Вработени во пасошко ваделе фалц патни исправи за државјани на Косово

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Во текот на месецов, 29 годишниот Б.О. и 31-годишниот П.Б. од Косово побарале од С.Б. (37), да им набави оригинални македонски пасоши за одреден паричен надоместок иако не исполнуваат услови за тоа. За таа цел, вработениот во МВР С.С. (49) обезбедил туѓи лични податоци кои требало да ги искористат за нивните пасоши. За процедурата бил задолжен М.Н. (29) исто така вработен во пасошко, а му помагала неговата колешка 31 годишната О.Ш.

Тројца вработени во пасошко се уапсени поради издавање фалсификувани патни исправи на двајца косовски државјани.

Двајцата државјани на Косово стапиле во контакт со посредникот С.Б. преку извесен Џемо Н. Од Сува Река- Косово кој им обезбедил контакт со него. Тој требало да им обезбеди лажни документи за да аплицираат за биометриски пасош, а услугата ги чинело 5.000 евра. С.Б. набавил фалц косовски лични карти со нивни фотографии, но податоци од македонски државјани- Горани, кои биле родени во Србија и во Црна Гора. Гораните не биле евидентирани во системот на МВР дека поседувале биометриски пасоши и изводи од матичната книга на родени, па така ќе ги искористеле нивните податоци за обезбедување лажни патни исправи за Косоварите.

Истрагата утврдила дека податоците ги обезбедил вработениот во МВР, С.С. кој имал пристап до електронскиот систем на МВР за што зел мито од 2.000 евра. Откако ги обезбедиле лажните лични податоци, за вчера закажале сликање за биометриски пасоши. Таму се сретнале со О.Ш. која ги однела во кабината за сликање кај М.Н. кој иако знаел дека нивната документација е фалсификувана почнал постапка за вадење на биометриски пасоши.

Веднаш по тоа биле уапсени тројцата вработени во пасошко, како и двајцата државјани на Косово, а непосредно потоа бил уапсен и посредникот кој чекал да се заврши работата во близина на зградата на МТВ.

Апсењето на тројцата вработени во МВР погледнете го на видеото:

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=85816

Да не се чудиме после на попис ако излезат 50%
 
цело пасошко е преполно со браќава такада не ме чуди ова
 
Ој, Косова!
А и што очекувавте друго, сепак не е ништо ново. Додека чекав за Извод , Македонски Државјанства се вадеа како Алва.
 
Ајде де...ќе му даат притвор неколку дена....после тоа ќе се брани од слобода...и на крајот ќе ги казнат со отпуштање од работа,и со некоја парична казна....и после сите ќе бидат среќни и весели.

Инаку ако одиме по примерот на праведност...тогаш за овие треба исто како за тигарот Спасов,судскиот процес да биде медиумски покриен.
 
Не смеат да ги избркаат, ќе се намали бројот на "рамковно вработени"....
 
Пред изборите лани, во сите помали градови беа вработени по 2-3 лица на пасоши и лични карти (во Скопје бројката е десетици пати поголема).
Станува збор за повозрасни лица (некои и од 40 па нагоре), долгогодишни партиски војници, криминалци и преваранти од двете партии на власт.

Ова е нормална последица на ненормалните партиски вработувања во МВР на снобови без никакви морални рамки и интегритет, кои немаат завршено ни средно.
 
Ни к.. не бива од оваа власт, мора да се промени од корен, и администрација и се..
 
Пасошко експорт-импорт работи уште од раните деведесетти кога на 200000 косовари им се дадоа државјанства ова не е ништо ново. Таму работат најголемите незналици. Памтам кога вадев нова лична карта еден полицаец албанец правеше (не)ред и еден од албанците повозрасен човек му се обрати со зборовите - Ти бе до вчера на нива работеше сега си ми дошол овде и предавање на луѓево држиш кај да чекаат. Добро е што ги фатиле ама верувам има уште многууу такви.
 
Ни к.. не бива од оваа власт, мора да се промени од корен, и администрација и се..
И тие новите што ќе дојдат, пак иста песна, за нас треба само Германците да ни ја водат државата, бидејќи знаат за ред и дисциплина.
 
И тие новите што ќе дојдат, пак иста песна, за нас треба само Германците да ни ја водат државата, бидејќи знаат за ред и дисциплина.
Не. Него само треба грото македонски овци да се разбудат од розовите соништа и да сфатат со кој си имаат работа.
 
Грците се во право кога ке не наречат банана држава, не дека тие се нешто поарни но....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom