Македонските наставнички да ги остават тангите за дома

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Неколку училишта низ Македонија воведуваат кодекс на облекување за просветните работници или, конкретно, за женскиот пол. На наставничките им се забрануваат следниве работи: џинс, провидна облека, танга гаќички, деколте, маички со гол грб итн. Сепак, оваа забрана не е официјална, односно училиштата сè уште немаат кодекс на облекување. Овие забрани засега доаѓаат од директорите на училиштата, пренесени преку устена опомена до наставничките.

Оваа вест, што вчера ја објави телевизијата „Канал 5“, веќе денеска стигна во нашето блиско соседство, па така насловите на денешните вести гласат: „Нови правила во македонските училишта, наставничките не смеат да носат танга гаќички...“ Во суштина, овој проблем е реалност во многу средни и основни училишта, непристојниот и провокативен изглед на наставничките влијае врз авторитетот што сакаат да го постават врз учениците. Истовремено да ги учат за морални вредности, етика на однесување и од нив да изградат личности кои имаат основна култура.

Меѓутоа, ако изгледот на наставничките не соодветствува со професијата, дали би требало училиштата да размислуваат да воведуваат кодекс на облекување? Ова прашање, во суштина, е дебата што трае долго време. Дали училиштата треба да ја поддржат униформноста или слободата на изборот на изразување преку својот изглед? Дали училиштата треба да ги мотивираат индивидуите или колективната свест на еднаквост? Или, во овој конкретен случај, не се работи за ништо друго, освен за непристојност и недостаток на основна култура кај оние што треба да ги воспитуваат идните генерации?

Сметам дека последното прашање го содржи и одговорот на проблемот, за оние наставнички кои не се свесни за значењето и тежината на својата професија и сметаат дека училиштето е нивната модна писта, можеби треба да се доволно свесни сами да ја напуштат работната позиција. Ниту еден кодекс или закон не може да нè научи на нешто за кое треба да сме самите свесни, нели?

 
А како ќе знаат дали некоја носи танга или не, ќе ги проверуваат на влезот на школото?

Иначе во ред е да има некаков кодекс на облекување, се знае како се оди на работи, иако не знам зошто и фармерките би влегле у категорија „недолична„ облека.
 
Па само 2 такви имаше во моето школо ко бев средно :(

Во врска со темата, да...
Нека добијат и тие униформа исто како и учениците.Не е штетно.
 
Доста бе демек на децата им шкоди секси тичерс. Како напалени мајмуни сите присуствуваат на наставата, ги дрват на часови а после со собраниот материјал ги чукаат и сега во ред било униформа да носеле. Кој како сака нека се облекува демократија е ова на 21 век, нека не не враќаат во праисторијата, ако јас се прашувам
 
Абе ајде мантии нека им дадат ебате. Што не им забранат на секретарките нивни, овие од министерствата и градоначалниците „провокативно“ облекување !? :cautious:
 
И од кога фармерките спаѓаат под провокативна облека? :cautious:
 
И од кога фармерките спаѓаат под провокативна облека? :cautious:
Eве зш ги забраниле, на све мислат :pos:

levis-501.jpg
 
И од кога фармерките спаѓаат под провокативна облека? :cautious:
У СФРЈ не смееле да носат ништо со ногавици(панталони, фармерки), исклучително сукња :) Иако мене ми се попровокативни со сукњи некако :icon_lol:
 
Превише либерално не чини. Како и воведување на униформи. After all this is a public school. Но како што гледам работиве што се дешаваат во политичка перцепција, не би ме зачудило да завршиме ко Северна Кореа.
 
Руба краси, руба гнаси, кога со рубата се сокрива нестручноста тогаш учениците добиваа полни очи празни глави.
 
Сум за воведување на закони за носење униформи, и за учениците и за наставниците, дисциплина, примарност, камшик.....така се гради здрава младина....видете пример Јапонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom