Дали во бракот жените влијаат на мажите!

  • Креатор на темата Креатор на темата Ljupco Meljata
  • Време на започнување Време на започнување

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Интересна тема во денешно што мислите вие за овие работи дали денеска Браковите се чудни по многу работи исто и одговорностите ги носат повеќе мажите или жените.

Воден од лично искуство приметив дека многу од моите другари се под влијание на сопругите особено кога им кажуваат со кого и како да го распределуваат времето бидејќи во спротивно ќе ги напуштат или ќе бараат развод

Што е денеска битно во еден брак дали мажот и жената треба да бидат рамноправни или секогаш е во прашање калкулација и главната причина се парите .

Ваше мислење In here....................
 
do karakerot na licnosta e , ne moze nekoj mene da mi kazuva kako jas da go upravuvam moeto vreme, so koj i koga da se druzam, bez razlika vo brak ili vrska. se zavisi do coekot
eve jas sum vo brak 4 god i imame mnogu sloboda vo pogled na toa ,ne moze da go kontroliras sekoj cekor, togas znaci nemas doverba prvo vo sebe , a posle i kon drugite sto e najvazno
no se vo granicite na normalata, da ne e preterano i iskoristeno od dr strana.
a ne gledam sto uloga bi imale parite tuka
--- надополнето: 14 јануари 2012 во 20:11 ---
a sekako deka e podednakvo vazna ulogata i na mazot i na zenata, pa neli za brak treba dvajca i sekoj si ima svoi odgovornosti
 
Во брак, а и во животот, нормално е партнерите да си влијаат еден на друг. Не говорам за закани, уцени и комплетно менување на личноста. Зборувам за нормално влијание. Кога со некого си секој ден заедно, нормално е да има симбиоза, нормално е да има влијание. Според мене, секој човек кој имал важна улога во нашиот живот влијаел на нас, без разлика дали негативно или позитивно. Нема ништо страшно во тоа, освен ако човекот комплетно не го изгуби своето јас и се претвори во туѓото ТИ.
 
Според мене и според едно истражување дека бракот е институција каде што жените имаат поголема моќ од мажите кога станува збор за дискусии и донесување на заеднички одлуки вели авторот Дејвид Вогел психијатар на универзитетот во Ајова... подполно се согласувам со него дека жените го имаат поголемото влијание во бракот во денешно време , во прво време можеби сопружникот влијаел на жената со тоа што повеќе заработувал но во домот сепак владееле жените ,а во сегашно време се покажало дека жената рамноправно придонесува за семејството така да улогата на жената е се поголема а со тоа и влијанието е поголемо,сепак мислам дека ова се случува поради менувањето на социјалните улоги.
 
не мора да си во брак па да влијае жената
истот го имаш и во Врска со тоа што некогаш ја слушаш некогаш не зависи од ситуација некогаш тераш по свое некогаш мора да попуштиш.
Едноставно добра политика како што и се е во животот.
--- надополнето: 14 јануари 2012 во 22:05 ---
Според мене и според едно истражување дека бракот е институција каде што жените имаат поголема моќ од мажите кога станува збор за дискусии и донесување на заеднички одлуки вели авторот Дејвид Вогел психијатар на универзитетот во Ајова... подполно се согласувам со него дека жените го имаат поголемото влијание во бракот во денешно време , во прво време можеби сопружникот влијаел на жената со тоа што повеќе заработувал но во домот сепак владееле жените ,а во сегашно време се покажало дека жената рамноправно придонесува за семејството така да улогата на жената е се поголема а со тоа и влијанието е поголемо,сепак мислам дека ова се случува поради менувањето на социјалните улоги.

zabegavme malce so Matrijarhatot odavna zamina :)
znaci ima i takvi slucai kako sto spomna no i slucai kaj mazot e glaven se zavisi kako sto kazale starite kako sto sam ce si uredis zivotot.
nisto vo zivotot ne se generalizira.
A deka e stolb na semejstvoto zenata nepobiten fakt :)
 
Еве како АЗРА ја опишуваат модерната жена

 
порано мажот е тој што има крајниот збор и влијае на жената,а денес е обратно, мажите по домаќинства стануваат папучари,а надвор од домот е мажиште со чоканче ракија и пиво;)
 
Јас мислам дека врти-сучи, секогаш е онака како што жената сака. Е сега се зависи од што методи треба да употребиш на другиот пол, и колку си способна да не се откажуваш од тоа што си го зацртала :)

За сите бракови не знам, ама за оној што знам, е дека двајцата се во принцип рамноправни, само жената е малце порамноправна :)
 
Па секако дека жена ми влијае на мене. Таа е по практична и подобро гледа на некои работи од мене. Јас, не дека сум неодговорен, само не пазам или стварно не ме интересираат некои работи.
 
Јас мислам дека врти-сучи, секогаш е онака како што жената сака. Е сега се зависи од што методи треба да употребиш на другиот пол, и колку си способна да не се откажуваш од тоа што си го зацртала :)

За сите бракови не знам, ама за оној што знам, е дека двајцата се во принцип рамноправни, само жената е малце порамноправна :)

Oва е сосема точно, само тоа не треба да се сфати од аспект дека мажите денес се да не речам глупи и папучарат по жените. Тоа е така затоа што денес жените добиваат поголемо внимание, од што даваат и се далеку попочитувани, па затоа свесно им се дозволува да имаат поголемо влијание во заедничките одлуки.
 
jas mislam deka zenata vlijae poveke od soprugot. kolku i da e zafatena ima poveke obvrski od mazot misli i na decata, na domot pa i vo poveketo raboti.ramnopravni se vo brakot no licno jas mislam deka zenata ima poveke prednost okolu ramnopravnosta.:)
 
Влијанието на жената е онолку големо колку што е слабоста на мажот, а нејзиното влијание се темели на една основа ПАРИ-што значи дека поголемата заработувачка на жената во однос на мажот ја прави силна и се јавува одреден дисбаланс помеѓу двете страни заради кој покасно во носењето одлуки, во заедничките планови и желби кај двајцата прави да едниот се чуствува запоставен со повредена личност и потиснат, на пример еден маж е во стан сопственост на неговата жена со која патем формирале семејство имаат едно дете, исто така таа заработува повеќе од него,а тој постојано е под уцени и закани дека или ќе биде онака како што таа кажува или ке си оди од каде што дошол, потоа нејзините постојано се присутни во нивниот живот што поради помош околу одгледувањето на нивното дете а и поради нивната близина зафаќаат голем дел од времето и просторот нивни а неговите заради оддалеченоста не, тој заради неа направил многу жртви многу компромиси многу откажувања од другари од навики, се со цел да ја спаси таа заедница која заеднички ја стварале, но и понатаму се наоѓа во ситуација каде му е кажано или слушај ме или пакувај се, јас ја гледам фамилијата и јас ќе доминирам, секој пружен отпор од негова страна е толкуван како ,,Ем шуто ем боде,, што значи дека посилниот секогаш ќе го прави тоа што сака а послабиот тоа што мора, исто така битно е да се напомене дека меѓу нив има љубов но нема разбирање, и каде е излезот од сето тоа ??:нинџ:
 
За разлика од минатото кога жените беа навистина безгласна буква, денес преку економската независност имаат можност да влијаат врз донесувањето на заедничките одлуки во бракот, и тоа е добро. Лошо е само кога своето влјание го злоупотребуваат.

Одговорноста која жените ја имаат е секако поголема, бидејќи не само што треба да заработат свое парче леб (во спротивно ќе бидат шиканирани), туку и да се грижат за семејството. Некојпат тука не спаѓаат само децата, туку и мажот, кој понекогаш гледа да си најде соодветна замена за мајка му и така да го изживее Едиповиот комплекс во општествено прифатлива форма. Да, тука спаѓаат и поделбите на машко-женски работи, при што господинот заборава дека тој поправа нешто еднаш во неколку месеци, а жената мора секој ден да готви, пере, пегла, и да се грижи за децата.

Најдобро е кога постои заеднички договор и компромис, но ако едниот има економска превласт, тој диктира што и како ќе биде - на што ќе се трошат парите, дали ќе се оди на одмор итн. Епа затоа, драги девојки, ако не сакате да просите пари за улошки или помада, памет во глава со време;)
 
Според мене и според едно истражување дека бракот е институција каде што жените имаат поголема моќ од мажите кога станува збор за дискусии и донесување на заеднички одлуки вели авторот Дејвид Вогел психијатар на универзитетот во Ајова... подполно се согласувам со него дека жените го имаат поголемото влијание во бракот во денешно време , во прво време можеби сопружникот влијаел на жената со тоа што повеќе заработувал но во домот сепак владееле жените ,а во сегашно време се покажало дека жената рамноправно придонесува за семејството така да улогата на жената е се поголема а со тоа и влијанието е поголемо,сепак мислам дека ова се случува поради менувањето на социјалните улоги.


Не е секаде така, тоа е само точно во западните држави. На исток не е уопште така.
--- надополнето: 14 октомври 2012 во 16:01 ---
До карактерот на мажот е. На запад мажите се помалку имаат муда и полесно им е да кренат раце него да пресечат кога треба. Нормално жената е подобра за многу работи и дека треба да се слуша и нејзината страна ама сепак јас сум си традиоцинален, кај мене јас носам одлуки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom