Турција ги прекина сите контакти со Франција

Турција денес го повлече амбасадорот од Франција и ги прекинува сите официјални контакти поради законот, кој предвидува криминализација на негирањето на геноцид, што беше одобрен од Долниот дом на францускиот Парламент, изјави денес турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Тој истакна дека Турција нема да присуствува на економските, политичките и воените средби со Франција и оти Анкара ќе ја прекина воената соработка со Франција, како и дека ќе забрани пристап на француските авиони и бродов и до турските аеродроми и пристаништа.

Ердоган наведе дека се откажува и планираната средба за економска соработка меѓу Турција и Франција, додавајќи дека ќе следат и други мерки.

Турскиот премиер го оцени законот како расистички, дискриминирачки и ксенофобски.

- Ние немаме геноцид во нашата истроија. Ние ќе раскажеме за француските суровости кои беа заборавени, посочи Ердоган.

Француското Национално собрание околу пладне го одобри законот со кој се казнува одрекувањето на тоа дека врз Ерменците е извршен геноцид од страна на Турците за време на Првата светска војна.

Законот предвидува казна од една година затвор и парична казна од 45.000 евра за одрекување на геноцид, вклучително и ерменскиот геноцид од 1915 година. Законот за да стапи во сила треба да биде изгласан и од Сенатот.

Ерменскиот геноцид е веќе признат во Франција со закон од 2001 година.
Според Ерменија за време на Отоманската империја во периодот 1915-1917 година биле убиени 1,5 милиони Ерменци. Турција тврди дека таа бројка е меѓу 250.000 и 500.000 и категорично отфрла теза за геноцид.
Извор: http://www.kurir.mk/svet/vesti/54532-Turcija-gi-prekina-site-kontakti-so-Francija


Интересно, Турција со овој потег се одлучува да се откаже од сопствената иднина во ЕУ. Подготвуваат некои мерки на реципроцитет кон Франција со кои ќе ги осудат француското владеење во афричките колонии и економско ембарго.




Епа турција може комотно да не рачуна на влез во ЕУ а,богами незнам кој им се веќе сојузници со сите се закачија, со грците не сакаат да се видат, со израелитите очите ќе си ги исповадат, со русите последен пат се поштувале пред 1000 години( али по руско турската војна , и поразот на турција,отиде и ова пријателство у к*р*ц) , па сеа еве и со французите, уште со германците и англичаните остана и, турција ќе ја избркаат од нато !:tapp:
 
Турција може нема право да негира геноцид на ерменците ама има право да се брани од двојните стандарди кои ги имаат земјите што ги обвинуваат а и тие го правеле тоа во историјата. Но како и секогаш во политиката, нападни го другиот за работите кои и ти си ги правел.
 
Точно .Македонија нема толкава економска ниту пак регионална моќ па затоа неможеш да очекуваш некој наш политичар без разлика кој и да е да има такви ставови.Турција е сила ние сме доминирани од големите сили.
Се слагам дека Турција е фактор во регионот, и пошироко земајќи го во предвид и Турското влијание кое на исток оди преку турските држави преку Казахстан до Кина, а преку Ујгурите и во Кина. А на исток оди преку Мамелучкото влијание све до Мароко.

Но имајте во предвид дека на истокот се случи арабската пролет (сесрдно подржана од Европа), вахаби влијанието повторно се враќа насекаде во северна Африка, додека на истокот во Турските држави сеуште се осеќа кирилицата.

Така да искрено незнам од каде сила и памет на Ердоан да игра волку хазардерски, Дали мисли да прави нова Турска револуција или нова Отоманска Империја, ќе покаже времето, но мислам дека картите не играат во корист на Турција во овој момент.

Колку и да не го сакаме западот или Грција, во моментов незнам колку би било паметно да застанеме на страната на Турција во една харикири политичка игра.
 
Џабе што гласаа, во сенатот нема да се гласа, а иначе дека има геноцид има тоа е факт, ама јас мислам, а и така се коментира од француските експерти,дека французите во сенатот нема да гласат, а тука е клучната одлука, едноставно ќе попуштат, ова било само една политичка игра за да се добие гласови,во Франција ќе имало избори.. Како и да е јас се чудам како турците се толку големи идиоти,да негираат нешто што е вистина..
и Турците се како Германците, имаат доста крвави истории.

А зошто нема да се гласа? Дали знаеш?? Затоа што Турција е голема воeна сила,и економски гигант, и плус се во НАТО, а ем башка што Турција е мост каде што се поврзува со Европа и Азија, така да не верувам САД и Велика Британија да застанат на страната на Франција и други европски педери,кога е во прашање Турција,а и французите не се будали да ги влошат односите со Турција,заради тоа и јас мислам дека нема да се гласа кога ќе има сенат.

А како второ, и Грците имаат направено геноцид врз Македонците, заради тоа не продавај ум на некому..
 
Моментално ке се мери кој има поголем Вашингтонски споменик за понатаму не знам . Законот колку што знам уште не е изгласан а мислам и нема да се изгласа , но во Франција има голем број на луге со Ерменско потекло па така да мислам дека е ова начин за да се придобијат за гласање
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Моментално ке се мери кој има поголем Вашингтонски споменик за понатаму не знам . Законот колку што знам уште не е изгласан а мислам и нема да се изгласа , но во Франција има голем број на луге со Ерменско потекло па така да мислам дека е ова начин за да се придобијат за гласање

Токму така, се е игра, политиката е курва.:tapp:
 
1.5 милиони Ерменци беа убиени, а ти се замараш со ова. Браво, прав муслиман/христијан/што и да си, човек со многу јаки морални вредности.
p.s. Геноцидот врз Евреите Хитлер го оправдал токму со Ерменскиот геноцид, велејќи - кој се сеќава на Ерменскиот масакр денес?
--- надополнето: 23 декември 2011 во 07:14 ---

И Хитлер и Милошевич имаа исти цврсти ставови, а слушам и Пол Пот не бил нешто подоле.

Дали јас реков дека ги оправдувам масакрите? НЕ.

Јас не навлегувам во тоа дали имал или немал, а сите знаеме дека имал, но кој кур е Франција да донесува такви закони? Кога и самата има направено масакри низ Афричките земји?
 
Какви цврсти ставови има Ердоган тоа е чудо.
па така и треба. и алал да му е за тоа. барем не е врти капа ко сите останати. денеска едно утре друго. и замисли колку е тоа прво логички второ срамно и понижувачки некој да донесе закон со кој ви ти акнал казна ако не размислуваш како него.

Законот предвидува казна од една година затвор и парична казна од 45.000 евра за одрекување на геноцид, вклучително и ерменскиот геноцид од 1915 година. Законот за да стапи во сила треба да биде изгласан и од Сенатот.

некој фактички ти наложува дека мора да размислуваш како него. глупости у боја !
--- надополнето: 23 декември 2011 во 13:52 ---
Дали јас реков дека ги оправдувам масакрите? НЕ.

Јас не навлегувам во тоа дали имал или немал, а сите знаеме дека имал, но кој кур е Франција да донесува такви закони? Кога и самата има направено масакри низ Афричките земји?
ова ретко кој го знае т.е намерно го забораваат па изиграваат болни мајмуни. у превод ова ти е исто ко да ти судам ја тебе дека си убил човек а притоа не кажувам дека истото и јас сум го створил!
 
Турциа ке и пр'дне на стапо на Франциа.
Франциа економски не зависи од Тр, а Тр повеке зависи од Франциа
 
Да ве подсетам само, дека во Илинденскиот и пост-Илинденскиот период, Ерменците биле едни од главните подржувачи на Македонското револуционерно движење за слобода. Оружјето што го користеле Македонските комити било набавувано и носено од Ерменци, кои притоа многу ризикувале, а некои од нив и го изгубиле животот. Ерменците рамо до рамо со Македонците учествувале во атентатот на султанот во 1905.

Без разлика на нашите моментални блиски односи со Турција, да прескокнеш традиционално долговековно пријателство со Ерменците, со негирање на еден од најголемите егзодуси во 20 век, нешто што ни се има случено и нас е во најмала рака невкусно и далеку од солидарност. Ерменците заслужиле многу повеќе почит. И дефинитвно признанието на Турците ништо нема да ги чини, а ќе значи многу за стабилизација на регионот.
 
значи турциве може да заклучиме дека не се "мажи" па добро бе мајката германија како си признава да геноцид праевме мушки овие лингури нез шо се криат и така поминало одамна тоа ...
 
Највише го поштуам чоеков...
лидер у права смисла на зборот..
 
значи турциве може да заклучиме дека не се "мажи" па добро бе мајката германија како си признава да геноцид праевме мушки овие лингури нез шо се криат и така поминало одамна тоа ...

Се вадат на тоа дека имало ''губиток'' и од двете страни
 
Се вадат на тоа дека имало ''губиток'' и од двете страни
... абе ајде глупости направиле геноцид направиле не го направил ердоган лично шо се петелчи толку ... одбивни ми стануваат турциве
 
Се вадат на тоа дека имало ''губиток'' и од двете страни
Во втора светска војна имало 16 милиони Германски жртви ми се чини, па пак го признале егодусот што го направиле спрема Евреите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom