Со какви „играчки“ си играле југословенските шпиони?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Еххх Југославијооо....барем неколку дена да поживеев во тоа Братство Единство :(
 
На некому му го скратиле,а пак на некому му го продолжиле.
Ко ќе видиш иде да додека на еден не му се стемни на друг не ќе му се раздени.
Такво било времето и тоа е тоа.
--- надополнето: 5 јануари 2012 во 18:08 ---
Еххх Југославијооо....барем неколку дена да поживеев во тоа Братство Единство :(

А зошто таква желба???
Јас живеев 13 години и немаше некое големо фајде .
 
Па не знам зашто ама постариве сите се фалат :)

Значи повеќето од нив само се фалат и лажат од причина што нема што друго да кажат,живееле во еден систем цел живот и тоа е работата.
Сега вистина можеше да навиваш во било кој спорт за сосема солидни екипи исто како да се твои,дури и беа шампиони некои од нив,ама големо фајде од навивање немаш иначе,само зарипнат и без нерви ќе си во гласот.
Е музика имаше на завидно ниво,ама пак сите го сакаме Бетовен а никакви врски со него немаме :) така да сеедно е.
Е сега имаше безбедност 1000 пати поголема од оваа и можеше на пат да спиеш каде сакаш и никој не те чепкаше,со автостоп ќе ја поминеше Југославија од Гевгелија до Триглав,јас ја поминав само Македонија само за жал ;) а денес не можеш една вечер во чекална во Скопје да преспиеш а да не те измалтеретира некој.
 
Сликиве од уредиве,на кој знае колку луѓе им го скратиле животот.
Кој како заслужил
--- надополнето: 5 јануари 2012 во 23:03 ---
Се фалат зашо лежерски плата се зимало.
Не платата беше по заслуга,а работниците и работничкиот синдикат одлучуваа кој колку заслужил толку ќе земе.Се работеше 5 дена по 8 часа за викенд сире беа слободни а платите беа 2-3 пати поголеми од сегашниот минималец од 8.050 ден.
Тоа беа УБАВИ времиња
 
Ало бре читате темава за што е ? една страна оф топик ...имате тема за како се живеело во СФРЈ тамо слободно на таа тема дискутирајте
 
Ало бре читате темава за што е ? една страна оф топик ...имате тема за како се живеело во СФРЈ тамо слободно на таа тема дискутирајте
Избриши ја
 
Се фалат зашо лежерски плата се зимало.

Не се земаше “лежерски“ плата. И тоа како се работеше, многу повеќе отколку сега (сега младите немаат којзнае какви работни навики - кој од нив би станал, само тоа - би станал, во 5 или 6 сатот (уште е ноќ) за да стигне на работа во 6 или 7 сатот во некоја фабрика од каде што не може да “мрдне“ цели 8 часа?). Имаше некои што работеа помалку, ама тоа се должеше повеќе на превработеноста (работа имаше за еден, а вработени имаше тројца за истата работа), отколку на мрзливоста.
Во тој систем беше добра единствено стабилноста на примањата (без оглед на тоа дали ќе задоцне или не - платата сигурно ќе стигнеше), безбедноста на државата и релативната вредност на платата (таа плата можеби претворена во реална валута (странска) беше ниска (на пр. 100 DM), меѓутоа, поради тоа што трошоците за живот беа ниски или минорни оние 100 Марки вредеа како 1000 Марки. Проблемот настануваше ако со таа плата требаше да се живее во странство :). Струјата, водата, превозот, храната и пијалоците (ако литар “Пелистерка“ беше 20 динари, литар “Смедеревка“ беше 24-5 динари - како пример), кирија во државните станови, влезници за кино и театар и се останато можете да замислите само колку беше евтино, но и покрај тоа беше и многу квалитетно (на пример, јас од распадот на Југославија се немам напиено салам квалитетно кафе, кое би го испил со мерак). Овие додатни трошоци што сега ги имаме (интернет, мобилни телефони, компјутери и сл.), тогаш ги немавме. Телефоните (импулсите) беа така речи за џабе. Како илустрација, ќе наведам дека со мојата плата (400 DM ) пред дваесет години (и тоа во самостојна Македонија) можев да купам нешто повеќе од 400 литри бензин месечно. Кога ги променија Марките во Евра со истата плата (200 EUR) можев да турам само 200 литри бензин, а сега и помалку.
Безбедноста беше на завидно ниво и луѓето навистина имаа страв од полицијата. Поради природата на работата (лекар) се случуваше мојот татко да го повикаат среде ноќ. Ќе истрчаше во 2-3 сатот наутро и влезната врата ќе ја оставеше не подотворена туку ширум отворена - во брзањето не секогаш успеваше барем со раката да ја поттргне - и никому ништо не му се случуваше. Сега ме лазат морници на самата помисла на тоа.
Имам уште многу да кажувам за тој систем ама не би ширел повеќе. Тој систем (држава) си имаше многу мани, но и позитивни работи. Грешката е што сите го перцепираат од своја гледна точка (во тоа има и доста “романтизам“ - коментаторите тогаш биле млади, а кога си млад се ти е убаво). Ако за нив не чинел - тогаш мора да не чинел за сите, ако за нив чинел - тогаш мора да чинел за сите... Се трудам да бидам објективен и да ги претставам и добрите и лошите страни, но ако се споредува со сегашниов Македонски државен систем - тогаш испаѓа дека тој систем беше во многу работи подобар (без разлика на тоа дали е самостојна Македонија или е во склоп на Федерацијата - не говорам за политичките услови, говорам за ефикасноста на државниот систем).
 
Е па тогаш користеле мини фотоапаратчина и други реквизити, кога народот имал едвај црнобел телевизор. Исто како сега, што ние имаме да речеме “Најнова“ технологија, мобилен со камера гпс, интернет и ред други работи додека за оној кој ја исфрла оваа технологија е прилично...застарено.
 
Едно треба да е јасно, Југославија на времето била многу развиена земја, да не зборуваме за опремата која ја имала војската и тајната служба, какви се проекти има изградено Тито на времето што и ден денес се чудат како во тоа време Тито успеал да го направи. И уште нешто времето да живеш во Југославија е 100 пати подобро од ова денес. Државата те дупи од една страна, а од друга страна ти имаш право на се а уствари не смеш ништо да кажеш, сега ние сме држава која не е никој и ништо во Европа и Светот па затоа кој сака не дупи. А во Југославија времето било друго си ја бркаш твојата работа и си зимаш добра плата не те интересира што комшијата прави дома!
 
http://www.tocka.com.mk/index6.php?ID=58346 Погледнете вреди да се види. Југославија на времето имала најнапредна технологија.... Која ниту една друга држава ја немала.
нема врска ова. можеби само соработувале на теоретски план. не е мала работа вселенска програма, освен многу пари треба и огромен полигон кај што ќе тестираш ракети а да нема население на стотина километри од местото. како сибир или американските пустини во невада. такви локации немаше во југославија. а дека поточник треба да си добие заслуженото признание како зачетник на космонаутиката, треба
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom