Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Имам читано многу дискусии за тоа дали да се јади повеќе пати на ден помали порции или 3 пати на ден поголеми порции храна, некој велат добро е да се јаде повеќе пати на ден помали порции храна за да биде активен организмот да не оди во режим на штедење а пак некој велат дека е исто дали ќе јадеш 3 пати на ден или 5 пати.И имам неколку прашања до вас...
Некој предлог за што да се јади за доручек и за вечера ? Кој житарици се најздрави на македонскиот пазар ? и Дали има голема разлика ако пијам млеко со 3% масти или 1% (обесмастено или како и да е). :)
 
Постојат многу заблуди околу она што ти го спомна.
Во бодибилдинг светот не постои нешто што се вика ручек, доручен или пак вечера.
Ние имаме од оброк број 1 до оброк број 5-6-7-8 во зависност од тоа колку оброци внесуваме во текот на денот.
Друг општо познат факт зошто е тоа така бидејќи им овозможуваме на мускулите непрекинато хранење со потребните хранливи материи, се со цел да го постигнеме крајниот резултат кој го имаме замислено.
Главната причина зошто е тоа така, бидејќи со континуираното внесување (на секои 2-3 часа) на здрави калории, го забрзуваме метаболизмот и ги троши калориите што во спротивно би го складирал како резерви за подоцна да бидат претворени во масти. Затоа е тоа така.

За житарки, според мене најздрави се овесните снегулки бидејќи се богати со фибри и јаглехидрати кои се спороразложувачки и не го потикнуваат лачењето на инсулинот.

И се разбира дека има разлика помеѓу млеко од помала и поголема масленост, можеби тоа нема да се сети на 2-3 недели, но со континуирано внесување на повеќе масно млеко автоматски го зголемуваме бројот на калории, односно масти кои ги има во млекото а не се од голема полза доколку се обидуваме да го намалиме процентот на телесни масти.
 
Имам читано многу дискусии за тоа дали да се јади повеќе пати на ден помали порции или 3 пати на ден поголеми порции храна, некој велат добро е да се јаде повеќе пати на ден помали порции храна за да биде активен организмот да не оди во режим на штедење а пак некој велат дека е исто дали ќе јадеш 3 пати на ден или 5 пати.И имам неколку прашања до вас...
Некој предлог за што да се јади за доручек и за вечера ? Кој житарици се најздрави на македонскиот пазар ? и Дали има голема разлика ако пијам млеко со 3% масти или 1% (обесмастено или како и да е). :)

Доволно е, три главни оброка со две ужини. Остај тоа билдерите :)
 
Имам читано многу дискусии за тоа дали да се јади повеќе пати на ден помали порции или 3 пати на ден поголеми порции храна, некој велат добро е да се јаде повеќе пати на ден помали порции храна за да биде активен организмот да не оди во режим на штедење а пак некој велат дека е исто дали ќе јадеш 3 пати на ден или 5 пати.И имам неколку прашања до вас...
Некој предлог за што да се јади за доручек и за вечера ? Кој житарици се најздрави на македонскиот пазар ? и Дали има голема разлика ако пијам млеко со 3% масти или 1% (обесмастено или како и да е). :)

Многу е подобро да се јаде помалку а почесто од повеќе причини. Прво организмот не се замара да свари огромни количини на храна од што може да се јави и замореност, нема драстични скокови во инсулнот, и најбитно од се се забрзува метаболизмот за разлика од кога јадеме мал број на оброци организмот калориите ги складира како сало (затоа што знае дека потоа подолго време нема да има оброк) што во случај кога ќе ги разделите орбоците (а пак внесуваш исто количина на храна) не се јавува.

Една студија од 1999 обработува 2 групи на луѓе на кои беа хранети на два начина. Првата група 80% од калориите ги примаше во еден оброк 20% во вториот оброк, а втората група ги имаше рамномерно поделено калориите во 4 оброци. Испутувањата покажаа дека азотниот баланс е поголем во втората група т.е. кај диетата со 4 оброци резултираше и со поголема синтеза на протеини во ткивата организмот (анаболизам).

И јас мислам дека овесните житарици се многу погоден избор. Ефтини се и имаат многу микроелементи меѓу кои и цинк неопходни за правилно функционирање на организмот + имаат диетални влакна во нив, единствено вкусот не им е баш привлечен. Можеш да побараш и микс од житарици (овес, лен, бадеми, сончоглед...) се јадат со млеко / јогурт / густ сок.
 
Да си здрав и жив за темава..

Откако почнав да спортувам 6то оделение па се до ден денес се немам разболено.. Само еднаш оваа година првпат после толку време фатив температура и тоа помина за 1 ден.. Е сега зошто е тоа така? Пошто цел живот се хранам здраво.Тоа многу ми се одрази на здравјето..
 
И спортот има голем удел во сето тоа. Јас од кога се занимавам со бодибилдинг немам фатено ни обична настина. Да не се урочам сега, ама така е :D
 
Овесни снегулки/житарки или овес сварен со додаток на суво грозје ореви или бадеми и малку засладувач на пример маџун?
 
Секој ќе ти каже различно, треба да одиш под претпоставка.
Ако тебе ти одговара, и немаш проблеми со дебелеењето од простиот шеќер во мали дози, тогаш не гледам зошто да не, иако и маџунот и сувото грозје имаат декстроза.
Ах, и зависно кога го јадеш тој оброк, ако е ти е прв оброк веднаш по станување, дури е пожелно да ги имаш тие работи.
Оревите и бадемите спаѓаат под здрави масти, со нив нема да имаш проблем, секако не претерувај само :)
 
Ахам, ова би го комбинирал во секој случај како прв цврст оброк т.е. после станување шејк па за половина час овој оброк. Со што во овесот би додал можеби и некој други житарки за да биде малце покомплексен.
 
Би имал ли некој време да ми каже барем приближно како да се исхранувам,и што суплементи да зеам ?

Прашувам,за да знам дали да почнам да пишувам реферати..
 
Многу е тешко кога некој ќе постави вакво прашање од проста причина што никој од нас незнае со колкав буџет располагаш на месечно ниво за исхрана.
Пиши од прилика како мислиш/сакаш да изгледа, гледај опфати ги сите компоненти (протеини, јаглехидрати и масти) и ќе ти ја средиме.
 
Проблемот е што не сум упатен уопште,за исхрана од дома купуваат и не прават проблем за тоа,суплементи сам купувам и би имал 1500-2000 месечно...би можел да ви пишам некои детали,како се исхранувам,тренирам,години,висина,тежина,цел...
 
Затоа е темава, а и исхраната е нешто што варира од човек на човек, не значи дека ако една исхрана одговара кај мене и покажала резултати, со истата ќе ги имаш и ти.
Затоа треба да видиш што највеќе ти одговара на тебе.
И пиши години, висина, тежина, цел и стаж во теретана. Ќе пробам да најдам нешто што мислам дека ќе ти одговара.
 
16,175,77 кила.

Тренирам кошарка,8та години цели,немам праено големи паузи,максимум ми била околу месец дена,не полн месец дена...последниве 2 години вежбав по дома,склекови,стомачни,вратило....сега почнав теретана,овој ми е 2 месец,тренирам по програма,таа е првично за скок,ама се јача цело тело со нејзе.

целта ми е да ги задржам килава,ама да ги претворам све во мускул(или да смалам 1-2 кила)

не ми треба исхрана и суплементи за ББ,пошто не планирам со тоа да се занимавам,туку со кошарка..

почнав да пијам веј протеин професионал + од ал макс,ама не ми дава некои резултати..

Сега за празнициве,ќе соберам повеќе пари,би имал за повеќе суплементи,ама незнам колку ќе можам тие да ги купувам понатака..

Да пишам како се исхранувам до сега,и шема на тренингот ?
 
Пиши го начинот на исхрана.

Што мислите за исхрана по крвна група? Конкретно за мојата B+ вика дека од месо пилешко да одбегнувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom