Со какви „играчки“ си играле југословенските шпиони?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
нема врска ова. можеби само соработувале на теоретски план. не е мала работа вселенска програма, освен многу пари треба и огромен полигон кај што ќе тестираш ракети а да нема население на стотина километри од местото. како сибир или американските пустини во невада. такви локации немаше во југославија. а дека поточник треба да си добие заслуженото признание како зачетник на космонаутиката, треба
DarthKaran Југославија има направено проекти кој сега во ова време вредат повеќе од 70 милијарди долари а тоа е Подземниот град на Тито во Босна кој се протегал на површина од нешто повеќе од 6 500 километри квадратни, и по инвестиција била само 3 во Југославија може да замислиш какви други проекти има правено Југославија и го има на тоа време најдобриот тенк М84 ! Така да не е чудно Југославија да го има направено и тоа ;)
 
DarthKaran Југославија има направено проекти кој сега во ова време вредат повеќе од 70 милијарди долари а тоа е Подземниот град на Тито во Босна кој се протегал на површина од нешто повеќе од 6 500 километри квадратни, и по инвестиција била само 3 во Југославија може да замислиш какви други проекти има правено Југославија и го има на тоа време најдобриот тенк М84 ! Така да не е чудно Југославија да го има направено и тоа ;)
таман работа, не ги негирам јас тие достигнувања, посебно за тенкот. па и сопствен авион имаше југославија, а да не ги спомнуваме пак претходно наведените „играчки“ од темава. зборот ми беше за да тестираш во тајност некоја вселенска опрема, што вклучува и ракети, мора да имаш тајна локација која е оддалечена неколку стотици километри од населени места. а ова што се спомнува во документарецот не е такво место. ако некоја ракета се лансира од јасен нема никој да ја забележи во скопје? што сепак не значи дека не си „играле“ со некои теории, посебно ако имале некое непознато дело на поточник или нешто слично, што според мене би можело да биде предмет на пазар со американците
 
Па добро, и за очекување е во тие години на Студена војна, посебно во држава како СФРЈ, своевидна тампон зона во Европа меѓу двата блока, да има развиен и разновиден систем за контрола, следење и разузнавање. СФРЈ седеше на две столчиња, плус беше во Неврзаните, а Тито како и секој диктатор сакаше да биде детално информиран што му се случува во државата. Средствата од буџетот одвоени за армијата, одбраната и сл. биле астрономски високи, што придонело СФРЈ да има респектабилна армија, и развиени разузнавачки и контраразузнавачки служби.
 
Не се земаше “лежерски“ плата. И тоа како се работеше, многу повеќе отколку сега (сега младите немаат којзнае какви работни навики - кој од нив би станал, само тоа - би станал, во 5 или 6 сатот (уште е ноќ) за да стигне на работа во 6 или 7 сатот во некоја фабрика од каде што не може да “мрдне“ цели 8 часа?). Имаше некои што работеа помалку, ама тоа се должеше повеќе на превработеноста (работа имаше за еден, а вработени имаше тројца за истата работа), отколку на мрзливоста.
Во тој систем беше добра единствено стабилноста на примањата (без оглед на тоа дали ќе задоцне или не - платата сигурно ќе стигнеше), безбедноста на државата и релативната вредност на платата (таа плата можеби претворена во реална валута (странска) беше ниска (на пр. 100 DM), меѓутоа, поради тоа што трошоците за живот беа ниски или минорни оние 100 Марки вредеа како 1000 Марки. Проблемот настануваше ако со таа плата требаше да се живее во странство :). Струјата, водата, превозот, храната и пијалоците (ако литар “Пелистерка“ беше 20 динари, литар “Смедеревка“ беше 24-5 динари - како пример), кирија во државните станови, влезници за кино и театар и се останато можете да замислите само колку беше евтино, но и покрај тоа беше и многу квалитетно (на пример, јас од распадот на Југославија се немам напиено салам квалитетно кафе, кое би го испил со мерак). Овие додатни трошоци што сега ги имаме (интернет, мобилни телефони, компјутери и сл.), тогаш ги немавме. Телефоните (импулсите) беа така речи за џабе. Како илустрација, ќе наведам дека со мојата плата (400 DM ) пред дваесет години (и тоа во самостојна Македонија) можев да купам нешто повеќе од 400 литри бензин месечно. Кога ги променија Марките во Евра со истата плата (200 EUR) можев да турам само 200 литри бензин, а сега и помалку.
Безбедноста беше на завидно ниво и луѓето навистина имаа страв од полицијата. Поради природата на работата (лекар) се случуваше мојот татко да го повикаат среде ноќ. Ќе истрчаше во 2-3 сатот наутро и влезната врата ќе ја оставеше не подотворена туку ширум отворена - во брзањето не секогаш успеваше барем со раката да ја поттргне - и никому ништо не му се случуваше. Сега ме лазат морници на самата помисла на тоа.
Имам уште многу да кажувам за тој систем ама не би ширел повеќе. Тој систем (држава) си имаше многу мани, но и позитивни работи. Грешката е што сите го перцепираат од своја гледна точка (во тоа има и доста “романтизам“ - коментаторите тогаш биле млади, а кога си млад се ти е убаво). Ако за нив не чинел - тогаш мора да не чинел за сите, ако за нив чинел - тогаш мора да чинел за сите... Се трудам да бидам објективен и да ги претставам и добрите и лошите страни, но ако се споредува со сегашниов Македонски државен систем - тогаш испаѓа дека тој систем беше во многу работи подобар (без разлика на тоа дали е самостојна Македонија или е во склоп на Федерацијата - не говорам за политичките услови, говорам за ефикасноста на државниот систем).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom