Турбо фолк

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian-Sun
  • Време на започнување Време на започнување
nothing_to_see_here.jpg
 
Терминот турбо фолк (за мене е повеќе од правец на музика) ми прави слика на место-биртија, свири синан сакич, внатре вонаби дројљи качени на стол и околу нив вонаби билдери, по ќошовите пубертетлии во група што собираат материјал за во вц и по некој коцкар што фатил вечерта малце кеш со благо насмеана фаца кај што части во друштвото.

Во целава оваа биртија некако заедничко ми е IQ-то...
 
Прво да разграничиме: едно е турбо, друго се севдалинки. Неможи Шабан, Цеца и компанија во исти кош да влезат со Звонко Богдан, Џорџе Балашевич и тн..

И за крај поздрав
 
Па мојата класификација на турбо фолкот е сите српски пејачи освен старите групи како бело дугме, чорба, црвена јабука, парни ваљак итн.
Преферирам да слушам хип хоп и реге повеке него српско затоа можеби и не ги препознавам. Еве го мојот идол можеби ке ме сватиш зошто не ги разбирам:)

Е па ондак не коментирај. Малце е навредливо да го споредуваш Звонко Богдан со ликови како Дара Бубамара на пример. Не значи дека ако во Србија настанал турбофолкот дека сите се турбофолкери. Сепак можеш малку да се информираш. Музиката која ја слушаш не те извлекува од тоа. Ни јас не сум обожавател на турбофолк, дома сигурно не го слушам, сосема друга музика преферирам, ама тоа не значи дека сите ќе ги ставам во ист кош. Споредбата ти е исто ко да ја споредиш Петранка Костадинова или Виолета Томовска со Сузана Гавазова или Анета Наковска.
 
Еве една историска рап песна со нов римејк во врска со темава

Ех на оваа тема нонстоп се расправам со другарите!

Нивно оправдание е како ќе се расположиш и напиеш на друга музика!(n)

Колку и да го мразам не можам да го избегнам па дури и песните иако не ги слушам по дома на памет ги знам, на секоја веридба слава, именден , роденден и сл. кај роднини или другари другарки само турбофолк се пушта !

За мене не е ни стил на музика дури мислам дека и во Србија помалку слушаат турбофолк од нас !

Најголем виновник според мене за турбофолкеризацијата на Македонија се кабловските оператори и радијата уште од времето да не ги пренесуваа Пинк Шит каналите и да немаше поздрави и честитки на радијата со песната Сине мој, Пијем на Екс , Растајемо се ми е ќе беше подруго!

Oва е најлошо, се расправаш со друштвото за нешто глупо.Ако ми е мене да се начукам ни музика не ми е потребна (ако можам да го наречам музика).
И да, колку шо не го сакаш толку многу го среќаваш на секакви места.Пример, за НГ во едно место кај нас (во кое строго е избегнувана ваква музика) почнаа со нешто друго и едно време свртија на ова.Чао, пријатно си отидов дома.Ебати вечерта.
Не сфаќам како е можно да им е добро некаква си *музика* во која таканаречените пејачи вијат ко волци пред јадење, гласот им е како некој тип со ментални проблеми...

И уште една глупа споредба среќавам во последно време.Старите македонски песни со турбофолк.Ееееј дали се нормални?!
 
Песниве можат да допрат до срце на човек кој воопшто не слуша ваков вид на музика.

Мене само оваа песна ме допира во срце.

Се работи за фолкер што се заљубува во металка, која оди со некој наркоман. И типот заради неа станува металец. Фантастична љубовна приказна.
 
Е па ондак не коментирај. Малце е навредливо да го споредуваш Звонко Богдан со ликови како Дара Бубамара на пример. Не значи дека ако во Србија настанал турбофолкот дека сите се турбофолкери. Сепак можеш малку да се информираш. Музиката која ја слушаш не те извлекува од тоа. Ни јас не сум обожавател на турбофолк, дома сигурно не го слушам, сосема друга музика преферирам, ама тоа не значи дека сите ќе ги ставам во ист кош. Споредбата ти е исто ко да ја споредиш Петранка Костадинова или Виолета Томовска со Сузана Гавазова или Анета Наковска.
Жити се. Звонко го коментирам а тебе тоа те навредува. Турбо фолкот од кај е ако не е од Србија? Од Афганистан да не е ,или пак тоа е турбо јихад- гранка на турбофолк.
Според мене нема разлика во петранка со гавазова во стилот на пеењето. Само едната радо би ја:drk: а другата не сакам ни на улица да ја сретнам. Патетично но реално
 
Петранка е мртва. Не се збори така.
 
http://www.youtube.com/watch?v=l9WNNRPeRmA&feature=results_main&playnext=1&list=PLC053249471AA12E2

Новите албуми на синан и лепа брена или фахрета јахич живојинович право име се екстравагантни

Посебно се издвојуваат Zrno bibera Lepa Brena

Kunem se u ocev grob Sinan

Песниве можат да допрат до срце на човек кој воопшто не слуша ваков вид на музика.
NOT!
Како може завивање да ти допре до срцето!?:sick:
 
Жити се. Звонко го коментирам а тебе тоа те навредува. Турбо фолкот од кај е ако не е од Србија? Од Афганистан да не е ,или пак тоа е турбо јихад- гранка на турбофолк.
Според мене нема разлика во петранка со гавазова во стилот на пеењето. Само едната радо би ја:drk: а другата не сакам ни на улица да ја сретнам. Патетично но реално

Мене не си ме навредил, со оглед дека немам врска со човекот, ама е навредливо да го споредиш тој човек со Сека Алексиќ или Дара Бубамара. И изгледа си имаш проблем, па не ме читаш. Реков, тоа што настанал во Србија, не ги прави сите српски пејачи турбофолкери. Ама читаш како што ти се чита. А за тоа што го кажа за Петранка Костадинова... имаш право. Патетично е. Некултурно. Тажно.
 
само да кажам дека има разлика од турбо фолк песна српска како сега што се овие од сека, бобан , и тн. а од синан и компанија т.е од песните од 80' тоа тие народна српска песна.;)
 
само да кажам дека има разлика од турбо фолк песна српска како сега што се овие од сека, бобан , и тн. а од синан и компанија т.е од песните од 80' тоа тие народна српска песна.;)

Не се баш сите народни, таму во 80-тите веќе се гледа зачетокот на денешниот турбо-фолк,со Лепа Брена, Јужни Ветар и сл, макар што има некои пеачи и некои нивни песни како Мирослав Илиќ, некои песни на Шабан Шаулиќ што се сепак вистинска народна музика и се убави за слушање, со добра пијачка, нормално.;)
 
и како тозовац :) т.е турбо фолк не слушам премногу мие грдо измешана со хип хоп како на пр бобан со елитни одреди и тн. :pos: слушам јас спрски песни но народните ама овие јок.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom