многу ми помагаш да го кажам тоа што сакам да го кажам, се сложувам дека ова е форум и еден вентил за да излезе тоа што те стега, маката да ја исфрлиш али дали тој вентил е само за нашиве мрчатори, и јас некогаш сум сакал да се издувам да си ја искажам маката, сум бил во една од најаките земји и во еден подолг период слабо заработував, а една плата со фамилија, ми се случувале работи што во МКД не ми се случиле, не можев крај со крај да врзам, имало денови ако по некоја случајност закаснеше плата ке немав пари за леб и бензин да ставам да одам на работа, сум бил непрогласен банкрот а тоа во некоја вукојебина каде немаш никој ни за помош ниту за ништо, и јас тогаш сум се дерел како овие нашиве, кукав секој ден, и знаеш како бев дочекан од нашиве мрчатори,знаеш какво беше нивното разбирање за мене, никакво, абе летаа шамари, боксови од каде ке стигнат,не бираа од каде мава, глуми паметен, викаат дојди ваму да видиш како е, или вие таму ова она, абе кој тоа ние таму јас вчера иселен од МКД, со невиден цинизам ми вракаа одговор наместо говор тие пуштаа песни КАДЕ СТЕ МАКЕДОНЧИЊА и не знам кој други, се исмејуваа на моја сметка и на некој друг кој што бил во иста ситуација. Еве и денес истите мрчатори можеш да ги видиш како уште истиот начин на комуникација го имаат и уште го прчат цел ден пред компјутер,само тие не можат да заминат, само за нив нема работа,мислам доволно е кажано.