Вие и вашите другари/пријатели

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Животот неодамна толку многу се повторува. Секој ден го живеам истото и истото, не чувствувам разлика ако секој ден споредувам што сум направил и нема да најдам разлика. Се разбудувам, одам на училиште, излегувам надвор, одам во теретана, разговарам со моите онлајн пријатели, одам на спиење, се повторува. Ова беше мојот циклус и ми е здодевно од тоа. Сакам повеќе. Сакам да истражам бескрајни можности каде што не исполнуваат никакви ограничувања... Се вработив како келнер уште во октомври каде што навистина добив одредено задоволство од тоа, но тоа беше во мал ресторан и сопственикот ми ја краде платата бидејќи ресторанот немаше доволно гости. Сега добив нова работа, повторно како келнер, но овој пат во поголем ресторан. Моментално само чекам сопственикот да ми се јави за да може да ми даде смена да почнам. Ресторанот е многу поголем и со повеќе келнери на секоја смена (во споредба со претходната каде единствениот келнер бев јас). Поголема атмосфера, пошироко искуство, толку многу нови знаења... Не знам што да правам за да ги сменам секојдневните навики, живеам во мал град и немам пријатели (само онлајн). Не се жалам дека мојот живот е ваков затоа што навистина ја ценам слободата што ја имам во моментов, само чувствувам потреба таа да се подобри...
Го напишав ова во ДК, но сакам и мислења. Не знам на друго место кај да објавам
 
Имам машко друштво од 4ца другари, и 4-5 другарки. Со нив комуницирам, искачам.
Во принцип со машки полесно ми иде дружба и поинтересно знае да ми е.
Не ми се замара кој со кој бил, шо шминки ставаат, мање више битно. Со машки другари сум приметила и поискрен е односот. Плескаат у фаца сѐ, што многу ми се допаѓа бидејќи сум иста. Гледам да не навредам/повредам некој, ама го мислам тоа што го кажувам. На другарка што ѝ реков дека не знае да вози почна да плаче и да драми. Машко тоа би го прифатило дури и би се заебавал.
У принцип се дружам со луѓе со кои сум на блиско интелектуално ниво, имам за што да разговарам, имаме слични занимации, луѓе кои имаат амбиции и сакаат да успеат, луѓе кои ми носат мир, поддршка, топлина.
 
Со години копнеев за друштво, ама лошите околини во кои бев (со булинг кон мене) не ми дозволија да си најдам. Сега тек на 30 години имам другарки.
Имаме слични интереси, но различни карактери. Сепак доста добро се сложуваме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom