Мухамед Али (Cassius Clay)

  • Креатор на темата Креатор на темата Kalap Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Гринго, и јас имам разбрано дека Али упатил доста навреди, но дали само кон еден боксер или кон сите ? Како што имам разбрано, еден од неговите противници (Џо Фрејзер мислам беше), го нарекувал али Касиус Клеј, иако Али имал изјавено дека тоа е неговото робовско име и дека не сака повеќе така да биде нарекуван. Дали Али тие навреди и лиши зборови ги упатил само кон Фрејзер (или некој друг боксер ако бил), или пак така арогантно се однесувал на сите борби, со сите противници ? Како што имам забележано, скоро во сите борби, Али боксува - не зборува :/...

па добро, навредите се и дел од тактиката, очигледно за тоа бил мајстор, ама мене ми го смени мислењето фактот што противникот (не знам дали Фрејзер бил) силно се залагал Али да ја добие дозволата назад за да може да боксува, како најголем пријател, а овој така му вратил ... имаше изјава од тој боксер длабоко вознемирен од изјавите на Али ... мислам дека после некое време имало обид за извинување, ама ... не праам муабет дали бил најдобар, праам муабет за карактер ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom