Преместување на Турските Серии после 00 h?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба да се помести времето на Турски Серии?

  • Би требало да се емитуваат после 00 h .

    Гласови: 43 84,3%
  • Добро си е и вака.

    Гласови: 8 15,7%

  • Вкупно гласачи
    51
Не сум фан на серииве, напротив, ама не е во нив коренот на проблемот. Родителите се виновни, никој друг.
ај пер те молам објасни ми зашто го гледаш проблемот кај родителите. демек ти на 15 16 годишно дете ке му забраниш да гледа турска серија или било шо на телевизија? те молам....

П.С колку и да ги мразам серииве особено шпанскиве и турскиве едноставно нема теоретска шанса да ги преместат после 00 зашто им се на ударен период и баш нив кога ги даваат цената на рекламите оди во облаци. да не праам муабет за оние реклами што се појавуваат додека трае филмот ( оние во долниот дел од екранот ). + телевизииве ( кАнал 5 и ШитТел ) ке се побунат ОДМА !
 
ај пер те молам објасни ми зашто го гледаш проблемот кај родителите. демек ти на 15 16 годишно дете ке му забраниш да гледа турска серија или било шо на телевизија? те молам....
Нема да му забраниш, ама можеш да му објасниш дека тоа е серија и дека не е реална. И дека ако мафта со нож низ град може да налета на некоја будала што ќе му го забие ножот во г... Дека не може да биде Полат. Нели? :)
 
види... тоа секој го знае. ама си влагаат ептен у филмови ама ептен ептен! а ја сум сигурен дека сте се свесни дека полат е само на филм! дури и реална мафија не е таква ко на филм шо ја прикажуваат. пред се ја мислам дека зависи од карактерот на самото дете што ке гледа на филм и како тоа ке го прифати. зашто ти или ја не земеме да се филмаме дека можеме да изиграваме полат низ скопјево? мене не ми забранија да гледам турски серии верувам ни тебе никој не ти забранил. сепак сам знаеш што чини а што не.
и да.. кривицата е и кај телевизиите до некаде.
1. ги даваат у термин кога е и старо и младо пред телевизор.
2. не ги боли таквото за последиците од сериите кои ги даваа ( гледаат само за у џеб )
 
Да ми седи мајками и после 12 часот будна. Ма нема шанси бре...
 
Ја памтам едно време ја даваа серијата Lost и се емитуваше во 00:30 мин. ама седев и ја гледав, значи доколку сакаат да гледаат серии можат да гледаат и во доцните часеви ама мора некако да се профитира од турскиве серии, шо е тоа е :)
 
види... тоа секој го знае. ама си влагаат ептен у филмови ама ептен ептен! а ја сум сигурен дека сте се свесни дека полат е само на филм! дури и реална мафија не е таква ко на филм шо ја прикажуваат. пред се ја мислам дека зависи од карактерот на самото дете што ке гледа на филм и како тоа ке го прифати. зашто ти или ја не земеме да се филмаме дека можеме да изиграваме полат низ скопјево? мене не ми забранија да гледам турски серии верувам ни тебе никој не ти забранил. сепак сам знаеш што чини а што не.
Јас мислам дека за жал голем дел од децава не сфаќаат дека тоа е само филм. За жал. И на крај дознаваат на потешкиот начин. ТВ куќите, особено приватните, многу логично си го гледаат профитот. Тоа можам да го разберам. Не можам да разберам како родителите не ги интресира за тоа како се однесуваат нивните деца додека не се случи глупост.
 
првиот болд. значи децава со еден збор се глупави? треба да бидеш стварно глуп за да не го сватиш тоа или евентуално со сила да се правиш будала.

вториот болд. кога они ја претеруваат треба да реагира некој од радио дифузија.. не е за џабе забранета серијава у некои држави нели.

трет болд. да сме жиив и здрави ке ги видиме и нашите деца како се однесуваат. знам многу примери каде што децата дома се лизни мазни а надвор од врата се поинакви за 360 степени. затоа само бог да те чува и тебе и мене и сите други од вакви невоспитани дечишта.
 
Нека бидат после 00:00 така сите поретко (скоро ич) нема да ги гледаат и нема да се труе народов со ефтини срање/филмови.
 
Колку е лесно вината да префрлиш на филмови. Или што било. Криминалот - турските серии.
Курвалукот - фејсбукот.
Како пред турските серии да немаше вакви сцени, или пак пред фејсбукот/интернетот да немаше попалени тинејџерки кои сакаа да си ги стават цицките на излог.
Имаше, само немаше каде :)

Така и за сериите...оти бе вие кои гледате турски серии не сте заклале некого до сега?

Јас пак чуди се од каде олку правници во државава... тие Ал Пачино го гледале... :)
 
Ал Пачино, Кевин Спејси, Ентони Хопкинс и еден куп актери од акциони и хорор филмови треба многу да им замерат на градските советници.
И да не го заборавам Срџан Драгојевиќ кој најмногу треба да им замери.
 
Пуно од вас сте гледале и Том и Џери ко мали па сигурно не сте се бркале со сатари или па сте се заклучувале по фрижидери. :)
 
Нема зашто да ги преместат затоа што пред секоја епизода пишува од која категорија е, така што ако едно 7 годишно дете гледа долина на волците тогаш неговите родители се криви за тоа а не телевизијата на која се емитува.
 
Сите други таму некаде се криви а грешката никој не ја бара кај себе си.Криви се тие што ги носат овие глупости наместо да вложат во нашите брилијанти актери да создадат некоја серија.Родителите се следни на листата.Таткото седи со малолетниот син и му вика браво бе синко мој како полат си мажиште.И после истите овие деца ќе вртат телефони по гимназиите да пријавуваат бомби со цел да одложат тестови.
 
Сите серии што се со македонска синхронизација може слободно да ги преместат у ниедно време, јас англискиот јазик го учев како детуле пред TV од филмови и серии без синхронизација, толку жаргони, фрази, пцовки запамтив и точно знаев што значат, а не сеа со глупа синхронизација да се чудам како ли може толку убава цура да има толку рапав глас, а некоја бабетина да звучи ко моја колешка од факс.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom