Почина Киро Глигоров

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Криво ми е за него како човек и како прв претседател на Македонија,но ФИРОМ и ние сме словени дојдени од зад карпатите :facepalm: што ни ги остави во наследство не му ги заборавам и простувам.


РИП
 
Почивај во мир!
 
Почина Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија. 95-годишниот Глигоров починал синоќа во својот дом, во сон.
kiro-gligorov.jpg


Информацијата утрово ја потврдија од Кабинетот на Глигоров.
Погребот ќе се изврши утре во 13 часот на гробиштата Бутел, во кругот на најтесното семејство, а телото ќе биде изложено во капела од 12 часот.
Киро Глигоров беше првиот претседател на Република Македонија, функција која ја извршуваше во два мандати од 1991-ва до 1999-та година. За претседател на РМ беше избран на 27 јануари 1991-ва година од страна на Собранието на Република Македонија, а по втор пат на 19 ноември 1994-та на претседателски избори. Функцијата претседател на Републиката ја вршеше до 19 ноември 1999-та година.
Во текот на своите два мандати ја промовираше политиката на „eквидистанца" кон сите соседи на земјата: Србија, Бугарија, Грција и Албанија. За време на неговиот мандат се случија некои од најважните настани од современата историја на Република Македонија: од референдумското прогласување на независноста на 8 септември 1991-ва година, преку донесувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991-ва, па се до приемот во Обединетите нации на 8 април 1993-та година.
Киро Глигоров е роден во Штип на 3 мај 1917-та. По Втората светска војна извршувал и голем број високи функции во Владата на СФР Југославија. Меѓудругите, бил и заменик претседател на Сојузната влада, како и секретар за финансии.
 
Треба и ден на жалост да биде барем еден ден. Ама турски серии треба да се даваат по телевизииве така да јасно ми е.
 
вечна му слава.....денот на погребот нема да биде ден на жалост ?!
 
Како крај на една ера.
Нека почива во мир.
 
Почивај во мир голем човеку.
 
Да му ги оддадат сите почести, со погреб како голем човек за Македонија, што има врска на ТВ што ќе даваат.:tapp:
 
Бог да го прости..... :/
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom