Прашање по Хемија

  • Креатор на темата Креатор на темата WildChild
  • Време на започнување Време на започнување
Ми треба информација околу Жива(Hg - Mercury).


Дали има и каква е разликата помеѓу индустриската жива и чиста жива. Ако има, која е која и каква е секоја од нив.

Вака нешо ќе му дојде прашањето, не е за мене.
 
Ми треба информација околу Жива(Hg - Mercury).


Дали има и каква е разликата помеѓу индустриската жива и чиста жива. Ако има, која е која и каква е секоја од нив.

Вака нешо ќе му дојде прашањето, не е за мене.


Па има разлика во чистотата, индустриската е crudum или во најдобар случај со purum чистота. Чистата жива е pro analysis, или пак има посебна назнака, рецимо за поларографија, волтаметрија и така натаму.
Друг начин на класификација е според релативниот состав на изотопите, пошто нели секој елемент е смеса од природни изотопи.
Индустриската жива често е онечистена, таа формира амалгами, па треба да се прочисти, тоа е доста комплициран процес и многу опасен поради токсичноста на живата.
 
Во 8.6кг вода биле растворени 3.4кг NaOH со концентрација 97.2% NaOH. Определи ја процент. концентрација на NaOH во растворот.
 
Маса на раствор = 8,6кг + 3,4кг = 12кг

Масен удел (процент) на NaOH при 100% NaOH = 3,4кг/12кг *100% = 28,333%

на крај со пропорција:

при 100% NaOH уделот е 28.333%
при 97,2% NaOH уделот е Х
----------------------------------------------
100 : 28,333 = 97,2 : Х

Х = 28,333*97,2 / 100 = 27,5396
 
Ме интересира да прашам, зашто на H20 при израмнување на равенки се додава бројка пред соединедието, а збирот на оксидациски броеви е нула?
 
На секое соединение збирот на оксидациските броеви е нула, па така и на водата (јоните имаат оксидациски број различен од нула).
Молекулата на вода има еден атом на кислород - ако на другата страна на равенката имаш некоја молекула со повеќе атоми кислород заради бројно изедначување мораш да ставиш бројка пред Н2О.
 
А бројката се утврдува врз основа на?
Пример:
I2 +HNO3 = HIO3 +NO+H2O

израмнета:
3I2 +10HNO3 = 6HIO3 + 10NO + 2H20

Во мојот пример не е објаснета постапката за израмнување на H2O, објаснето е само за Јод и Азот.
да не ја пишувам целата постапка, ме интересира само зашто во примеров е бројот 2 пред H2O?
 
А бројката се утврдува врз основа на?
Пример:
I2 +HNO3 = HIO3 +NO+H2O

израмнета:
3I2 +10HNO3 = 6HIO3 + 10NO + 2H20

Во мојот пример не е објаснета постапката за израмнување на H2O, објаснето е само за Јод и Азот.
да не ја пишувам целата постапка, ме интересира само зашто во примеров е бројот 2 пред H2O?


Кога израмнуваш гледаш колку атоми на водород имаш од левата страна па споредуваш со атомите на водородот од десната страна. Пример од левата страна имаш 10 атоми на водород (10HNO3) а од десната кај јодат имаш 6 атоми на водород (6HIO3). Ако останеше H2O ќе имаше само 2 атоми на водород од кај водата па ќе имаше 6+2=8 атомина на водород од десната страна што значи дека равенката не е израмнета. Со ставање 2 пред H2O (2*2=4) тоа се атоми на водород од кај водата+6 атоми водород од кај јодатот=10.
Проверка дали е израмнета равенката
Од лева страна I имаш 6 атоми, H 10 атоми, N 10 атоми, О 30 атоми
Од десна страна H(6+4), I 6 атоми, N 10, O(18+10+2=30)
Оксидацискиот број на секое соединение е 0, нека не те буни тоа. Пример за вода- прво пишуваме HO, H има оксидациски број(+1), а О (-2), од таму следува H2O, кога ќе се додаде тоа двојчето меѓу H и O следува дека H има (2*(+1)=+2) a O(има -2) па од тука +2+(-2)=0 од тука излегува оксидацискиот број на водата е 0 ама ова нема врска со израмнувањето.:)
 
Фала многу за деталното објаснување.
 
Може ли некој да ми каже како е на англиски масен удел. пошто решавам некои задачи за кои што нема решение, па се служам со некои сајтови за проверка. Имам најдено за Количество супстанца и молекуларна маса, но не најдов за ова.
 
Извинете за тродупло мислење, но морам да прашам во врска со овие две задачи:
Да се пресмета масениот удел на Na2SO4, ако во 1 dm3 раствор се растворени 1,18 mol од Na2SO4. Густината на растворот е 0,909 g/cm3?
Пресметај го масениот удел на раствор од натриум хидрооксид, ако во 80g од овој раствор се растворени 4,12 mol од натриум хидрооксид?

Од една другарка имам решенија и за двете задачи, но и во двете задачи моларната маса на соединенијата не е таа што треба.
Во втората задача, NaOH треба да биде 40 g/mol, а пресметана е моларна маса на вода 18 g/mol, барем мислам дека е на вода?
А на првата треба да биде Na2SO4 128 g/mol, а пресметано е 98 g/mol?

Па моето прашање е дали има грешка кај неа ( ја прашав нема појма како ги има решено, пошто оддамна има положено хемија), или има некои работи кои што јас не ги знам?
 
3.jpg

poslednite 7 ..... ?
 

Attachments

  • 2.jpg
    2.jpg
    42,8 KB · Прегледи: 10
Последно уредено од модератор:
Ај ако може мала помош, прашањето е:

Напиши четири различни начини за добивање на CH2=CH2 со реакции на елиминација.

Ако може некој набзинка да ми ги напише би било супер, фала однапред.
 
ни дадоа вакво истражување па кој ќе ми помогне:калциум и неговите соединенија во функција на човекот и нивната функција,немам напишано за калциум оксид,калциум хидроксид,калциум хидроксидкарбонат и калциум сулфат со гипс...

:(
 
Може некој да ја реши задачава по хемија : Кој волумен го зафака 48 грама SO2 (sulfur dioksid)
Благодарам многу![DOUBLEPOST=1417556618][/DOUBLEPOST]
ни дадоа вакво истражување па кој ќе ми помогне:калциум и неговите соединенија во функција на човекот и нивната функција,немам напишано за калциум оксид,калциум хидроксид,калциум хидроксидкарбонат и калциум сулфат со гипс.
Варовникот е многу корисен вид на седиментарна карпа.

Тој по состав е калциум карбонат, CaCO3 настанат по природен пат.

Варовникот се користи како градежен материјал.

Во форма на прашок, тој се додава во езерата и почвите за неутрализација на нивната киселост, бидејќи е сол на јака база и покажува базни својства.

Кога варовникот се загрева во печка, тој се распаѓа на негасена вар (калциум оксид) и на јаглерод диоксид.
калциум карбонат


—›

калциум оксид


+

јаглерод диоксид
(варовник)

(вар)


Овој тип на реакција се нарекува термичко распаѓање. Другите карбонати се исто така подложни на термичко распаѓање.

Варта реагира со вода при што се добива гасена вар (калциум хидроксид).

калциум оксид


+

вода
—›

калциум хидроксид
(вар)

(гасена вар)
Гасената вар се користи во земјоделството за неутрализација на киселите почви.

Цемент, бетон и стакло
Цементот се добива со печење на смеса од варовник и глина во прашкаста состојба, во посебни ротациони печки.

Кога на цементот во прав му се додава вода, настанува низа хемиски реакции со кои што се формира цврста маса.


Бетонот се добива со мешање на цементот со вода, песок и камења.

Притоа настанува бавна хемиска реакција во текот на која се формира цврст облик на цемент сличен на карпа, кој се користи во градежништвото.

Армираниот бетон се добива со додавање на арматура во бетонот, со што бетонот добива на цврстина.

Стаклото се добива со загревање на смеса од варовник, песок и натриум карбонат (сода).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom