Мобимак го објави ребрендирањето во Т Мобил
Мобилниот оператор Мобимак денеска го објави ребрендирањето во Т Мобил.
Ребрендирањето , што започна со одлука на Бордот на директори на компанијата, е планирано да заврши на почетокот на септември годинава. Со ова Мобимак заедно со своите корисници, станува дел од семејство на Т-Мобил, како една од најголемите мобилни заедници во светот со речиси 88 милиони корисници.
„Со Т-Мобил, силен меѓународен бренд влегува на македонскиот пазар, ова е уште еден чекор кон интегрирањето на Македонија во меѓународната заедница. Доделувањето на Т Мобил брендот на македонска компанија создава обврска за Дојче Телеком и Т Мобил Интернешнл(ТМИ)“, рече Мајкл Гунтер член Бордот на директори на ТМИ.
Тој додаде дека во иднина корисниците на Мобимак ќе ги почувствуваат поволностите што се дел од меѓународната Т-Мобил групација, не само во сопствената држава , туку и кога ќе патуваат во странство.
Главниот извршен директор на Мобимак, Рубин Зарески, нагласи дека со ребрендирањето ќе се воведат сосема нови, европски стандарди како и нов и современ концепт во развојот на компанијата и нова култура во начинот на работење.
„Во претстојниот период корисниците ќе добијат уште повеќе поволности. како што се нови услуги, понуди на најсовремените мобилни телефони и подобрување на технологиите, за полесно користење на најновите услуги, рече Зарески.
Тој додаде дека влезот на брендот како Т-Мобил ќе ја стави Македонија на списокот на земји доволно стабилни за инвестиции.
Досега Т-Мобил е присутен Австрија, Словачка, Чешка, Германија, Хрватска, Унгарија, Холандија, Велика Британија, Полска, како и во САД.