Порта Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа Портата ?

  • Да,супер е !

    Гласови: 29 26,6%
  • Не и Не !

    Гласови: 44 40,4%
  • Кога ќе се средат и фасадите поубава ќе биде..;)

    Гласови: 16 14,7%
  • И кога ќе се среди целата околина,пак нема да ми се допаѓа :@

    Гласови: 20 18,3%

  • Вкупно гласачи
    109
  • Гласањето е завршено на .
Визуелно изгледа убаво. Но сеуште не ја сфаќам потребата од порта БАШ на она место...

Нема смисла да има порта со толкав празен простор околу неа, кај што може да се поминува... o_O
 
Пред да се презема некоја мерка се прави едно вакво.
И направете си калкулација, која била целта и кои се резултатите.

Очекувани позитивни резултати ако се изгради - очекувани негативни резултати ако се изгради vs. очекувани позитивни резултати ако не се изгради - очекувани негативни резултати ако не се изгради

Мое мислење, дека не била неопходна ниту потребна и не знам која е позитивната цел и употреба на портата за Македонија.

Нејзината очигледна неупотребливост е доказ дека целта можеби била некоја политичка малверзација.
На пример да се направи политички јаз и дискусија меѓу двете спротивни закоравени исполитизирани страни. Едната страна би се бунела против ова зашто логиката им кажува дека не е потребна и за џабе парите, а друга страна бранејќи ја својата политичка опција повеќе се приврзува со нив.
 
Ко се појави проектот Скопје 2014 како видео портата ми беше некако непотребна но сега од ко е готова можам само да кажам дека е прекрасна. Мене лично многу ми се допаѓа иако ги разбирам сите кој имаат критики за неа посебно за локацијата. Како објект, мислам најголем дел им се допаѓа.
 
Скопје is shit, портата е shit, цел проект Скопје незнам која година е shit.
Изгледа државата има премногу буџет па си гради порти,споменици, мостови, место да отвора нови работни места за граѓаните..секогаш ќе останеме наглупи.
п.с ја мразам македонија и нејзината желба да стане посетувано туристичко место како многу др држави во европава за рок од 1 година..
 
Не е грда, ама не гледам потреба баш на тоа место да стои порта или воопшто да имаме порта безразлика дали симболиката и е убава.
 
Скопје is shit, портата е shit, цел проект Скопје незнам која година е shit.
Изгледа државата има премногу буџет па си гради порти,споменици, мостови, место да отвора нови работни места за граѓаните..секогаш ќе останеме наглупи.
п.с ја мразам македонија и нејзината желба да стане посетувано туристичко место како многу др држави во европава за рок од 1 година..

:cuc: :facepalm: :tapp:
 
Мене ми е многу унифицирана. Некако авторката не била многу креативна при изработката туку користела веќе видени мотиви.
 
Скопје is shit, портата е shit, цел проект Скопје незнам која година е shit.
Изгледа државата има премногу буџет па си гради порти,споменици, мостови, место да отвора нови работни места за граѓаните..секогаш ќе останеме наглупи.
п.с ја мразам македонија и нејзината желба да стане посетувано туристичко место како многу др држави во европава за рок од 1 година..
Државата несмее да биде индустриски работодавец,не сме кумунисти.Но со изградбата на портата се отвори работа за фирмата изведувач која вработи некоку луѓе,ете не е за џабе.

Првин треба малце да се привикнеме на новата градба. Мислам дека најдобар суд ќе дадат нашите деца,ако не им се допаѓа нека ја рушат или нека ја преправат...
 
Скопје is shit, портата е shit, цел проект Скопје незнам која година е shit.
Изгледа државата има премногу буџет па си гради порти,споменици, мостови, место да отвора нови работни места за граѓаните..секогаш ќе останеме наглупи.
п.с ја мразам македонија и нејзината желба да стане посетувано туристичко место како многу др држави во европава за рок од 1 година..

1.Ако нешто мразиш бегаш настрана од него, го избегнуваш.

2.Не е должност на државата отворање нови работни места...

Ама и е должност изградба и реновирање на инфраструктура (патишта, железница и сл.) за зголемување на корисноста од нив и намалување на трошоците, следствено на подолг рок и потреба за нови работни места.
Во наједноставната економска теорија постојат одложни и неодложни трошоци.Порта Македонија е сигурно во првата категорија, а многу други работи во земјава се во втората.По таа логика мислењето ми е дека не е приоритет ваков (вакви) објект(и), а истовремено немаме болнички возила во Брза Помош во некои места и (авто)патиштата ни се како минско поле.

Од естетски аспект и не сум некој архитект па да проценам каква е.
 
Според таа логика у живот ти треба само леб и вода.. друго е се небитно и непотребно..
според твоја логика, хамбургерот од седмица го направи да кошта милиони долари.
 
Не се совпаѓа со веќе постоечката архитектура. Да е целата архитектура ко Рим да кажеме, ок ке биде, вака, од страна све некои коцки од згради и ова барокно издање. Тие зградите на рекорд се карастрофа, собранието ни е катастрофа на изглед и гтц ни е куп цемент.
И реално, да бевме пред 200-300 години па ајде да да е оправдано градење на ваква архитектура (мислам на целиот проект, Скопје 2014). Едноставно живееме во различно време, во време на електронска технологија,современ брз транспорт и логистика во време на некакво градење на згради со органски форми и нови материјали и тн.
Толку многу градежната наука е усовршена од тоа време кога се граделе вакви монументи што денес е срамота да се фрлаат пари за неколку векови стар изглед на градба.
Треба да градиме објекти од нашето време со иновативни идеи за градба а не да градиме некои идеи што биле родени и остварени пред неколку векови.Треба напред да се гледа, да се создаде нешто ново посовремено од ова, ние упорно гледаме кон некакво минато.
Оставете го минатото тоа нема да се врати, мораме да живееме во сегашноста и градиме за иднината на нас и нашите поколенија
 
394433_279289195451802_100001121712114_660505_1337837306_n.jpg


...
 
Неопходна беше. Без неа Скопје не ќе беше Скопје,.
Од нејзина десна страна, на место на сендвичарите може да се постави и една свинга.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom