Интуицијата и природните науки

  • Креатор на темата Креатор на темата Кнез Мишкин
  • Време на започнување Време на започнување
К

Кнез Мишкин

Гостин
Интуицијата е многу корисна во науката. Сигурно сте слушале некој курс по физика, хемија во средно или на факултет и сигурно сте имале многу „аха“ моменти додека сте учеле некоја лекција или подготвувале испит. Некогаш без да прочитате нешто, претходно знаете како би се одвивал процесот или што е целта на феноменот.

На пример, во термодинамиката, топлината т.е. енергијата се пренесува од тело со повисока температура на тело кое се наоѓа на пониска температура, тоа е очигледно без да се изведуваат еден куп равенки, без никакви сложени математички операции. Ова уште во литература се сретнува како интуитивно согледување на некој феномен. Секако интуитивното согледување не е доволно за науката, тоа согледување мора да биде поткрепено со соодветни математички формулации.

Друг пример, дифузија. За да постои дифузија мора да постои некој градиент на концентрацијата, макроскопски се вели: постои разлика меѓу хемиските потенцијали, најпросто во науката со изведување на соодветни равенства доаѓаме до заклучок дека дифузијата се одвива од систем каде што концентрацијата на честичките е поголема кон место со помала концентрација на честичките. Но и без изведувања, ние можеме т.е. интуитивно претпоставуваме дека дифузијата би се одвивала од место со повисока кон место со пониска концентрација.

Интересно е, колку е лесно интуитивно да се согледаат некои работи во науката, но и ова согледување на некој начин наидува на граници, тоа е возможно само доколку сакаме да опишеме некој макроскопски феномен или макроскопско својство, додека во микросветот логиката не би можеле да ја земеме одеднаш, априори (без претходно согледување).

Секако работите во квантната механика се поинакви од класичната наука, но во поголем број случаи концептот на размислување не е многу различен, но е многу покомплексен.

Интуицијата се дефинира како способност за спонтано спознавање без многу психички напор.

Дали Вие сте имале вакви моменти и колку ја користите интуицијата за решавање на некои научни проблеми*? Како со помош на интуицијата сте дошле до одговорот на некој проблем?

*Научни проблеми, не треба да сфатите дека морате да дискутирате на високо ниво или за некои сложени феномени.
 
Ако си имал аха моменти тоа е зашто некаде претходно си го слушнал тоа или со помош на претходното знаење логички си дошол до некој очигледен заклучок.
Ако нешто, без разлика дали е наука или секојдневен живот, си го открил пред официјално да го дознаеш како факт, тоа навистина си го открил, и некој друг пред тебе исто како тебе го открил и го докажал, тоа што и тебе истото ти текнало не значи нешто надприродно, туку е доказ за сличноста на процесот на размислување на луѓето, едноставно текот на мислите и настаните бил сличен кај тебе како и кај тој што официјално прв го открил и докажал и довело да дојдеш до ист заклучок.
И тоа не се вика интуиција, туку логика.
 
Искрено, мислам дека овдека не се работи за интуиција туку за проста логика, барем од тоа што го објасни на што се однесува твоето мислење...
 
Гледав пред некоја година документарец за когнитивните способности на приматите, ја мереа краткорочната и долгорочна меморија , колку време можат да останат фокусирани на некоја задача и слично. Заклучокот во емисијата беше дека ова што Ед. го збори е клучниот момент зошто едни примати останале на гранка, а едни малку поинакви примати изградиле цивилизација. Мајмуните, за разлика од нас, немаат интуитивен осет за физика. Значи збориме за некаква проста механика.
Направија една справа каде мајмунот треба да помрдне една рачка за да се ослободи банана од затворен сад и падне на земја. Долго време не му беше јасно како да стигне до бананата , за на крај да му покажат што треба да направи. Е тогаш му тргна. Научи во конкретниот случај што треба да направи за да добие храна , ама никогаш нема да сфати како функционира таа направа.
Ме изненади кога чув дека имаат подобра краткорочна меморија од луѓето, дури знаат да прават едноставни алати, ама кога станува збор за физика немаат поим.
 
Интуиција и наука не одат заедно.

Не е тоа уметност или филозофија уз кафе па да оди со интуиција и фантазирање.
 
Интуиција е као нешто кога женската го бира мажот за пари и на крај сфаќа дека е дебил а наука ти е кога мажот сфаќа дека жената не може да ја задоволи со пари па си бара друга.

Јака компарација а?
 
Интуиција и наука не одат заедно.

Не е тоа уметност или филозофија уз кафе па да оди со интуиција и фантазирање.


Па не би рекол, иако интуицијата е субјективна работа, не може да се измери и квантизира, но сепак интуицијата и науката се неразделни. Дури и А. Ајштајн рекол дека интуицијата е единственото нешто што има вистинска вредност.
 
Интуицијата е добра за "овој свет" во кој живееме, каде важат нутновите закони. Таа паѓа на микро и макро ниво иако може одредени работи во одредени ситуации да се апроксимираат па да ни бидат интуитивно јасни, да се поврзат со нешто кое ни е познато и таа слика доволно добро да го опише нашиот проблем.
 
Па не би рекол, иако интуицијата е субјективна работа, не може да се измери и квантизира, но сепак интуицијата и науката се неразделни. Дури и А. Ајштајн рекол дека интуицијата е единственото нешто што има вистинска вредност.
Болдот е чиста контрадикција. Науката единствено функционира преку методи на мерење, експериментирање и докажување, додека интуицијата, како што и самиот си кажа неможе ниту да се измери, ниту да се опсервира со некој општо познат научен метод.
Интуицијата е претчуство.....согледување на некој иден настан кој треба да се случи, и таа е неспоива со науката, од проста причина што неможе да се измери, локализира или да се поврзе со причинско - последичките принципи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom