентуален победник или поразен. Иако не дава никогаш прецизен одговор.
Во Виет Нам победи воено-индустрискиот комплекс, власниците и акционерите нивни и режимот на Хо Ши Мин кој ја прошири својата власт над Јужен Виет Нам. Како и во секоја војна. Добитниците во ниеден момент лично не биле засегнати или под ризик.
Од воен аспект, оружените сили на САД не ги остварија целите заедно со своите сојузници, коалицијата имала околу 400.000 мртви од кои 60.000 амери. (околу 10.000 авиони и хеликоптери, на голема радост на корпорациите).
Ниту го оневозможија Виет Конг ниту го спречија паѓањето на Ј.Виет Нам ниту спречија ширење на комунизмот во Индокина (Лаос, Камбоџа).
Нормално разликите меѓу декларираните и реалните цели се присутни секогаш. Но не е пожелно граѓаните да се замараат со тоа, доволно е “ние и тие“, “кршење на кичмата“, “еј брат виде шо му кажа Путин на Обама а?“ и слично...
Цел на “САД“ (уште една заблуда, не постои некаков заеднички именител како САД во било кој поглед како што не постои за ниедна држава, постојат сегменти во општеството и економијата кои виреат како даночни обврзници на државата позната како САД или whatever) т.е. цел на администрацијата и воениот комплекс се - иранските извори на нафта и гас, профити и екстра профити од зголемената потреба за воено трошење, наголемен арач кај домашното население, политичко влијание кое би се употребило за понатамошни цели...и некои други работи.
Во војната во Ирак (која сеуште трае) победници сега за сега се повторно корпорациите и нивните пиони на власт, марионетскиот режим во Багдад кој барем привремено ќе има власт и шиитскиот клер во Иран. Армијата на САД се повлече од Ирак, освен мал број за заштита на амбасадата (која е поголема од Ватикан) и приватните контрактори за заштита на нафтни извори.
Како и во Либија, така и во Ирак животот на новите власти зависи од логистиката на корпоративните господари кои и ги донеле на власт.
Btw...иранската нафта почна да се продава за злато...