Колкави ни се шансите за влез во Нато самитот во Чикаго

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дали во случај на внатрешен конфликт(граѓанска војна) НАТО има овластување да интервенира,односно да го гарантира територијалниот интегритет?
 
кои се придобивки од влезот во НАТО?

1- Безбедноста ќе ти се гарантира засекогаш
2- Ќе има странски инвестиции на рекордно ниво
3-Ќе има подобар живот за сите граѓани
4- Ќе се спасиш од уцените и заканите на албанците
5-Вистинската светлина ќе се отвори за сите граѓани
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 18:32 ---
Мир , и + нема повеќе да бидеме вечно упориште како Босна,Палестина итн други земји кои ги чуваат за нивните игри..

Токму така
 
Дали во случај на внатрешен конфликт(граѓанска војна) НАТО има овластување да интервенира,односно да го гарантира територијалниот интегритет?

Па до сега нигде немало таков конфликт кај членките на Нато такада мислам дека да. Чим Нато влезе нема веќе војни они ќе контролираат после.
 
Колкави и се шансите на Македонија на престојниот самит на Нато во Чикаго ??
Посебно што и самиот наш Премиер е голем песимист по тоа прашање ???
кое орудије ќе го користи во наша одбрана против грција (хашката Пресуда ) нема да му биде многу од корист ??
Едноставно имаме ли шанса со нерешен спор за името да влеземе во Нато???

Ќе видиме допрва.Победата во Хаг е историска и ни ги зголемува шансите.Од друга страна пак Грција може да ги искористи како адути Франција и Шпанија, па преку нив да дејствува против нас.
 
Па до сега нигде немало таков конфликт кај членките на Нато такада мислам дека да. Чим Нато влезе нема веќе војни они ќе контролираат после.

Не е работата само тоа, туку и ако има нешто дома,нема да ти се мешат од надвор,како во случајот со Косово, например СР-Југославија да беше членка на НАТО уште од времето, Косово немаше да се изгуби..
 
Грција го загуби спорот во Хаг, но правото на вето како земја членка на НАТО го има и таа и секоја членка. Не верувам дека повторно ќе има вето од Грција освен ако навистина се спремни за толкав ризик и после пресудата. Прашањето кое треба да се постави е дали нашето членсто за влез во НАТО ќе биде на агендата на самитот во Чикаго и дали ние ќе бидеме истакнати на дневен ред. Мислам дека Грците ќе играат на таа карта таканаречено прикриено вето. Таа ќе бара од нејзините патнери да се дојде до заеднични став дека ние ќе влеземе кога ќе го решиме името, со што ќе се избегне нејзина вина и ново вето.Од Обама не очекувам никаква подршка со неговото доаѓање на власт Балканот не е на неговата агенда, демократите никогаш не и биле наклонети на земјава.
Во однос на тие сценарија дека ако не влеземе ќе се распаднеме или ќе се федерализираме се чиста глупост. Истото се збореше кога добивме вето во Букурешт па гледам сеуште си осптојуваме како држава.
 
Во однос на тие сценарија дека ако не влеземе ќе се распаднеме или ќе се федерализираме се чиста глупост. Истото се збореше кога добивме вето во Букурешт па гледам сеуште си осптојуваме како држава.

А дека ќе се изолираме?За другото се согласувам.
 
не знам што чачара пачара кога сите знаеме дека НЕМА ШАНСА ....дали било вака или така што е причината која е причината јасно е дека нема да влеземе!
 
Не е работата само тоа, туку и ако има нешто дома,нема да ти се мешат од надвор,како во случајот со Косово, например СР-Југославија да беше членка на НАТО уште од времето, Косово немаше да се изгуби..

Дада, во секој случај ти пружаат безбедност и заштита од секакви влијанија.
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 18:44 ---
Грција го загуби спорот во Хаг, но правото на вето како земја членка на НАТО го има и таа и секоја членка. Не верувам дека повторно ќе има вето од Грција освен ако навистина се спремни за толкав ризик и после пресудата.

Мислам дека Грција не ни удри вето тогаш ,туку дека ние се повлековме сами знаејќи дека ќе добиеме вето,мислам дека така беше работата тогаш али не сум баш сигурен ..
 
Дада, во секој случај ти пружаат безбедност и заштита од секакви влијанија.

Како што Америка и пружа на Турција заштита од Грција и обратно?!Која заштита? Студената војна е одамна завршена.Против кого заштита, против Русија?
Против терористички организации? И без НАТО ќе имаме заштита од терористички организации.Со Америка имаме потпишано договор за стратешко партнерство, а и учествуваме доста во меѓународни мисии со многу армии (од западниот свет) од алијансата.Македонија не е она што беше пред деветнаесет години....
 
А дека ќе се изолираме?За другото се согласувам.

Од кого ќе се изолираме ? Границите ни се отворени, примаме посета од секој државник. Остваруваме трговска размена со многу држави, увоз, извоз, членки сме на ОН, ЦЕФТА, ОБСЕ, имаме дипломатски односи со над сто држави. Граѓаните патуваат надвор од земјата, учествуваме во мисиите на НАТО, која е таа изолација ??????
 
Allloooooooo, citam zborite za nekakvi si gragjanski vojni !!!
I da vlezeme vo Nato, ovaa voena organizacija/pakt e obvrzana da gi stiti svoite zemji-clenki vo slucaj na agresija/napad od nadvor, na pr. ako sme napadnati od nekoj sosed: Grcija, Bugarija, Albanija, Srbija, Kosovo .... koi patem i se clenki na ovoj pakt, osven Srbija .... Megjutoa za vnatresni krizi/konflikti ili gragjanska vojna(nedaj boze), ovoj pakt nema takvi ingerencii, bilo da e vnatresen konflikt/kriza/gragj.vojna na megjuetnicka, megjuverska ili politicko-ideoloska baza . . . . i kraj kraeva Nato e voena organizacija/pakt i nemoze NATO da ni ja oprava kutrata ni ekonomija .... demek ako sme vlegle vo NATO opaaa odma stranski investicii vo milijardi, odma iljadnici zaposluvanja, platite kje skoknat do oblaci, standardot isto .... kolku smesni raboti ....
pos.gif
pos.gif
 
Од кого ќе се изолираме ? Границите ни се отворени, примаме посета од секој државник. Остваруваме трговска размена со многу држави, увоз, извоз, членки сме на ОН, ЦЕФТА, ОБСЕ, имаме дипломатски односи со над сто држави. Граѓаните патуваат надвор од земјата, учествуваме во мисиите на НАТО, која е таа изолација ??????
Не ми беше познат тој став кај тебе.Затоа и те прашав.
 
Мислам дека Грција не ни удри вето тогаш ,туку дека ние се повлековме сами знаејќи дека ќе добиеме вето,мислам дека така беше работата тогаш али не сум баш сигурен ..

Како не ни удри вето кога Караманлис на пратенички прашања во грчкото собрание одговори дека ни ставиле вето, таа беше една од основите на кои ја добивме пресудата во Хаг.
 
Ех да влеземе али шансите се нула.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom